BOSNA Пилфуд 2% лосион, 60 мл

491 ден

Достапност: На залиха

Бесплатна достава!

Пилфуд 2% спреј за коса, раствор кој припаѓа на групата на лекови така наречени анти-алопетици (лекови кои го стимулираат растот на косата). Лекот се употребува за третман на андрогена алопеција кај мажи и жени на возраст од 18-65 години, затоа што тој го превенира понатамошното губење на коса и го помага повторниот раст на косата.

Availability: instock
Бренд:BOSNA
Сподели:

Производот содржи миноксидил, за кој се смета дека го подобрува дотокот на крв до клетките од кои растат влакната.

Пилфуд 2% растворот најдобро делува кај мажи на кои им опаѓа косата од скалпот. Почетокот на ефектот и степенот на раст на косата може да варираат помеѓу корисниците. Обично на третманот со Пилфуд 2% растворот подобро реагираат помладите пациенти, оние кои пократок временски период имаат проблеми со опаѓање на косата и оние кај кои е зафатена помала површина на главата. Терапијата со лекот Пилфуд 2% веројатно нема да ви помогне ако повеќе години сте без коса или ако со опаѓање на косата е зафатена поголема површина на главата.

Наследниот губиток на коса може да се препознае по:

  • Начинот на опаѓање на косата
  • Почетокот е постепен а потоа состојбата напредува
  • Постои фамилијарна историја на ќелавост
  • Нема други симптоми кои би можеле да се поврзат со опаѓањето на косата.

Пакување: 60 мл

Состав: 1 мл Пилфуд 2% содржи 20 мг миноксидил.

Помошни супстанци: пропиленгликол, етанол 96%, прочистена вода.

Употреба:

Пилфуд лосионот се употребува наутро и навечер на суви места. Се нанесува по 1 мл и се трие од средината кон краевите на косата. Откако ќе се постигне саканиот ефект дозата се намалува на доза за одржување: 1 мл 1-2 пати неделно.

Немојте да го употребувате пилфуд:

  • Ако сте алергични на активната супстанција или било која од помошните состојки
  • Ако имате заболувања на кожата на главата вклучувајки псоријаза или опекотини од сонце
  • Ако имате феохромоцитом
  • Ако имате висок крвен притисок без разлика дали примате лекови за негово лекување
  • Ако истовремено примате некој друг лек за локална примена на површината на скалпот
  • Посебно информирајте го вашиот доктор ако истовремено земате некој од следните лекови:
  • Лекови кои се нанесуваат на кожата, а содржат кортикостероиди, третиноин, дитранол или вазелин бидејќи тие може да ја зголемат ресорпцијата на миноксидил.
  • Гванетидин

Не се препорачува примена на пилфуд лосион за време на бременост или доење иако нема докази за несакани ефекти предизвикани со миноксидил за време на бременост.

Со секоја нарачка добивате ФИСКАЛНА СМЕТКА

Начини на плаќање

- На врата при достава во готово;

- На врата при достава со платежна картичка;

- Онлајн со платежна картичка (Visa, MasterCard). Трансакцијата при плаќање на производот е пренасочена и се процесира преку порталот за наплата од платежни картички на Халк Банка. Порталот ги користи сите организациски и најнови технички мерки за заштита на податоците и сите процеси се одвиваат преку сигурна конекција со банката.За секоја успешна нарачка и плаќање ќе ви биде испратена електронска потврда на вашата емаил адреса која сте ја оставиле за контакт. При испораката ќе добиете фискална сметка.

Достава

eVit.mk испорачува на територија на целата држава и има склучено договор за соработка со повеќе оператори за испорака на пратки. Нарачаните производи ќе Ви бидат испорачани до адресата која сте ја навеле како адреса за испорака.

Моменталната цена на испораката е транспарентно наведена како посебна ставка во вкупната сума при купувањето:

за сите нарачки во вкупен износ до 800ден. цената за достава на целата територија на државата изнесува 120 денари.

За плаќање при достава се наплаќа надомест од 30 денари

за сите нарачки во вкупен износ над 800ден. цената за достава на целата територија на државата изнесува 0,00 ден, односно доставата е бесплатна.

Испрораката се извршува на територијата на цела држава од понеделник до петок и тоа:

на територија на Скопје и околината:

Нареден работен ден – за сите нарачки кои ќе се извршат претходниот работен ден до 13:00 часот

На територија надвор од Скопје

1-2 работни денови.

Имајте во предвид дека во сабота и недела и на државни празници не испорачуваме поради тоа што и нашите добавувачи не работат, па така и ние ги користиме празниците и викендите да се релаксираме и празнуваме.

Доколку курирот кој ја врши испорака не успее да Ве најде на дадената адреса и да Ви ја предаде пратката, ќе Ви биде доставено писмено известување во електронска форма за направениот обид. Курирот ќе изврши втор обид за достава во истиот ден и доколку повторно не ве најде на дадената адреса ќе бидете контакитрани на телефонскиот број кој сте го оставиле за контакт. Од таа причина е многу важно при нарачката да оставите точни податоци и точен телефонски број. Истите се користат единствено при испораката.