MaxMedica X LAB таблети за коса

Availability: Нема на залиха
  • Сеопфатна формула за заштита на косата
  • Влијае на фоликулот на косата директно
  • Природни витамини за обновување на косата и ноктите

 

60 капсули/ 1 капсула, 2 пати дневно

Availability: 0 Нема на залиха
Сподели:
Brand:

За производот

Ефективноста на капсулите за коса Х-ЛАБ

X-ЛАБ капсулите се базирани на витамините А, Ц, Е, Б комплекс, железо, цинк, магнезиум и коприва помагаат во снабдувањето со крв во скалпот, фоликулите и волуменот на косата, спречувајќи го нејзиното кршење, опаѓање и оштетување.

X-ЛАБ ја штити косата одвнатре, поттикнувајќи го нејзиниот раст и ја негува. Активна комбинација на минерали, витамини и природни екстракти е токму она што ќе ја натера вашата коса да се спротивстави на негативните ефекти на времето.

Особено за време на летните месеци, се препорачува поинтензивна заштита заради летни одмори и изложеност на сонце и морска вода, односно сол. Косата потешко се хидрира и токму поради тоа капсулите X-ЛАБ се од голема помош.

Чести прашања

  • На кој начин се оштетува косата?

Бројните третмани со хемиски препарати, честото менување на бојата на косата – фарбање, шатирање, честата употреба на фен за коса, пеглање, употреба на преса и фигаро, но и природните услови односно сонце, ветер и студ негативно влијаат на квалитетот и сјајот на косата.

Несоодветни препарати за коса, шампони со премногу хемикалии, сулфур и парфем, можат да го оштетат скалпот, а со тоа да го оштетат и фоликулот на косата.

Лошата исхрана, недоволниот внес на витамини и минерали, исто така придонесуваат косата да го изгуби волуменот и природниот сјај со тек на времето.

Слаба, кршлива коса без живот и сјај, склона кон кинење, оштетување и опаѓање, расцветани краеви, првут и често мастење се дел од работите со кои се соочуваме и особено создаваат фрустрации во деновите кога немаме доволно време да се справуваме со нив.

  • Како делува X-ЛАБ?

Мултивитаминскиот комплекс за нега и раст на косата Х-ЛАБ е комбинација од витамини, минерали и природни екстракти содржани во 60 капсули.

Овој додаток придонесува за подобро покривање на скалпот, го храни фоликулот на косата, што го прави посилен и со тоа влијае  врз растот на косата, го спречува опаѓањето на косата (без оглед на причината), го зголемува обемот на косата и го спречува нејзиното оштетување.

  • Придобивките од копривата при нега на коса
  • Капсулите Х-ЛАБ содржат растителен екстракт од коприва (Urtica dioica). Со векови, луѓето користеле коприва како храна, лек, но и како нега на сува кожа и коса. Копривата е богата со витамини Б комплекс, витамини Е, Ц и Д, како и антиоксиданси, минерали – цинк, железо, магнезиум, селен и разни хранливи материи.
  • Копривата значително ја забрзува периферната циркулација и целосното снабдување со крв во скалпот. Така, активните метаболички процеси во рамките на епидермисот се забрзуваат.
  • Во комбинација со копривата и дополнителен спектар на витамини што се наоѓаат во препаратот Х-ЛАБ, особено Б комплекс витаминте и витаминот Ц, овој препарат е идеален дел од вашата секојдневна рутина не само во текот на летото, туку и во текот на целата година.

Индикации

Се препорачува употреба на Х-ЛАБ:

  • За побрз раст на косата
  • Во спречување на опаѓање на косата
  • При зголемено опаѓање на косата
  • За нега и заштита на косата од штетните ефекти на надворешните фактори (боење на косата, фен за коса, фигаро, преса за коса)
  • За да се спречи кршење и кинење на косата
  • За волумен и сјај на косата
  • Да се ​​зачува здравјето и убавината на косата

Состав

Пакување: 60 капсули

Начин на употреба: По 1 капсула, два пати дневно (наутро и навечер)

Состав на производот:

 

Активни состојки 2 капсула Препорачан дневен внес
Магнезиум 300 мг 80 %
Витамин Ц 120 мг 150 %
Eкстракт од сув лист од коприва (Utrica dioica), 8-10:1 50 мг /
Ниацин 30 мг НЕ** 188 %
Пантотенска киселина 7,2 мг 120%
Железо 5 мг 36 %
Цинк 5 мг 50 %
Витамин Е 4,5 мг α-TE*** 37,5 %
Витамин Б6 3,2 мг 229 %
Витамин Б2 2,6 мг 186 %
Витамин Б1 2,4 мг 218 %
Фолна киселина 400 мг 200 %
Витамин А 120 мг РЕ**** 15 %
Биотин 60 мг 120 %
Витамин Б12 2 мг 80 %

 

**НЕ = ниацин еквивалент

*** α-TE = α- токоферол еквивалент

**** РЕ = all trans ретинол еквивалент

Состојки: магнезиум оксид; желатинска капсула: желатин, прочистена вода, боја – титаниум диоксид; малтодекстрин; Л-аскорбинска киселина; екстракт од сув лист од коприва (Urtica dioica), 8-10: 1; средства против згрутчување: магнезиум стеарат, силициум диоксид; никотинамид; железо (II) фумарат; ДЛ-алфа-токоферил ацетат; калциум-Д-пантотенат; цинк оксид; пиридоксин хидрохлорид; рибофлавин; тиамин хидрохлорид; ретинил палмитат; птероилмоноглутаминска киселина; Д-биотин; цијанокобаламин.

Земја на потекло: Република Србија

Овој производ нема коментари.

Бидете први и оценете го “MaxMedica X LAB таблети за коса”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *