Компактен и ефикасен – Lip Volumizer & Booster 4 во 1 ги освојува сите кои се во потрага по природен начин на зголемување на обемот на усните. Со овој производ загарантирано на природен начин и за само неколку секунди ќе можете да уживате во усни полни со волумен кои мамат бакнежи. Дизајниран е да обезбеди беспрекорна нега, а уникатниот дизајн дозволува да го носите и употребувате насекаде каде што одите.
Професионалните дерматолошки третмани се недостижни за многумина. Причините секогаш се различни – недостаток на време, пари и сл. Целта и мисијата на германската компанија Geske е да создаде производи со ергономски дизајн и со употреба на најнапредните технологии поддржани од науката достапни за секого со кои ќе го вратите совршенството со кое сте родени.
GESKE Lip Volumizer & Booster 4 во 1 е наменет за:
- Секојдневно природно зголемување на волуменот на усните
- Измазнување и хидратација на усните
- Anti-age ефект и измазнување на фините линии околу устата
Придобивки од GESKE Lip Volumizer & Booster 4 во 1:
- На природен начин го зголемува волуменот на Вашите усни за само неколку секунди
- Ефикасно ја измазнува кожата на усните
- Ја намалува појавата на фини линии
- Ја потикнува природната регенерација на кожата на усните
- Со 3-во-1 ефект: ги измазнува, исполнува усните и ја враќа нивната природна боја
- Наменет е за сите типови на кожа
GESKE Lip Volumizer & Booster 4 во 1 ја стимулира микроциркулацијата и на тој начин се обезбедува свеж и полн изглед на Вашите усни. Нежно ги отстранува мртвите клетки од кожата на усните, ја забрзува регенерацијата и придонесува за изедначување и враќање на нивната природна боја.
Geske Lip Volumizer & Booster 4 во 1 има 4 патентирани технологии:
- Ultra Volume Technology – благодарение на вакумот кој го создава овој магичен апарат за миг на природен начин се зголемува волуменот на усните и се потикнуваат нејзините природни регенеративни процеси, со што Вашите усни изгледаат попривлечно и подмладено.
- Targeted Instant Lip Volumizing – благодарение на оваа технологија која прецизно ги таргетира усните и овозможува зголемување на нивниот волумен, Вашите усни во текот на целиот ден ќе изгледаат поисполнето и естетски привлечно.
- Natural Lip Color Revitalizing – револуционерна технологија со која за миг се враќа интензивната природна боја на кожата на Вашите усни
- Skin Scan & Personal Routine Guide – со апликацијата која ги користи придобивките од AI технологијата, можете за миг да ја скенирате Вашата кожа и да ја добиете најдобрата персонализирана дневна рутина, која во целост одговара со потребите на Вашата кожа.
Совет за убавина: За постигнување на најдобри резултати, употребувајте го заедно со козметичките средства за нега на лице од серијата GESKE.
Овој производ нема коментари.