Активни состојки: колаген хидролизат, Haloxyl, Beautifeye, Aquaxyl, бадемово масло, масло од ленено семе, масло од арган, витамин Е, D-pantenol, хијалуронска киселина.
Како делуваат активните состојки од серумот за околу очи:
Колаген хидролизат: Патентирана формула на Mota 6 Laboratory со 99,5% чистота и научно докажано молекуларно дејство. Тој ја обновува и оддржува правилната структура на кожата, ги активира фибробластите и придонесува за создавање на сопствен колаген според состојбата и возраста на кожата.
Beautifeye: од Sederma, Франција е првата нехируршка алтернатива на блефаропластиката, создадена за да го врати младешкиот изглед на вашите очи. Со моќна комбинација на екстракти од персиско свилено дрво и света билка, оваа наградувана активна состојка ја зајакнува протеинската структура на кожата, ја подобрува микроциркулацијата и ја прави кожата околу очите позатегната и поеластична.
🔹Ги подигнува горните очни капаци и го спречува нивното опуштање
🔹Ја обновува и зајакнува структурата на кожата
🔹Ги измазнува брчките околу очите и спречува нивно повторно појавување
🔹Го забавува процесот на стареење и ја подобрува контурната форма на окото
Haloxyl: од Sederma, Франција е иновативен комплекс дизајниран да ги намали темните кругови, подуеноста и торбичките под очите, враќајќи ѝја на кожата нејзината свежина и виталност. Со комбинација од четири моќни активни состојки – два пептида кои го поттикнуваат производството на колаген и еластин, флавоноид кој ја осветлува кожата и аминокиселина со зајакнувачко дејство – Haloxyl делува длабински за да ја подобри структурата на кожата околу очите.
🔹Ја заздравува кожата и ја прави посилна и поотпорна
🔹Ја активира микроциркулацијата и штити од слободните радикали
🔹Ги елиминира темните кругови и го намалува заморот на погледот
🔹Ги измазнува фините линии и спречува појава на нови брчки
Aquaxyl: 100% природен полисахарид, кој што содржи максимален број на хидроксилни групи и одлично ја навлажнува кожата.
Бадемово масло: содржи корисни протеини, јаглехидрати, витамини А, С, Е и В со помош на кои ја хидратира, смирува, омекнува и измазнува кожата и го стимулира обновувањето на епидермисот. Има брза апсорпција и благопријатен ефект врз кожата.
Хијалуронска киселина: ненадминлива активна состојка за хидратација и задржување на влагата во кожата.
Масло од ленено семе: богато со есенцијални масни киселини кои што помагаат за измазнување и обновување на кожата, обезбедувајќи и незаменливи материи. Длабински ја омекнува, потхранува и хидратира кожата.
Масло од арган: го стимулира природното производство на колаген и еластин со што ги забавува процесите на стареење. Ја потхранува и обновува кожата.
Витамин Е: еден од најзначајните антиоксиданти, кој што го забавува стареењето на кожата и ги заштитува клетките од оштетување од слободните радикали.
D-pantenol: Има противвоспалителен, регенеративен и смирувачки ефект и длабински ја хидратира кожата.
Начин на употреба: Нанесете наутро и навечер со врвот на прстите во зоната околу очите.
Овој производ нема коментари.