CANNABO Exclusive night cream Ноќна крема

(0 оценки и коментари)

760 ден

Достапност: Нема на залиха

Бесплатна достава!

ДЕТОКСИЦИРА – ЗАШТИТУВА – ХИДРИРА – РЕГЕНЕРИРА

Природен CBD има антиоксидативни својства, ги неутрализира слободните радикали и спречува предвремено стареење на кожата. Дополнително има противвоспалително и смирувачко дејство, со што ги намалува црвенилото, иритациите и оштетувањата на клетките.

24 каратно злато ја подобрува циркулацијата во кожата, ја поттикнува клеточната регенерација и создавањето на колаген и еластин.

Колаген делува против знаците на стареење, ги измазнува брчките, фините линии и ги редефинира контурите на лицето.

Хијалуронска киселина ја задржува влажноста на кожата, ги пополнува брчките и спречува создавање на нови.

Витамин Е ги штити епидермалните липиди, колагенските и еластинските влакна од штетните надворешни влијанија.

Витамин А ја намалува појавата на брчки и ја поттикнува регенерацијата на кожата.

Шеа путер ја смирува, измазнува и омекнува кожата.

Availability: outofstock
Бренд:Cannabo
Сподели:

Нема на залиха

СОСТАВ
50 ml CANNABO EXCLUSIVE night крем содржи природен екстракт од канабис кој обезбедува 50 mg CBD (Cannabidiol екстрахиран од растението коноп).

ШТО ПРЕТСТАВУВА CANNABO EXCLUSIVE night И ЗА ШТО СЕ УПОТРЕБУВА
Кожата на лицето е директно изложена на штетното влијание на надворешната средина. Изложеноста на УВ зраци, загаден воздух и други стресни фактори во текот на денот, доведува до создавање на слободни радикали кои го забрзуваат процесот на стареење на кожата и доведуваат до појава на брчки, намален тонус на кожата и променета текстура.
CANNABO EXCLUSIVE night e иновативна формулација која во совршени пропорции го комбинира канабидиолот (CBD) со 24-каратно злато, со колаген, хиjалуронска киселина, ретинол (витамин А), витамин Е и шеа путер.
CANNABO EXCLUSIVE night не содржи THC (9-delta tetrahydrocannabinol) односно содржи во количина под 0,2%.
CANNABO EXCLUSIVE night иновативната формулација со својот богат состав на хранливи материи е наменета за интензивен третман и ефикасна регенерација и подмладување на кожата. Канабидиолот (CBD) во CANNABO EXCLUSIVE night е природен екстракт добиен со суперкритична CO2 екстракција од растението коноп (канабис). CBD се врзува за соодветните рецептори на ендоканабиноидниот систем во површинскиот слој на кожата (епидермис), при што се постигнува противвоспалителен и смирувачки ефект. CBD има антиоксидативни својства, ги неутрализира слободните радикали и на тој начин ја зголемува отпорноста на кожата, го намалува губењето на влажноста и предвременото стареење на кожата. 24-каратното злато во состав на иновативната формулација ја подобрува циркулацијата на кожата, го поттикнува клеточниот метаболизам, ја стимулира клеточната регенерација, помага во создавањето на колаген и еластин, во осветлувањето и навлажнувањето на кожата, со што кожата се ревитализира, хидрира и се стекнува со мазна и сјајна текстура. Покрај тоа, 24 каратното злато може да има противвоспалително и смирувачко дејство. Колагенот делува против знаците на стареење со измазнување на брчките и фините линии, редефинирање на контурите и обезбедување повоедначен тен на кожата. Хиjалуронската киселина ја задржува влажноста на кожата, видливо ги пополнува брчките и спречува формирање на нови и кожата на допир е цврста и мазна и изгледа свежа и блескава. Витаминот А ја намалува појавата на брчки и го подобрува целокупниот изглед на кожата и е најактивен во текот на ноќта. Витаминот Е ги штити епидермалните липиди, како и колагенските и еластинските влакна на кожата од штетното влијание на околината и ја измазнува и омекнува кожата. Шеа путерот ја смирува, измазнува и омекнува кожата. CANNABO EXCLUSIVE night иновативната формулација со антиоксидативното и противвоспалителното дејство на CBD и 24-каратното злато, ја штити и детоксицира кожата на лицето, ја задржува нејзината влажност, ги измазнува брчките и ги зацврстува контурите на лицето. Дополнително, колагенот, хијалуронската киселина, витаминот А, витаминот Е и шеа путерот го засилуваат ефектот на кремот, со поттикнување на регенерација на епидермисот, интензивно хидрирање на кожата и обновување на кожата за време на спиењето, правејќи ја видливо измазнета, посјајна и со возобновен изглед.

