CANNABO Exclusive for man Дневен крем за мажи

(0 оценки и коментари)

620 ден

Достапност: Нема на залиха

Бесплатна достава!

ДЕТОКСИЦИРА – ЗАШТИТУВА – ХИДРИРА – РЕГЕНЕРИРА

Природен CBD има антиоксидативни својства, ги неутрализира слободните радикали и спречува предвремено стареење на кожата. Дополнително има противвоспалително и смирувачко дејство, со што ги намалува црвенилото, иритациите и оштетувањата на клетките.

24 каратно злато ја подобрува циркулацијата во кожата, ја поттикнува клеточната регенерација и создавањето на колаген и еластин.

Колаген делува против знаците на стареење, ги измазнува брчките, фините линии и ги редефинира контурите на лицето.

Хијалуронска киселина ја задржува влажноста на кожата, ги пополнува брчките и спречува создавање на нови.

Витамин Е ги штити епидермалните липиди, колагенските и еластинските влакна од штетните надворешни влијанија.

Шеа путер ја смирува, измазнува и омекнува кожата.

Екстракт од рузмарин делува антиоксидативно и спречува оштетување на клетките.

Availability: outofstock
Бренд:Cannabo
Сподели:

Нема на залиха

СОСТАВ
50 ml CANNABO EXCLUSIVE for man крем содржи природен екстракт од канабис кој обезбедува 50 mg CBD (Cannabidiol екстрахиран од растението коноп).

ШТО ПРЕТСТАВУВА CANNABO EXCLUSIVE for man И ЗА ШТО СЕ УПОТРЕБУВА
Кожата на лицето на мажите е директно изложена на штетното влијание на надворешната средина и дополнително, на механичка иритација при секојдневното отстранување на влакната. Изложеноста на УВ зраци, загаден воздух, механичка иритација и други стресни фактори во текот на денот, доведува до иритирање на кожата, како и создавање на слободни радикали кои го забрзуваат процесот на стареење на кожата, појава на брчки и нарушување на текстурата на кожата.
CANNABO EXCLUSIVE for man e иновативна формулација која во совршени пропорции го комбинира канабидиолот (CBD) со 24-каратно злато, со екстракт од рузмарин, колаген, хиjалуронска киселина и витамин Е.
CANNABO EXCLUSIVE for man не содржи THC (9-delta tetrahydrocannabinol) односно содржи во количина под 0,2%.
CANNABO EXCLUSIVE for man, иновативната формулација со својот богат состав е наменета за интензивен третман и ефикасна регенерација, хидратација и нега на кожата кај мажи. Канабидиолот (CBD) во CANNABO EXCLUSIVE for man е природен екстракт добиен со суперкритична CO2 екстракција од растението коноп (канабис). CBD се врзува за соодветните рецептори на ендоканабиноидниот систем во површинскиот слој на кожата (епидермис), при што се постигнува противвоспалителен и смирувачки ефект. CBD има антиоксидативни својства, ги неутрализира слободните радикали и на тој начин ја зголемува отпорноста на кожата, го намалува губењето на влажноста и предвременото стареење на кожата. 24-каратното злато во состав на иновативната формулација ја подобрува циркулацијата на кожата, го поттикнува клеточниот метаболизам, ја стимулира клеточната регенерација, помага во создавањето на колаген и еластин, во избелувањето и навлажнувањето на кожата, со што кожата се ревитализира, хидрира и се стекнува со мазна и сјајна текстура. Покрај тоа, 24 каратното злато може да има противвоспалително и смирувачко дејство. Екстрактот од рузмарин содржи висока концентрација на фитофеноли и има антиоксидативни својства со кои се надополнува антиоксидативниот ефект на CBD и златниот прав и на тој начин може да се спречи оштетување на клетките и да се одложи процесот на стареење. Колагенот делува против знаците на стареење со измазнување на брчките и фините линии, редефинирање на контурите и обезбедување повоедначен тен на кожата. Хиjалуронската киселина ја задржува влажноста на кожата, видливо ги пополнува брчките и спречува формирање на нови и кожата на допир е цврста и мазна и изгледа свежа и блескава. Витаминот Е ги штити епидермалните липиди, како и колагенските и еластинските влакна на кожата од штетното влијание на околината. Исто така, витаминот Е заедно со шеа путерот ја смирува, измазнува и омекнува кожата, посебно по отстранување на влакната од лицето.
CANNABO EXCLUSIVE for man иновативната формулација со антиоксидативното и противвоспалителното дејство на CBD, на 24-каратното злато и екстрактот од рузмарин ја штити и детоксицира кожата на лицето, ја задржува нејзината влажност, ги измазнува брчките и ги зацврстува контурите на лицето. Дополнително, колагенот, хијалуронската киселина, витаминот Е и шеа путерот го засилуваат ефектот на кремот, со поттикнување на регенерација на епидермисот, со интензивно хидрирање, смирување и обновување на кожата, со што кожата добива измазнет и возобновен изглед.

