Дневна доза за возрасни мажи (од 18 до 65 години)
Нанесете 1 ml Pilfud 50 mg/ml на целосно сув скалп на целата област погодена од опаѓање на косата, два пати на ден.
По нанесувањето, растворот треба нежно да се втрие во скалпот.
Оставете временски интервал од најмалку 12 часа помеѓу секое нанесување (на пр. наутро и навечер апликација).
Вкупната дневна доза не треба да надминува 2 ml.
Не нанесувајте го растворот повеќе од два пати на ден.
Спреј Pilfud 50mg/ml е лек кој се користи за лекување на наследното опаѓање на косата, вообичаено кај мажи на возраст од 18 до 65 години, бидејќи го спречува понатамошното опаѓање и помага во растот на косата. Растворот Pilfud 50 mg/ml содржи миноксидил, за кој се смета дека помага во протокот на крв во фоликулите на косата (клетките од кои растат влакната) на скалпот.
Овој лек е наменет за употреба кај мажи на возраст меѓу 18 и 65 години.
Растворот Pilfud 50 mg/ml најдобро делува кај мажи со опаѓање на косата или истенчување на горниот дел од главата.
Најдобри резултати веројатно ќе се забележат кај помлади лица кај кои опаѓањето на косата е присутно за краток временски период или кои имаат мала површина на ќелавост.
Растворот Pilfud 50 mg/ml веројатно нема да ви помогне ако сте долги години без влакна или ако имате голема површина погодена од опаѓање на косата.
Наследното губење на косата се разликува по следново:
- Со методот на опаѓање на косата;
- Почнува постепено и напредува;
- Имате семејна историја на губење на косата:
Со секоја нарачка добивате ФИСКАЛНА СМЕТКА
Начини на плаќање
- На врата при достава во готово;
- На врата при достава со платежна картичка;
- Онлајн со платежна картичка (Visa, MasterCard). Трансакцијата при плаќање на производот е пренасочена и се процесира преку порталот за наплата од платежни картички на Халк Банка. Порталот ги користи сите организациски и најнови технички мерки за заштита на податоците и сите процеси се одвиваат преку сигурна конекција со банката.За секоја успешна нарачка и плаќање ќе ви биде испратена електронска потврда на вашата емаил адреса која сте ја оставиле за контакт. При испораката ќе добиете фискална сметка.
Достава
eVit.mk испорачува на територија на целата држава и има склучено договор за соработка со повеќе оператори за испорака на пратки. Нарачаните производи ќе Ви бидат испорачани до адресата која сте ја навеле како адреса за испорака.
Моменталната цена на испораката е транспарентно наведена како посебна ставка во вкупната сума при купувањето:
за сите нарачки во вкупен износ до 1500 ден. цената за достава на целата територија на државата изнесува 150 денари.
за сите нарачки во вкупен износ над 1500ден. цената за достава на целата територија на државата изнесува 0,00 ден, односно доставата е бесплатна.
Испрораката се извршува на територијата на цела држава од понеделник до петок и тоа:
2-5 работни денови.
Имајте во предвид дека во сабота и недела и на државни празници не испорачуваме поради тоа што и нашите добавувачи не работат, па така и ние ги користиме празниците и викендите да се релаксираме и празнуваме.
Доколку курирот кој ја врши испорака не успее да Ве најде на дадената адреса и да Ви ја предаде пратката, ќе Ви биде доставено писмено известување во електронска форма за направениот обид. Курирот ќе изврши втор обид за достава во истиот ден и доколку повторно не ве најде на дадената адреса ќе бидете контакитрани на телефонскиот број кој сте го оставиле за контакт. Од таа причина е многу важно при нарачката да оставите точни податоци и точен телефонски број. Истите се користат единствено при испораката.