Black Up Антипигментен крем SPF 50

(0 оценки и коментари)

799 ден

Достапност: На залиха

Бесплатна достава!

Кремот Black up со заштитен фактор 50 и со антипигментен ефект, кој е наменет за дневна нега, овозможува висока заштита на кожата од штетното УВ-зрачење при секојдневното изложување на сонце, особено во летниот период. Комплексната формулација на кремот се заснова на употреба на висококвалитетни фотостабилни хемиски УВ-филтри со широк спектар на дејство, кои ги апсорбираат сончевите УВА- и УВБ-зраци. Моќниот комплекс од активни состојки, меѓу кои нијацинамидот и екстрактот од алое вера, помага во намалувањето на големината на пигментните дамки и во спречувањето појава на нови.

Шифра: BLACKU55
Availability: instock
Бренд:Black Up
Сподели:

Нијацинамидот – витамин B– е ефикасно соединение за осветлување на кожата, кое дејствува така што го инхибира трансферот на меланозомите од меланоцитите во кератиноцитите, а екстрактот од алое вера има заштитен ефект од оштетување на кожата од УВ-зрачењето. Кремот е збогатен и со витамин Е, кој со своето антиоксидативно дејство ја појачува ефикасноста на функцијата на заштитните филтри преку намалување на процесот на формирање на слободните радикали, кои се последица на изложувањето на штетните УВ-зраци. Витаминот Е го стимулира процесот на заздравување и на регенерација на кожата и влијае врз заштитата и одржувањето на природниот липиден баланс на кожата. Од друга страна, пак, Де-пантенолот – провитамин Б5, кој во организмот се претвора во пантотенска киселина или во витамин Б5, е познат како моќен хумектант кој продира сѐ до долните слоеви на кожата.

Упатство за употреба: се нанесува на сува кожа 15 минути пред изложување на сонце и по секое капење. Пред сончање убаво да се нанесе доволна количина од производот.

Внимание: со нанесувањето помала количина од производот значително се намалува нивото на заштита. За да се одржи заштитата, се препорачува почеста апликациjа, особено по потење, пливање или по бришење со крпа.

Само за надворешна употреба! Бебињата и малите деца да не се изложуваат директно на сонце. Не изложуваjте се предолго на сонце дури и при употреба на производ за заштита од сончевите зраци. Прекумерното изложување на сонце претставува сериозен ризик за здравjето.

Дерматолошки тестиран.

Овој производ нема коментари.

Бидете први и оценете го “Black Up Антипигментен крем SPF 50”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Со секоја нарачка добивате ФИСКАЛНА СМЕТКА

Начини на плаќање

- На врата при достава во готово;

- На врата при достава со платежна картичка;

- Онлајн со платежна картичка (Visa, MasterCard). Трансакцијата при плаќање на производот е пренасочена и се процесира преку порталот за наплата од платежни картички на Халк Банка. Порталот ги користи сите организациски и најнови технички мерки за заштита на податоците и сите процеси се одвиваат преку сигурна конекција со банката.За секоја успешна нарачка и плаќање ќе ви биде испратена електронска потврда на вашата емаил адреса која сте ја оставиле за контакт. При испораката ќе добиете фискална сметка.

Достава

eVit.mk испорачува на територија на целата држава и има склучено договор за соработка со повеќе оператори за испорака на пратки. Нарачаните производи ќе Ви бидат испорачани до адресата која сте ја навеле како адреса за испорака.

Моменталната цена на испораката е транспарентно наведена како посебна ставка во вкупната сума при купувањето:

за сите нарачки во вкупен износ до 800ден. цената за достава на целата територија на државата изнесува 120 денари.

За плаќање при достава се наплаќа надомест од 30 денари

за сите нарачки во вкупен износ над 800ден. цената за достава на целата територија на државата изнесува 0,00 ден, односно доставата е бесплатна.

Испрораката се извршува на територијата на цела држава од понеделник до петок и тоа:

на територија на Скопје и околината:

Нареден работен ден – за сите нарачки кои ќе се извршат претходниот работен ден до 13:00 часот

На територија надвор од Скопје

1-2 работни денови.

Имајте во предвид дека во сабота и недела и на државни празници не испорачуваме поради тоа што и нашите добавувачи не работат, па така и ние ги користиме празниците и викендите да се релаксираме и празнуваме.

Доколку курирот кој ја врши испорака не успее да Ве најде на дадената адреса и да Ви ја предаде пратката, ќе Ви биде доставено писмено известување во електронска форма за направениот обид. Курирот ќе изврши втор обид за достава во истиот ден и доколку повторно не ве најде на дадената адреса ќе бидете контакитрани на телефонскиот број кој сте го оставиле за контакт. Од таа причина е многу важно при нарачката да оставите точни податоци и точен телефонски број. Истите се користат единствено при испораката.