Сите BIODERMA производи се формулирани во согласност со екобиолошките принципи, кои се во срцето на NAOS пристапот за почитување на кожата како екосистем и зачувување на нејзиното здравје, долготрајно.
Hydrabio Sérum ги обезбедува дневните потреби на кожата за моментална хидратација и ги активира повторно природните механизми за рехидратација на кожата, за долготрајни резултати. Го комбинира Aquagenium™ патентот со моќни хидратантни активни состојки (хијалуронска киселина, ксилитол и глицерин) со што стимулира 3 механизми на хидратација. Ја носи водата до кожата, ја задржува во подлабоките слоеви и овозможува циркулација така што стимулира производството на водени канали во кожата, наречени аквапорини.
УПОТРЕБА:
Наутро и/или навечер
ЧЕКОР 1
Нанесете Hydrabio Sérum на лицето и вратот, после чистење.
ЧЕКОР 2
Нежно масирајте додека да се апсорбира.
Кожата на лицето секојдневно губи вода и тоа ги засега и мажите и жените ширум светот, независно од возраста и типот на кожата. Кожата е динамичен екосистем кој е во постојана интеракција со својата околина. Под нормални услови, кожата може да се рехидрира природно, но одредени надворешни фактори како што се загадувањето, УВ зрачењето, пушењето, алкохолот, заморот, стресот и климатските промени ја зголемуваат загубата на вода со менување на природните механизми на кожата. Кожата повеќе не е во состојба да го одржува својот природен механизам за хидратација и станува дехидрирана. Епидермисот е оштетен, се формираат микро брчки и се појавува затегнување. Соодветно на тоа, тенот ја губи својата природна боја и станува безживотен.
Тестирано под дерматолошки надзор
Навлажнува
Хидратантна ефикасност: 24h
Измазнува
Помазна кожа: 85%
Кадифена кожа: 70%
Овој производ е формулиран според екобиолошкиот пристап на NAOS лабораториите. Во срцето на овој производ:
Aquagenium™ патент
Водата и липидите се неопходни компоненти на кожата, кои и овозможуваат да остане хидрирана. Во случај на нерамнотежа, кожата станува дехидрирана и повеќе не функционира правилно. Овој патентиран комплекс ја стимулира синтезата на липидите на кожата и активноста на аквапорините. Овие „водени канали“ природно пронајдени во кожата ја пренесуваат водата до епидермалните клетки. Овој патент од NAOS истражувачкиот центар е дизајниран во Aix-en-Provence и развиен во нашите лаборатории.
D.A.F. Патент
Надворешниот стрес може да ја направи кожата реактивна и чувствителна. Овој патентиран комплекс го зголемува прагот на толеранција на кожата – без оглед на типот на кожата – за да ја зајакне нејзината отпорност. Овој патент на NAOS истражувачкиот центар е дизајниран во Aix-en-Provence и развиен во нашите лаборатории.
Овој производ нема коментари.