BIODERMA Atoderm Intensive eye 100ml

(0 оценки и коментари)

1,162 ден

Достапност: На залиха

Бесплатна достава!

Секојдневна 3 во 1 нега за иритирани очни капаци: смирува, обновува и ја отстранува шминката.

-Моментално и долготрајно го смирува чувството на чешање
-Ја намалува сувоста и црвенилото на кожата
-Хидрира и ја храни кожата
-Ја отстранува шминката, нечистотиите и честичките од загадување
-Ја заштитува кожата
-Деконгестивен ефект
-Добра основа за шминка
-Без парфем – Одлична подносливост на кожата – Одлична подносливост на очите – Погоден за носители на контактни леќи и чувствителни очи.
-Иновативен и едноставен ритуал со кој се ограничува бројот на производи а воедно и бројот на состојки, како и триењето на очните капаци

УПОТРЕБА:

Еднаш или двапати на ден ; Нанесете на иритираните очни капаци. Наутро како производ за нега и основа за шминка. Навечер како средство за нега и/или средство за отстранување на шминка со помош на памучен тупфер. Пред секоја употреба на производот, се препорачува дренирање на кожата со што се овозможува деконгестија или ослободување од токсини за време на акутната фаза. Вклучувањето на Atoderm Intensive eye како дел од секојдневната рутина на нега на кожата на очните капаци, спречува повторна појава на акутна фаза.

ЧЕКОР 1
ДРЕНАЖА: ОВИЕ ЧЕКОРИ ТРЕБА ДА СЕ ПРОСЛЕДАТ ПРЕД ДА ГО НАНЕСЕТЕ ПРОИЗВОДОТ НА ЧИСТА КОЖА: 1- Тапкање: Стимулирајте го лимфниот систем: направете 3 последователни притисоци користејќи ги трите средишни прсти, 1 см од коренот на ушите.
2 – Дренирање: Движете се од внатрешниот агол кон надворешниот агол на окото со нежни движења на втапкување. Потоа, нежно измазнете од надворешниот агол до внатрешниот агол на окото. Повторете 3 пати.
3 – Целосна дренажа: Направете последно целокупно измазнување од внатрешниот агол до надворешниот агол на очкото, спуштајќи се низ лицето долниот дел на вратот.
ЧЕКОР 2
КАКО ЧИСТАЧ / ОТСТРАНУВАЧ НА ШМИНКА:
1- Апликација: Нанесете мала количина од Atoderm Intensive eye на горниот очен капак.
2- Чистење: Распределете го производот низ целиот очен капак и направете лесна кружна масажа.
3- Чистење: Нанесете го на трепките од основата до врвот за да се отстрани маскарата.
4- користете памучен тупфер (само во ремисија): Избришете ја шминката со памучен тупфер, од внатрешниот агол до надворешниот агол на очните капаци и од основата до врвот за трепките.
ЧЕКОР 3
КАКО СЕКОЈДНЕВНА НЕГА:
1- Примена: Нанесете мала количина од производ на очните капаци, од долниот внатрешен агол до горниот внатрешен агол на очите. Производот не треба да се нанесува премногу близу до очите (околу 2 см).
2- Дренирање: Потоа измазнете го нанадвор со трите централни прсти. Повторете 3 пати.
Не измивајте. Погоден за секојдневна употреба самостојно или во комбинација со дермокортикостероиди. Погоден за лица кои носат контактни леќи и\или имаат чувствителни очи. Само за надворешна употреба. Ако сувоста на кожата опстојува, консултирајте се со вашиот доктор.
Не измивајте. Погоден за секојдневна употреба самостојно или во комбинација со дермокортикостероиди. Погоден лица кои носат контактни леќи и\или имаат чувствителни очи. Само за надворешна употреба. Ако сувоста на кожата опстојува, консултирајте се со вашиот доктор.

Кожата во областа на зоната околу окото е особено деликатна: 3 до 4 пати е потенка од онаа на остатокот од лицето. Поради тоа очните капаци се склони кон иритација. Иритацијата на очните капаци се карактеризира со следниве симптоми: сувост, чешање, црвенило, оток. Главно е поврзана со една од трите патологии на очните капаци: атопичен дерматит, алергиски или иритантен контактен дерматит. Оваа иритација може да се активира и/или да се влоши при: директен контакт со надразнувачи: на пример, користење на несоодветна шминка, контакт со воздух (полен, прашина), контакт со иританси на рацете: лак за нокти, никел, парфем, боја за коса. Жените се најпогодени од иритација на очните капаци затоа што на оваа област нанесуваат бројни производи (шминка, нега и средства за отстранување на шминка), а со тоа и многу состојки со што се создаваат многу триења кои ја ослабнуваат кожата и можат да доведат до маѓепсан круг. Иритацијата на очните капаци е многу вознемирувачка поради дискомфортот што го предизвикува и естетскиот комплекс што го создава. Затоа е потребно да се грижите за очните капаци одбирајки соодветни производи за зајакнување на кожата и на тој начин да се спречи повторливоста, ограничувајќи ја употребата на производи а со самото тоа и на состојки во оваа деликатна област.

Резултати докажани со клинички студии

Храни
Ја остава кожата моментално нахранета : 91%

Отстранува шминка
Ја остава кожата чиста: 84%
Ја отстранува шминката од кожата : 80%

Смирува
Чувство на чешање : -95%
Затегнатост : – 92%

Ја намалува сувоста на кожата
Сувост : -89%

Хидрира
Хидратацијата опстојува до 24 часа

Овој производ нема коментари.

Бидете први и оценете го “BIODERMA Atoderm Intensive eye 100ml”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Со секоја нарачка добивате ФИСКАЛНА СМЕТКА

Начини на плаќање

- На врата при достава во готово;

- На врата при достава со платежна картичка;

- Онлајн со платежна картичка (Visa, MasterCard). Трансакцијата при плаќање на производот е пренасочена и се процесира преку порталот за наплата од платежни картички на Халк Банка. Порталот ги користи сите организациски и најнови технички мерки за заштита на податоците и сите процеси се одвиваат преку сигурна конекција со банката. За секоја успешна нарачка и плаќање ќе ви биде испратена електронска потврда на вашата емаил адреса која сте ја оставиле за контакт. При испораката ќе добиете фискална сметка.

Достава

eVit.mk испорачува на територија на целата држава и има склучено договор за соработка со повеќе оператори за испорака на пратки. Нарачаните производи ќе Ви бидат испорачани до адресата која сте ја навеле како адреса за испорака.

Моменталната цена на испораката е транспарентно наведена како посебна ставка во вкупната сума при купувањето:

за сите нарачки во вкупен износ до 800ден. цената за достава на целата територија на државата изнесува 120 денари.

За плаќање при достава се наплаќа надомест од 30 денари

за сите нарачки во вкупен износ над 800ден. цената за достава на целата територија на државата изнесува 0,00 ден, односно доставата е бесплатна.

Испрораката се извршува на територијата на цела држава од понеделник до петок и тоа:

на територија на Скопје и околината:

Нареден работен ден – за сите нарачки кои ќе се извршат претходниот работен ден до 13:00 часот

На територија надвор од Скопје

1-2 работни денови.

Имајте во предвид дека во сабота и недела и на државни празници не испорачуваме поради тоа што и нашите добавувачи не работат, па така и ние ги користиме празниците и викендите да се релаксираме и празнуваме.

Доколку курирот кој ја врши испорака не успее да Ве најде на дадената адреса и да Ви ја предаде пратката, ќе Ви биде доставено писмено известување во електронска форма за направениот обид. Курирот ќе изврши втор обид за достава во истиот ден и доколку повторно не ве најде на дадената адреса ќе бидете контакитрани на телефонскиот број кој сте го оставиле за контакт. Од таа причина е многу важно при нарачката да оставите точни податоци и точен телефонски број. Истите се користат единствено при испораката.