УПОТРЕБА:
Еднаш или двапати дневно
ЧЕКОР 1
Нанесете на кожа исчистена со Sébium Gel moussant или Sébium H2O.
ЧЕКОР 2
Нежно масирајте додека се апсорбира целосно.
Избегнувајте контакт со очите. Ако проблемите продолжат, консултирајте се со вашиот лекар. За кожа склона кон акни, се препорачува да се избегнува подолго изложување на сончева светлина.
Акните се чест проблем на кожата кои се манифестираат како воспаление и митесери. Најчесто се јавуваат кај адолесценти, но ги погодува и возрасните лица.
Причините за појава на акни се различни: сè започнува поради зголемената секреција на себум, што резултира со појава на мрсна и сјајна кожа. Кожата склона кон акни има и нерамнотежа во составот на себум. Комбинацијата на овие фактори доведува до појава на митисери и воспалителни лезии.
Секојдневието со акни не е лесно бидејќи тие се најконцентрирани во областа на лицето! Акните, исто така, имаат силно психолошко и социолошко влијание ако не се третираат правилно, или ако воопшто не се лекуваат. Затоа, од суштинско значење е да се третира оваа патологија со долгорочни третмани со цел да се подобри секојдневниот живот на пациентите со акни.
Елиминира акни и комедони
Во комбинација со дерматолошки третман, по 84 дена :
– 69% комедони
– 86% акни
Употреба самостојно, по 84 дена :
– 65% комедони
– 79% акни
Овој производ е формулиран според екобиолошкиот пристап на NAOS лабораториите. Во срцето на овој производ:
SeboRestore технологија
Неправилности на кожата може да се појават поради промените во составот на себумот. Оваа технологија * помага да се врати квалитетот на природниот себум. *SeboRestore technology [Fluidactiv patent – Bakuchiol]. Оваа технологија на NAOS истражувачкиот центар е дизајниран во Aix-en-Provence и развиена во нашите лаборатории.
D.A.F. Патент
Надворешниот стрес може да ја направи кожата реактивна и чувствителна. Овој патентиран комплекс го зголемува прагот на толеранција на кожата – без оглед на типот на кожата – за да ја зајакне нејзината отпорност. Овој патент на NAOS истражувачкиот центар е дизајниран во Aix-en-Provence и развиен во нашите лаборатории.
Овој производ нема коментари.