Потрагата по маска која ќе ја подмлади Вашата кожа и ќе го запре времето и трагите кои тоа ги остава врз Вашата кожа завршува тука. Geske Маската за подмладување на лицето со екстракт од алое вера и хијалуронска киселина е правиот избор за секој кој што е во потрага по луксузна и проверена нега за својата кожа.
Подарете му на Вашето лице дел од луксузот со Geske Маска за подмладување на лицето која благодарение на својата уникатна формула волшебно ги брише знаците на стареење од Вашето лице и длабински ја потхранува и хидратира кожата. Првенствено е дизајнирана да се употребува во комбинација со револуционерната GESKE Sonic Warm & Cool маска за лице, со која за миг Вашата кожа е потхранета и подмладена.
Geske Маската за подмладување на лице е збогатена со скапоцени состојки специфични за потребите на зрелата кожа како алое вера, хијалуронска киселина и витамини С и Е. Заедно, овие докажани состојки имаат anti-age и потхранувачки ефект врз Вашата кожа, ги измазнуваат брчките и фините линии, го изедначуваат и подобруваат тенот, ја враќаат еластичноста и мекоста на кожата. Резултатот од третманот е кожа со подобрена еластичност и измазнети брчки и фини линии со здрав и младешки сјај.
Начин на употреба: Нанесете обилно од маската врз добро исчистено лице и врат, оставете да делува и отстранете го вишокот. За најдобри резултати употребувајте ја Geske Маска за подмладување на лицето со GESKE Sonic Warm & Cool Mask | 9 in 1. Така не само што ќе користите една од најмодерните технологии за убавина, туку и ќе го скратите и поедноставите процесот на нанесување, апсорпција и чистење на маската. За полесна употреба искористете ги придобивките од Вештачката интелегенција и креирајте ја Вашата персонализирана дневна рутина преку бесплатната револуционерна апликација на GESKE.
Совет за убавина: За да го извлечете максимумот од производот, симнете ја апликацијата на GESKE German Beauty Tech која ги користи придобивките на AI технологијата , и преку неа веднаш можете да ја скенирате Вашата кожа. Добиените резултати ќе можете да ги искористите за да генерирате персонализирана рутина за нега на Вашата кожа. Оваа апликација можете да ја користите и за да гледате разни видеа посветени на апарати за убавина на GESKE со совети од голем број експерти од областа на убавината и козметологијата.
Пакување: 50 ml
INCI: AQUA, HELIANTHUS ANNUUS SEED OIL, KAOLIN, CAPRYLIC/CAPRIC TRIGLYCERIDE, GLYCERYL STEARATE CITRATE, GLYCERIN, ISOPROPYL PALMITATE, CETEARYL ALCOHOL, DICAPRYLYL ETHER, GLYCERYL STEARATE, CETYL PALMITATE, SORBITOL, OCTYLDODECANOL, BUTYROSPERMUM PARKII BUTTER, ARGANIA SPINOSA KERNEL OIL, ALOE BARBADENSIS LEAF JUICE POWDER, BETA-CAROTENE, RETINYL PALMITATE, SODIUM HYALURONATE, TOCOPHERYL ACETATE, ZINC PCA, XANTHAN GUM, ALCOHOL, ASCORBIC ACID, ASCORBYL PALMITATE, ETHYLHEXYLGLYCERIN, TETRASODIUM GLUTAMATE DIACETATE, TOCOPHEROL, CITRIC ACID, SODIUM HYDROXIDE, BENZOIC ACID, DEHYDROACETIC ACID, PHENOXYETHANOL, PARFUM, BENZYL SALICYLATE.
Geske Маската за подмладување на лице е специјално дизајнирана да се употребува со Geske Warm&Cool маската за лице со сонична технологија 9 во 1:
Овој производ нема коментари.