ПОДАТОЦИ ЗА ПРАВИЛНА УПОТРЕБА
CANNABO EXCLUSIVE night ја штити кожата од негативните ефекти на атмосферските влијанија, овозможува интензивна детоксикација и подобро хидрирање на кожата во текот на ноќта, со што го обновува изгледот на кожата и кожата на лицето изгледа посветла, видливо измазнета, посјајна и со возобновен изглед.
Со редовна примена на CANNABO EXCLUSIVE night кожата станува сјајна и блескава.
Пред употреба кожата треба да се исчисти.
Нанесете мала количина од кремот на кожата на лицето со масирање. Користете го кремот навечер за да се постигне интензивно делување во текот на ноќта.
При употреба треба да се избегнува контакт со очи.

CANNABO EXCLUSIVE night е наменет само за надворешна употреба.

ПОДАТОЦИ КОИ ТРЕБА ДА СЕ ЗНААТ ПРЕД УПОТРЕБА
CANNABO EXCLUSIVE night кремот не треба да се употребува при пречувствителност на која било состојка на кремот.

ПАКУВАЊЕ
Кутија со стаклена тегла со капаче со 50 ml крем и Упатство за пациентот.

Овој производ нема коментари.

Бидете први и оценете го “CANNABO Exclusive night cream Ноќна крема”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Со секоја нарачка добивате ФИСКАЛНА СМЕТКА

Начини на плаќање

- На врата при достава во готово;

- На врата при достава со платежна картичка;

- Онлајн со платежна картичка (Visa, MasterCard). Трансакцијата при плаќање на производот е пренасочена и се процесира преку порталот за наплата од платежни картички на Халк Банка. Порталот ги користи сите организациски и најнови технички мерки за заштита на податоците и сите процеси се одвиваат преку сигурна конекција со банката.За секоја успешна нарачка и плаќање ќе ви биде испратена електронска потврда на вашата емаил адреса која сте ја оставиле за контакт. При испораката ќе добиете фискална сметка.

Достава

eVit.mk испорачува на територија на целата држава и има склучено договор за соработка со повеќе оператори за испорака на пратки. Нарачаните производи ќе Ви бидат испорачани до адресата која сте ја навеле како адреса за испорака.

Моменталната цена на испораката е транспарентно наведена како посебна ставка во вкупната сума при купувањето:

за сите нарачки во вкупен износ до 800ден. цената за достава на целата територија на државата изнесува 120 денари.

За плаќање при достава се наплаќа надомест од 30 денари

за сите нарачки во вкупен износ над 800ден. цената за достава на целата територија на државата изнесува 0,00 ден, односно доставата е бесплатна.

Испрораката се извршува на територијата на цела држава од понеделник до петок и тоа:

на територија на Скопје и околината:

Нареден работен ден – за сите нарачки кои ќе се извршат претходниот работен ден до 13:00 часот

На територија надвор од Скопје

1-2 работни денови.

Имајте во предвид дека во сабота и недела и на државни празници не испорачуваме поради тоа што и нашите добавувачи не работат, па така и ние ги користиме празниците и викендите да се релаксираме и празнуваме.

Доколку курирот кој ја врши испорака не успее да Ве најде на дадената адреса и да Ви ја предаде пратката, ќе Ви биде доставено писмено известување во електронска форма за направениот обид. Курирот ќе изврши втор обид за достава во истиот ден и доколку повторно не ве најде на дадената адреса ќе бидете контакитрани на телефонскиот број кој сте го оставиле за контакт. Од таа причина е многу важно при нарачката да оставите точни податоци и точен телефонски број. Истите се користат единствено при испораката.