Заборавете на митесерите и флеките кои Ве мачат и ја кријат Вашата убавина! Благодарение на Geske Апаратот за микродермоабразија 7 во 1 порите на Вашето лице ќе бидат длабински исчистени од сите нечистотии. Овој револуционерен апарат нуди најефикасна рутина за Вашето лице користејќи ги придобивките од микродермоабразијата, односно механичкото отстранување на површинските изумрени слоеви на кожата, со помош на сонда со вакум, при што во исто време се врши и вакум масажа која допринесува за подобро чистење на лицето, подобрување на циркулацијата и лимфна дренажа. Се постигнува раст на нови клетки во базалниот слој на кожата. Микродермоабразиjата е ефикасна кај сите типови кожи, а особено кај тие што имаат пеги, лузни, брчки, за да се изедначи тенот на лицето, да се подобри состојбата на безживотната сива кожа (пр. кај пушачи), или кожа која е оштетена од сонцето. Микродермоабразијата е идеална кај жени со проблематична кожа, склона на акни, со проширени пори и мали лузни.
Со апаратот Geske Апаратот за микродермоабразија 7 во 1 се обезбедува персонализиран третман за нега на вашата кожа, кој е безбеден и не предизвикува инфекции.
Geske Апаратот за микродермоабразија на лице и вадење на митесери 7 во 1 е награден со многу светски престижни награди, меѓу кои престижните награди German Design Award Winner 2024, German Design Award Winner 2023, CES Inovation Award 2023, ELLE No.1 Beauty Innovation и др.
Благодарение на Geske Апаратот за микродермоабразија 7 во 1 можете да уживате во професионален дерматолошки третман во удобноста на Вашиот дом и за кратко време ќе постигнете блескави резултати. Сите нечистотии и маснотии кои се натрупани во Вашите пори како со магнет ќе бидат длабински извлечени и исчистени, а Вашето лице ќе биде совршено чисто и со изедначен тен.
Geske Апаратот за микродермоабразија 7 во 1 ги штеди Вашето време и пари и е Вашата најдобра инвестиција за совршена и луксузна нега на Вашето лице. Таа е целосно решение за здрава кожа и ги комбинира најновите светски технологии со кои Вие ја скратувате рутината и вложените напори за негување на кожата.
Geske Апаратот за микродермоабразија 7 во 1 е направена за:
- Остранување на сувите и мртви клетки од кожата на Вашето лице
- За забрзување на микроциркулацијата на кожата на Вашето лице
- За стимулирање на создавање на колаген и еластин и затегнување и зацврстување на кожата на Вашето лице
- За подмладен и здрав изглед на кожата на Вашето лице
- За засилување на Вашата Anti-age дневна рутина
- Одговара на сите типови на кожа
Придобивки од Geske Апаратот за микродермоабразија на лице и вадење на митесери 7 во 1:
- Универзално луксузно решение за најдоброто спа искуство каде и да посакате (дома, на работа, на патување, во авион).
- Специјално дизајнирана и намената да ги задоволи сите потреби на Вашата кожа
- Со ергономски дизајн за лесна употреба
- 7 различни третмани за постигнување на најдобрите можни резултати.
GESKE Апаратот за микродермоабразија на лице и вадење на митесери 7 во 1 има интегрирано 7 патентирани различни функции:
- Red Light Active Regeneration Technology – благодарение на ефектот од фототерапијата, црвената светлина продира и во најдолните слоеви на епидермисот и стимулира ултра длабинска регенерација на ниво на клетка.
- Skin Scan & Personal Routine Guide – благодарение на апликацијата која ги користи придобивките од AI технологијата, можете за миг да ја скенирате Вашата кожа и да ја добиете најдобрата персонализирана дневна рутина, која во целост одговара со потребите на Вашата кожа.
- Cell Renewal System – целенасочено дејство врз ревиталицазија на клетките на кожата благодарение на 3 различни силиконски вакум глави и 10 различни микроабразивни површини со различен интензитет на дејство.
- UltraSpin Exfoliation Technology – Технологија за ефикасно, нежно чистење на лицето и телото, совршено за вашата персонализирана рутина за нега на кожа со 5 различни интензитети.
- Skin Rejuvenation Technology – го стимулира производството на колаген, ги третира митесерите и ја намалува појавата на брчки и лузни.
- AirPulse Suction Deep Pore Cleansing – 5 различни нивоа на јачина на вакум за постигнување на максимално безбедни и најдобри резултати.
- MicroDermoabrasion Technology for Skin Impurities – овозможува механичко чистење на површинскиот слој на кожата, отстранување на оштетените и изумрени клетки од површинскиот епидерм и отворање на запушените пори со што на кожата и се овозможува полесно да дише.
За постигнување на најдобри резултати, употребувајте ја GESKE Апаратот за микродермоабразија на лице и вадење на митесери 7 во 1 во комбинација со козметичките производи за нега на лице од Geske кои совршено ја хидратираат и негуваат Вашата кожа и персонализираната апликација SmartAppGuided на Geske во која покрај Вашата дневна персонализирана рутина имате и многу едукативни видеа создадени од најдобрите експерти за нега на кожа за полесна употреба на производот.
Спецификации на GESKE Шпатулата за пилинг на лице и вадење на митесери со микроструја 9 во 1:
- Литиумска батерија Li-Ion 3.7V
- Водоотпорна IPX5
- Материјал ABS, PC, силикон, полиестер, акрил.
Внимание: GESKE Апаратот за микродермоабразија на лице и вадење на митесери 7 во 1 се препорачува да се употребува 1 – 2 пати неделно. Не се препорачува да го употребуваат лица со лузни од изгореници кои не се зараснати, недијагностицирани отворени рани, херпеси, брадавици, гнојни акни, розацеа, дијабет и автоимуни болести, како и кај луѓе со преосетлива кожа.
Овој производ нема коментари.