CANNABO Шампон за коса

(0 оценки и коментари)

505 ден

Достапност: Нема на залиха

Бесплатна достава!

ДЕТОКСИЦИРА-ЗАШТИТУВА-РЕГЕНЕРИРА-НАМАЛУВА ИРИТАЦИИ

Природен CBD има противвоспалително и антиоксидативно дејство, ја штити и детоксицира кожата на главата и косата, ја задржува нејзината влажност и го намалува мастењето. Дополнително, канабидиолот ја ја ублажува иритацијата на скалпот и создавањето првут.

Екстракт од бршлен ја подобрува циркулацијата на скалпот, со што обезбедува подобра размена на хранливи материи во фоликулите на влакната и придонесува за намалено опаѓање на косата.

Пантенол има навлажнувачки и смирувачки ефект, со што ја негува и хидрира кожата на главата и косата.

Availability: outofstock
Бренд:Cannabo
Сподели:

Нема на залиха

СОСТАВ
150 ml CANNABO шампон содржи природен екстракт од канабис кој обезбедува 150 mg CBD (Cannabidiol екстрахиран од растението коноп).

ШТО ПРЕТСТАВУВА CANNABO шампон И ЗА ШТО СЕ УПОТРЕБУВА
CANNABO шампон содржи канабидиол (CBD), односно маслен екстракт од растението коноп добиен со суперкритична CO2 екстракција, со докажано отсуство на хербициди и пестициди.
CANNABO шампон не содржи THC (9-delta tetrahydrocannabinol) односно содржи во количина под 0,2%.
CBD се врзува за соодветните рецептори на ендоканабиноидниот систем во кожата и тоа на клетките од површинскиот слој на кожата (епидермис), при што се постигнува противвоспалителен и смирувачки ефект на кожата на главата (скалпот). Кожата на главата и косата се директно изложени на штетното влијание на надворешната средина и чести козметички третмани. Изложеноста на УВ зраци, загаден воздух и други стресни фактори, доведува до создавање на слободни радикали кои може штетно да влијаат на кожата на главата, а со тоа и на квалитетот и изгледот на косата.
CBD има антиоксидативни својства, ги неутрализира слободните радикали со што ја зголемува отпорноста на кожата на главата и го намалува губењето на влажноста.
CANNABO шампонот заради антиоксидативното дејство на CBD, ја штити и детоксицира кожата на главата, ја задржува нејзината влажност и го намалува мастењето на косата.
CANNABO шампонот претставува иновативна комбинација од CBD, екстракт од бршлен и пантенол. Екстрактот од бршлен ја подобрува циркулацијата на кожата на главата, со што обезбедува подобра размена на хранливи материи во фоликулите на влакната и придонесува за намалено опаѓање на косата. Пантенолот делува противвоспалително, има навлажнувачки и смирувачки ефект, со што ја негува и хидрира кожата на главата и косата.
CANNABO шампонот со противвоспалителното и антиоксидативното дејство на CBD, дополнето со дејството на екстрактот од бршлен и пантенол ја штити и детоксицира кожата на главата, ја задржува нејзината влажност, ја ублажува благата иритација и перутање на кожата на главата, со што придонесува за здрава и сјајна коса.
CANNABO шампонот е погоден за секојдневна употреба. Мие нежно и длабински, ја отстранува нечистотијата и ја негува кожата на главата и косата. Взаемното дејство на составните компоненти доведува до подобрување на состојбата и изгледот на косата. Со употреба на CANNABO шампонот, косата е сјајна и здрава.

ПОДАТОЦИ ЗА ПРАВИЛНА УПОТРЕБА
CANNABO шампонот е наменет за секојдневна употреба и за сите типови на коса.
Нанесете од шампонот на главата, лесно масирајте и потоа исплакнете со вода.
При употреба, треба да се избегнува контакт со очи.
CANNABO шампонот е наменет само за надворешна употреба.

ПОДАТОЦИ КОИ ТРЕБА ДА СЕ ЗНААТ ПРЕД УПОТРЕБА
CANNABO шампонот не треба да се употребува при пречувствителност на која било состојка на
шампонот.

ПАКУВАЊЕ
Кутија со пластично шише со 150 ml шампон и Упатство за пациентот.

Овој производ нема коментари.

Бидете први и оценете го “CANNABO Шампон за коса”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Со секоја нарачка добивате ФИСКАЛНА СМЕТКА

Начини на плаќање

- На врата при достава во готово;

- На врата при достава со платежна картичка;

- Онлајн со платежна картичка (Visa, MasterCard). Трансакцијата при плаќање на производот е пренасочена и се процесира преку порталот за наплата од платежни картички на Халк Банка. Порталот ги користи сите организациски и најнови технички мерки за заштита на податоците и сите процеси се одвиваат преку сигурна конекција со банката.За секоја успешна нарачка и плаќање ќе ви биде испратена електронска потврда на вашата емаил адреса која сте ја оставиле за контакт. При испораката ќе добиете фискална сметка.

Достава

eVit.mk испорачува на територија на целата држава и има склучено договор за соработка со повеќе оператори за испорака на пратки. Нарачаните производи ќе Ви бидат испорачани до адресата која сте ја навеле како адреса за испорака.

Моменталната цена на испораката е транспарентно наведена како посебна ставка во вкупната сума при купувањето:

за сите нарачки во вкупен износ до 800ден. цената за достава на целата територија на државата изнесува 120 денари.

За плаќање при достава се наплаќа надомест од 30 денари

за сите нарачки во вкупен износ над 800ден. цената за достава на целата територија на државата изнесува 0,00 ден, односно доставата е бесплатна.

Испрораката се извршува на територијата на цела држава од понеделник до петок и тоа:

на територија на Скопје и околината:

Нареден работен ден – за сите нарачки кои ќе се извршат претходниот работен ден до 13:00 часот

На територија надвор од Скопје

1-2 работни денови.

Имајте во предвид дека во сабота и недела и на државни празници не испорачуваме поради тоа што и нашите добавувачи не работат, па така и ние ги користиме празниците и викендите да се релаксираме и празнуваме.

Доколку курирот кој ја врши испорака не успее да Ве најде на дадената адреса и да Ви ја предаде пратката, ќе Ви биде доставено писмено известување во електронска форма за направениот обид. Курирот ќе изврши втор обид за достава во истиот ден и доколку повторно не ве најде на дадената адреса ќе бидете контакитрани на телефонскиот број кој сте го оставиле за контакт. Од таа причина е многу важно при нарачката да оставите точни податоци и точен телефонски број. Истите се користат единствено при испораката.