Нанесувајте наутро и/или навечер на чиста кожа или секогаш кога ќе почувствувате дека на вашата кожа ѝ треба дополнителна доза на хидратација. Потоа нанесете крема. PRO TIP: користете во комбинација со кремата SOS HYDRA RECHARGE CREAM за најдобри резултати.
Mádara SOS HYDRA / ХИДРАТАНТЕН СЕРУМ ЗА ДЕХИДРИРАНА И ИРИТИРАНА КОЖА – 30 МЛ.
2,455 ден
Најдобриот природен козметички производ во Швајцарија – победник на наградите ANNABELLE Prix de Beauté 2017 во категоријата „Престижна и Популарна Козметика“.
Ја чувствувате кожата иритирана, сува или затегната?
Ви се појавуваат видливи линии и брчки?
Кожата изгледа бледо и без здрав сјај?
Површината на кожата е погруба на допир?
Ако одговорот на барем едно од овие прашања е ДА, тогаш тоа може да биде знак на дехидрираност, односно на драстично намалена хидратација на кожата. Дехидрираноста води кон предвремено стареење на кожата и зголемена сензитивност.
Серумот SOS HYDRA REPAIR INTENSIVE SERUM делува кон враќање на хидратацијата, балансот и комфортот на кожата, давајќи ѝ поздрав и пополн изглед. Хидратантната мешавина од корен од божур, ленено семе и хиалуронска киселина дава инстантни резултати и долготрајни ефекти на хидратација, смирување и здрав сјај на кожата.
ТИП НА КОЖА: сите типови на кожа, сите возрасни групи. Одличен за сува, дехидрирана и иритирана кожа, која се осеќа затената, без сјај, со видливи фини линии и/или брчки. Овој серум е особено погоден за кожа со мрсна површина, но дехидрирани внатрешни слоеви.
ДЕРМАТОЛОШКИ ТЕСТИРАНО на 35 пациенти со јасно видливи знаци на дехидрирана кожа.
ВО ФОКУС:
КОРЕН ОД БОЖУР
Екстрактот од корен од божур има висока антиоксидантна активност, благодарение на присутноста на активни биомолекули како paeoniflorin, proanthocyanidins и флавоноиди, заштитувајќи ги клетките на кожата од можни оштетувања од животната околина. Ги заштитува клетките на епидермисот од оштетувања на ДНК-та предизвикана од ултравиолетово Б (УВБ) зрачење. Осумнеделна клиничка студија со 20 волонтери, резултирала со статистички драстично намалување на брчките на лицето. Полисахаридите кои се наоѓаат во кората и коренот од божурот, имаат покажано дека можат да ги стимулираат имуните клетки.
Нема на залиха
Овој производ нема коментари.