Dr.Santè Coconut Hair Шампон за коса – 250 ml

365 ден

Достапност: На залиха

Бесплатна достава!

Хидратантен шампон за коса со кокосово масло за здрава и негувана коса од коренот до врвовите!

Шампонот содржи кокосово масло кое има моќ да продре длабоко во структурата на влакното и да ги заджи влагата и кератинот во него, со што ја прави косата силна, здрава и свиленкаста на допир. Наменет е за нега на секаков тип на коса, а особено се препорачува за сува и кршлива коса. Кокосовото масло ја хидратира косата, ја подобрува нејзината структура, ја зголемува нејзината еластичност и со редовна употреба на шампонот во комбинација со останатите производи од колекцијата Coconut Hair се надминува проблемот со сува, кршлива и коса без сјај. Крајниот резултат е хидратирана, здрава и негувана коса со волумен.

Шифра: 84420
Availability: instock
Бренд:Dr.Santè
Сподели:

Начин на употреба: Неколку капки шампон се нанесуваат на влажна коса, по што со лесни масажни движења во времетраење од 2-3 минути се мие косата, по што се плакне. Постапката може да се повтори, по што се продолжува со третман со останатите производи од колекцијата.

Пакување: 250 ml

Шампонот не содржи парабени, SLS (Sodium lauryl sulfate) и SLES (Sodium laureаth sulfate).

Начини на плаќање

- На врата при достава во готово;

- На врата при достава со платежна картичка;

- Онлајн со платежна картичка (Visa, MasterCard). Трансакцијата при плаќање на производот е пренасочена и се процесира преку порталот за наплата од платежни картички на Халк Банка. Порталот ги користи сите организациски и најнови технички мерки за заштита на податоците и сите процеси се одвиваат преку сигурна конекција со банката. За секоја успешна нарачка и плаќање ќе ви биде испратена електронска потврда на вашата емаил адреса која сте ја оставиле за контакт. При испораката ќе добиете фискална сметка.

Достава

eVit.mk испорачува на територија на целата држава и има склучено договор за соработка со повеќе оператори за испорака на пратки. Нарачаните производи ќе Ви бидат испорачани до адресата која сте ја навеле како адреса за испорака.

Моменталната цена на испораката е транспарентно наведена како посебна ставка во вкупната сума при купувањето:

за сите нарачки во вкупен износ до 800ден. цената за достава на целата територија на државата изнесува 120,00 ден.

за сите нарачки во вкупен износ над 800ден. цената за достава на целата територија на државата изнесува 0,00 ден, односно доставата е бесплатна.

Испрораката се извршува на територијата на цела држава од понеделник до петок и тоа:

на територија на Скопје и околината:

Нареден работен ден – за сите нарачки кои ќе се извршат претходниот работен ден до 13:00 часот

На територија надвор од Скопје

1-2 работни денови.

Имајте во предвид дека во сабота и недела и на државни празници не испорачуваме поради тоа што и нашите добавувачи не работат, па така и ние ги користиме празниците и викендите да се релаксираме и празнуваме.

Доколку курирот кој ја врши испорака не успее да Ве најде на дадената адреса и да Ви ја предаде пратката, ќе Ви биде доставено писмено известување во електронска форма за направениот обид. Курирот ќе изврши втор обид за достава во истиот ден и доколку повторно не ве најде на дадената адреса ќе бидете контакитрани на телефонскиот број кој сте го оставиле за контакт. Од таа причина е многу важно при нарачката да оставите точни податоци и точен телефонски број. Истите се користат единствено при испораката.