Сите BIODERMA производи се формулирани во согласност со екобиолошките принципи, кои се во срцето на NAOS пристапот за почитување на кожата како екосистем и зачувување на нејзиното здравје, долготрајно.
Патентираниот биолошки комплекс Aquagenium™ го активира природниот процес на хидратација на кожата, моментално и долготрајно.
Витамин ПП (ниацинамид) ја зајакнува непропустливоста на хидролипидната обвивка.
Екстрактот од семки од јаболко ја стимулира активноста на аквапорините, водени канали, и ја подобрува циркулацијата на водата во епидермисот.
Благодарение на емулзијата инспирирана од структурата на епидермисот, активните состојки на патентот Aquagenium™ продираат длабоко во кожата и имаат насочено дејство. На овој начин, кожата го обновува својот природен хидратантен капацитет. Долготрајно.
Салицилната киселина помага во елиминирање на мртвите клетки, ја намалува дебелината на горниот слој, ја изедначува и измазнува површината на кожата, а тоа доведува до враќање на сјајот.
Витаминот Е штити од оксидативен стрес и спречува предвремено стареење на кожата.
УПОТРЕБА:
Наутро и/или навечер
ЧЕКОР 1
Нанесете Hydrabio Gel-Crème на лицето и вратот.
ЧЕКОР 2
Нежно масирајте додека да се апсорбира.
Кожата на лицето секојдневно губи вода и тоа ги засега и мажите и жените ширум светот, независно од возраста и типот на кожата. Кожата е динамичен екосистем кој е во постојана интеракција со својата околина. Под нормални услови, кожата може да се рехидрира природно, но одредени надворешни фактори како што се загадувањето, УВ зрачењето, пушењето, алкохолот, заморот, стресот и климатските промени ја зголемуваат загубата на вода со менување на природните механизми на кожата. Кожата повеќе не е во состојба да го одржува својот природен механизам за хидратација и станува дехидрирана. Епидермисот е оштетен, се формираат микро брчки и се појавува затегнување. Соодветно на тоа, тенот ја губи својата природна боја и станува безживотен.
Тестирано под дерматолошки надзор
Хидрира
Хидрирана кожа: 90%
Обновена кожа: 85%
Хидрира
Хидратантна ефикасност: 8h
Ја открива радијантноста на кожата
По сјајна кожа: 75%
Воедначен тен: 85%
Овој производ е формулиран според екобиолошкиот пристап на NAOS лабораториите. Во срцето на овој производ:
Aquagenium™ патент
Водата и липидите се неопходни компоненти на кожата, кои и овозможуваат да остане хидрирана. Во случај на нерамнотежа, кожата станува дехидрирана и повеќе не функционира правилно. Овој патентиран комплекс ја стимулира синтезата на липидите на кожата и активноста на аквапорините. Овие „водени канали“ природно пронајдени во кожата ја пренесуваат водата до епидермалните клетки. Овој патент од NAOS истражувачкиот центар е дизајниран во Aix-en-Provence и развиен во нашите лаборатории.
D.A.F. Патент
Надворешниот стрес може да ја направи кожата реактивна и чувствителна. Овој патентиран комплекс го зголемува прагот на толеранција на кожата – без оглед на типот на кожата – за да ја зајакне нејзината отпорност. Овој патент на NAOS истражувачкиот центар е дизајниран во Aix-en-Provence и развиен во нашите лаборатории.
Овој производ нема коментари.