ПОДАТОЦИ ЗА ПРАВИЛНА УПОТРЕБА
CANNABO EXCLUSIVE for man ја штити кожата од негативните ефекти на атмосферските влијанија и механичката иритација при секојдневното отстранување на влакната. Исто така, CANNABO EXCLUSIVE for man овозможува интензивна детоксикација, смирување и хидрирање на кожата.
Со редовна примена на CANNABO EXCLUSIVE for man, кожата на лицето станува мазна, мека, еластична и со видливо намалени траги на стареење.
Пред употреба кожата треба да се исчисти.
Нанесете мала количина од кремот на кожата на лицето со масирање. Користете го кремот наутро и во текот на денот, според Вашите потреби.
При употреба треба да се избегнува контакт со очи.

CANNABO EXCLUSIVE for man е наменет само за надворешна употреба.

ПОДАТОЦИ КОИ ТРЕБА ДА СЕ ЗНААТ ПРЕД УПОТРЕБА
CANNABO EXCLUSIVE for man кремот не треба да се употребува при пречувствителност на која било состојка на кремот.

ПАКУВАЊЕ
Кутија со стаклена тегла со капаче со 50 ml крем и Упатство за пациентот.

Овој производ нема коментари.

Бидете први и оценете го “CANNABO Exclusive for man Дневен крем за мажи”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Со секоја нарачка добивате ФИСКАЛНА СМЕТКА

Начини на плаќање

- На врата при достава во готово;

- На врата при достава со платежна картичка;

- Онлајн со платежна картичка (Visa, MasterCard). Трансакцијата при плаќање на производот е пренасочена и се процесира преку порталот за наплата од платежни картички на Халк Банка. Порталот ги користи сите организациски и најнови технички мерки за заштита на податоците и сите процеси се одвиваат преку сигурна конекција со банката.За секоја успешна нарачка и плаќање ќе ви биде испратена електронска потврда на вашата емаил адреса која сте ја оставиле за контакт. При испораката ќе добиете фискална сметка.

Достава

eVit.mk испорачува на територија на целата држава и има склучено договор за соработка со повеќе оператори за испорака на пратки. Нарачаните производи ќе Ви бидат испорачани до адресата која сте ја навеле како адреса за испорака.

Моменталната цена на испораката е транспарентно наведена како посебна ставка во вкупната сума при купувањето:

за сите нарачки во вкупен износ до 1500 ден. цената за достава на целата територија на државата изнесува 150 денари.

за сите нарачки во вкупен износ над 1500ден. цената за достава на целата територија на државата изнесува 0,00 ден, односно доставата е бесплатна.

Испрораката се извршува на територијата на цела држава од понеделник до петок и тоа:

1-3 работни денови.

Имајте во предвид дека во сабота и недела и на државни празници не испорачуваме поради тоа што и нашите добавувачи не работат, па така и ние ги користиме празниците и викендите да се релаксираме и празнуваме.

Доколку курирот кој ја врши испорака не успее да Ве најде на дадената адреса и да Ви ја предаде пратката, ќе Ви биде доставено писмено известување во електронска форма за направениот обид. Курирот ќе изврши втор обид за достава во истиот ден и доколку повторно не ве најде на дадената адреса ќе бидете контакитрани на телефонскиот број кој сте го оставиле за контакт. Од таа причина е многу важно при нарачката да оставите точни податоци и точен телефонски број. Истите се користат единствено при испораката.