CANNABO Дневна крема за лице

475 ден

Availability: Нема на залиха

ДЕТОКСИЦИРА-ЗАШТИТУВА-ХИДРИРА-РЕГЕНЕРИРА

Природен ЦБД кој ја навлажнува и смирува кожата, ја забрзува најзината регенерација и што е најважно ја штити од штетни надворешни влијанија (загадување и слободни радикали), со што спречува нејзино предвремено стареење.

Колаген најважен за одржување на младешкиот изглед. Ги измазнува борите и дава цврстина на кожата. Со редовна употреба ги зацврстува контурите на лицето и го враќа изгубениот тонус.

Хијалурон кој ја одржува влажноста на кожата, ги измазнува брчките и спречува создавање на нови. кожата. Употребуваме хијалурон (Hya Care fileer SL) со специјална формулација која овозможува најдобра абсорпција во кожата и максимален ефект.

Витамин Е ги штити епидермалните липиди, колагенските и еластинските влакна и ја омекнува кожата.

Пантенол – има навлажнувачки и смирувачки ефект, го намалува црвенилото и иритациите.

Availability: Нема на залиха
Сподели:
Brand:

Нема на залиха

СОСТАВ
50 ml CANNABO дневен крем содржи природен екстракт од канабис кој обезбедува 50 mg CBD (Cannabidiol екстрахиран од растението коноп).

ШТО ПРЕТСТАВУВА CANNABO дневен крем И ЗА ШТО СЕ УПОТРЕБУВА
CANNABO дневен крем содржи канабидиол (CBD), односно маслен екстракт од растението коноп добиен со суперкритична CO2 екстракција, со докажано отсуство на хербициди и пестициди.
CANNABO дневен крем не содржи THC (9-delta tetrahydrocannabinol) односно содржи во количина под 0,2%.
CBD се врзува за соодветните рецептори на ендоканабиноидниот систем во кожата и тоа на клетките од површинскиот слој на кожата (епидермис), при што се постигнува противвоспалителен и смирувачки ефект.
Кожата на лицето е директно изложена на штетното влијание на надворешната средина. Изложеноста на УВ зраци, загаден воздух и други стресни фактори во текот на денот, доведува до создавање на слободни радикали кои го забрзуваат процесот на стареење на кожата и доведуваат до појава на брчки, намален тонус на кожата и сува кожа. CBD има антиоксидативни својства, ги неутрализира слободните радикали и на тој начин ја зголемува отпорноста на кожата, го намалува губењето на влажноста и предвременото стареење на кожата.
CANNABO дневен крем со CBD, заради антиоксидативното дејство на CBD ја штити и детоксицира кожата на лицето, ја задржува нејзината влажност, ги измазнува брчките и ги зацврстува контурите на лицето. Со воведување на иновативна технологија и комбинирање на CBD и деликатната формулација збогатена со колаген и хиjалуронска киселина брзо се намалуваат недостатоците за постигнување на младешки изглед. Својствата на CBD гарантираат интензивно хидрирање на кожата и обезбедуваат хранливи материи во совршени пропорции.
CANNABO дневен крем претставува комбинација на CBD со колаген, хиjaлуронска киселина, витамин Е и пантенол. Колагенот делува против знаците на стареење со измазнување на брчките и фините линии, редефинирање на контурите и обезбедување повоедначен тен на кожата.
Хиjaлуронската киселина ја задржува влажноста на кожата, видливо ги пополнува брчките и спречува формирање на нови и кожата на допир е цврста и мазна и изгледа свежа и блескава.
Витаминот Е ги штити епидермалните липиди, како и колагенските и еластинските влакна на кожата од штетното влијание на околината. Пантенолот има навлажнувачки и смирувачки ефект, го намалува црвенилото и делува противвоспалително. Дополнителните состојки го засилуваат ефектот на кремот, со поттикнување на регенерација на епидермисот и корекција на недостатоците на кожата, во текот на денот.

ПОДАТОЦИ ЗА ПРАВИЛНА УПОТРЕБА
CANNABO дневен крем ја штити кожата од негативните ефекти на атмосферските влијанија, овозможува детоксикација и подобро хидрирање, ја смирува и ја измазнува кожата, ги намалува брчките и неправилностите, одржувајќи ја влажноста во текот на целиот ден.
Пред употреба, кожата треба да се исчисти.
Нанесете мала количина од кремот на кожата на лицето со масирање. Користете го кремот наутро и во текот на денот, според Вашите потреби.
При употреба, треба да се избегнува контакт со очи.
CANNABO дневен крем е наменет само за надворешна употреба.

ПОДАТОЦИ КОИ ТРЕБА ДА СЕ ЗНААТ ПРЕД УПОТРЕБА
CANNABO дневен крем не треба да се употребува при пречувствителност на која било состојка на
кремот.

ПАКУВАЊЕ
Кутија со туба со 50 ml крем и Упатство за пациентот.

Овој производ нема коментари.

Бидете први и оценете го “CANNABO Дневна крема за лице”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *