Becutan маст со рибино масло, 25ml

(0 оценки и коментари)

115 ден

Достапност: Нема на залиха

Бесплатна достава!

Becutan маст со рибино масло за нега на бебешката кожа од првиот ден по раѓањето

Шифра: BECUTMR25
Availability: outofstock
Бренд:Alkaloid, Becutan
Сподели:

Нема на залиха

Иако кожата на вашето бебе наликува на вашата, функционално е незрела. Таа е потенка и особено чувствителна на влијанијата од околината, олеснето е губењето на вода, а сето тоа придонесува за полесно навлегување на разни штетни материи и за развој на инфекции. Негата на бебешката кожа започнува од првиот ден по раѓањето, a маста Becutan со рибино масло е производ создаден токму за ваквите почетоци во светот на негата.

Маста Becutan содржи рибино масло богато со витамин А, неопходен за правилно формирање на епидермисот и за одржување на неговата природна заштитна функција, на што особено треба да се внимава при нега на кожата кај новороденчињата. Воедно ја помага и ја забрзува регенерацијата на иритираната кожа, како и на кожата оштетена од топлински или од хемиски агенси. Ја храни сувата кожа, па така таа станува мазна и еластична. Се нанесува на чиста и сува кожа, во тенок слој, со благо триење 2-4 пати на ден.

Маста Becutan со рибино масло првенствено е наменета за нега и за заштита на бебешката кожа, но, исто така, се препорачува за:

изгореници;

нега на сува, испукана и груба кожа, склона кон лупење;

третирање на пеленски дерматитис;

црвенило по кожата, предизвикано од триење и потење;

нега на кожата по сончање.

Пакување:

25ml

Овој производ нема коментари.

Бидете први и оценете го “Becutan маст со рибино масло, 25ml”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Со секоја нарачка добивате ФИСКАЛНА СМЕТКА

Начини на плаќање

- На врата при достава во готово;

- На врата при достава со платежна картичка;

- Онлајн со платежна картичка (Visa, MasterCard). Трансакцијата при плаќање на производот е пренасочена и се процесира преку порталот за наплата од платежни картички на Халк Банка. Порталот ги користи сите организациски и најнови технички мерки за заштита на податоците и сите процеси се одвиваат преку сигурна конекција со банката. За секоја успешна нарачка и плаќање ќе ви биде испратена електронска потврда на вашата емаил адреса која сте ја оставиле за контакт. При испораката ќе добиете фискална сметка.

Достава

eVit.mk испорачува на територија на целата држава и има склучено договор за соработка со повеќе оператори за испорака на пратки. Нарачаните производи ќе Ви бидат испорачани до адресата која сте ја навеле како адреса за испорака.

Моменталната цена на испораката е транспарентно наведена како посебна ставка во вкупната сума при купувањето:

за сите нарачки во вкупен износ до 800ден. цената за достава на целата територија на државата изнесува 120 денари.

За плаќање при достава се наплаќа надомест од 30 денари

за сите нарачки во вкупен износ над 800ден. цената за достава на целата територија на државата изнесува 0,00 ден, односно доставата е бесплатна.

Испрораката се извршува на територијата на цела држава од понеделник до петок и тоа:

на територија на Скопје и околината:

Нареден работен ден – за сите нарачки кои ќе се извршат претходниот работен ден до 13:00 часот

На територија надвор од Скопје

1-2 работни денови.

Имајте во предвид дека во сабота и недела и на државни празници не испорачуваме поради тоа што и нашите добавувачи не работат, па така и ние ги користиме празниците и викендите да се релаксираме и празнуваме.

Доколку курирот кој ја врши испорака не успее да Ве најде на дадената адреса и да Ви ја предаде пратката, ќе Ви биде доставено писмено известување во електронска форма за направениот обид. Курирот ќе изврши втор обид за достава во истиот ден и доколку повторно не ве најде на дадената адреса ќе бидете контакитрани на телефонскиот број кој сте го оставиле за контакт. Од таа причина е многу важно при нарачката да оставите точни податоци и точен телефонски број. Истите се користат единствено при испораката.