Сите BIODERMA производи се формулирани во согласност со екобиолошките принципи, кои се во срцето на NAOS пристапот за почитување на кожата како екосистем и зачувување на нејзиното здравје, долготрајно.
Иновација на Bioderma лабораторијата, Pigmentbio Sensitive Areas е првиот продукт за нега на кожа, специјално формулиран за третман на хиперпигментациja во чувствителните и интимни регии.
Овој продукт содржи патентирана комбинација на активни состојки кои имаат избелувачко дејство: андрографолид, лизин азелат и глабридин. Овие активни состојки ги регулираат биолошките механизми кои предизвикуваат хиперпигментација, со ефект на осветлување и долготрајна ефикасност.
Pigmentbio Sensitive Areas помага во осветлување и изедначување на тенот во зоните на триење (лакти, колена, препони, под пазуви) и интимната регија.
Покрај патентирана комбинација на активни состојки, содржи и екстракт од кафеава алга (Laminaria ochroleuca) која го смирува црвенилото, кое може да предизвика дисколорации на кожата.
УПОТРЕБА:
Еднаш или два пати дневно
ЧЕКОР 1
Нанесете на зафатената регија, на исчистена кожа.
ЧЕКОР 2
Производот може да се користи по депилација или бричење за да се спречи црвенило и дисколорации на кожата.
За надворешна употреба
Без разлика дали се должат на сонцето, годините, бременост (мелазма) или пост инфламаторна хиперпигментација, пегите и флеките претставуваат одраз на животот. Причина за овие пигментации е: зголемена продукција на меланин кој ја потемнува кожата.
Хиперпигментации се појавуваат и поради триење, во специфични регии како лакта, колена, препони и под пазуви.
Оваа промена на бојата на кожата може да се појави поради триење од облека, отстранување на влакна или чувствителност на кожата во подрачјата подложни на постојано триење.
Отстранувањето на хиперпигментациите и враќањето на рамномерниот сјај, бараат време и трпение, иако повеќето сакаат брзи резултати.
Тестирано под дерматолошки и гинеколошки надзор.
Тестирано под дерматолошки надзор
Ја смирува кожата
Моментално ја смирува кожата: 70%
Ја изедначува кожата
-45% намалени темни дамки за 28 дена и -80% после 56 дена
Ефикаснот против пеги и флеки: 89%
Смирена кожа
Ја смирува кожата : 92%
Намалува црвенило на кожата: 89%
Хидрaтација
Ја хидрира кожата: 94%
Овој производ е формулиран според екобиолошкиот пристап на NAOS лабораториите. Во срцето на овој производ:
Патентирана комбинација на активни состојки
Патентираната комбинација на активни состојки ги регулира биолошките механизми што предизвикуваат формирање на темни дамки, за ефект на осветлување на кожата и оптимална превенција.
Овој производ нема коментари.