BIODERMA Sébium Pore refiner 30ml

(0 оценки и коментари)

990 ден

Достапност: На залиха

Бесплатна достава!

Дерматолошки корективен третман кој ги намалува порите и го изедначува тенот.

-Ги намалува проширените пори
-Ја подобрува текстурата на кожата
Го зачувува природниот сјај на кожата – Добра толеранција – Некомедогено – Добра основа за шминка

Шифра: 585
Availability: instock
Бренд:BIODERMA
Сподели:

Сите BIODERMA производи се формулирани во согласност со екобиолошките принципи, кои се во срцето на NAOS пристапот за почитување на кожата како екосистем и зачувување на нејзиното здравје, долготрајно.
Sébium Pore Refiner е специјално формулиран за намалување на појавата на проширени пори кај комбинирана до мрсна кожа:
– Ексклузивниот патентиран комплекс Fluidactiv™ биолошки го регулира квалитетот на себумот, спречува запушување на порите и превенира појава на неправилности.
– Агарна киселина, адстрингентна состојка, во комбинација со измазнувачка (кератолитичка) активна состојка ја подобрува текстурата на кожата и го зачувува нејзиниот природен сјај. – Прашоците за матирање го намалуваат сјајот.

УПОТРЕБА:

Наутро и/или навечер.

ЧЕКОР 1
Нанесете на кожа исчистена со Sébium Gel moussant или Sébium H2O.
ЧЕКОР 2
Нанесете го самостојно или 15 минути пред вашиот хидратантен крем на целото лице за мрсна кожа, или само на Т-зоната за комбинирана кожа: чело, нос, брада.
Ако проблемите продолжат, консултирајте се со вашиот доктор.

Една од последиците на комбинираната и мрсната кожа е појавата на проширени пори со различни големини.

Кога има вишок на себум, потешко се излачува и тоа води до проширување на порите. Повремено, може да се појават инфламирани акни и комедони. Генерално, проширените пори се најмногу застапени на лицето во пределот на Т-зоната (чело, нос, брада).

Тестирано под дерматолошки надзор
Ги затегнува порите
-28% помалку проширени пори по 15 минути
-50% помазна кожа по 15 минути

Брза апсорпција: 100%
Ги затегнува порите
-14% помалку проширени пори по 8 часа
-31% помазна кожа по 8 часа

Кожата не сјае до крајот на денот: 84%
Овој производ е формулиран според екобиолошкиот пристап на NAOS лабораториите. Во срцето на овој производ:

Fluidactiv™ патент
Промените во флуидноста на себумот можат да бидат одговорни за појава на неправилности на кожата. Овој патентиран комплекс се бори против згуснувањето и оксидирањето на себумот, со цел да не се запушат порите и да се минимизира ризикот од појава на акни. Овој патент од NAOS истражувачкиот центар е дизајниран во Aix-en-Provence и развиен во нашите лаборатории.

D.A.F. Патент
Надворешниот стрес може да ја направи кожата реактивна и чувствителна. Овој патентиран комплекс го зголемува прагот на толеранција на кожата – без оглед на типот на кожата – за да ја зајакне нејзината отпорност. Овој патент на NAOS истражувачкиот центар е дизајниран во Aix-en-Provence и развиен во нашите лаборатории.

Овој производ нема коментари.

Бидете први и оценете го “BIODERMA Sébium Pore refiner 30ml”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Со секоја нарачка добивате ФИСКАЛНА СМЕТКА

Начини на плаќање

- На врата при достава во готово;

- На врата при достава со платежна картичка;

- Онлајн со платежна картичка (Visa, MasterCard). Трансакцијата при плаќање на производот е пренасочена и се процесира преку порталот за наплата од платежни картички на Халк Банка. Порталот ги користи сите организациски и најнови технички мерки за заштита на податоците и сите процеси се одвиваат преку сигурна конекција со банката.За секоја успешна нарачка и плаќање ќе ви биде испратена електронска потврда на вашата емаил адреса која сте ја оставиле за контакт. При испораката ќе добиете фискална сметка.

Достава

eVit.mk испорачува на територија на целата држава и има склучено договор за соработка со повеќе оператори за испорака на пратки. Нарачаните производи ќе Ви бидат испорачани до адресата која сте ја навеле како адреса за испорака.

Моменталната цена на испораката е транспарентно наведена како посебна ставка во вкупната сума при купувањето:

за сите нарачки во вкупен износ до 1500 ден. цената за достава на целата територија на државата изнесува 150 денари.

за сите нарачки во вкупен износ над 1500ден. цената за достава на целата територија на државата изнесува 0,00 ден, односно доставата е бесплатна.

Испрораката се извршува на територијата на цела држава од понеделник до петок и тоа:

1-3 работни денови.

Имајте во предвид дека во сабота и недела и на државни празници не испорачуваме поради тоа што и нашите добавувачи не работат, па така и ние ги користиме празниците и викендите да се релаксираме и празнуваме.

Доколку курирот кој ја врши испорака не успее да Ве најде на дадената адреса и да Ви ја предаде пратката, ќе Ви биде доставено писмено известување во електронска форма за направениот обид. Курирот ќе изврши втор обид за достава во истиот ден и доколку повторно не ве најде на дадената адреса ќе бидете контакитрани на телефонскиот број кој сте го оставиле за контакт. Од таа причина е многу важно при нарачката да оставите точни податоци и точен телефонски број. Истите се користат единствено при испораката.