Сите BIODERMA производи се формулирани во согласност со екобиолошките принципи, кои се во срцето на NAOS пристапот за почитување на кожата како екосистем и зачувување на нејзиното здравје, долготрајно.
Ексклузивната Nodé DS+ формулација нуди подобрена ефикасност против упорниот првут. Патентираниот комплекс DS activ™ гарантира двојна ефикасност благодарение на неговото биолошко дејство врз причинителите: Го ограничува размножувањето на Malassezia габичката одговорна за појава на првут. Спречува рецидиви така што ја намалува секрецијата на себум, кој дозволува ширење на Malassezia габичката. Моќните керато регулирачки состојки го отстрануваат упорниот првут и ја олеснуваат неговата елиминација. Збогатен со смирувачки средства, Nodé DS+ моментално и трајно го олеснува чешањето на скалпот. Патентираниот природен D.A.F комплекс го зголемува прагот на толеранција на чувствителниот скалп.
УПОТРЕБА:
Како интензивен третман (во тек на 3 недели): 3 шампонирања неделно. Потоа 1 или 2 шампонирања неделно, за одржување.
ЧЕКОР 1
Нанесете го Nodé DS+ шампонот, нежно масирајки го вашиот скалп.
ЧЕКОР 2
Исплакнете го скалпот.
ЧЕКОР 3
Повторете ја апликацијата.
ЧЕКОР 4
Оставете да делува 5 минути.
ЧЕКОР 5
Потоа исплакнете темелно.
Производ е наменет само за возрасни. Избегнувајте контакт со очите. Препорачуваме да го користите Nodé Shampooing fluide (шампон за секојдневна употреба) за одржување на резултатите.
Постојаниот, упорен првут е обично густ, мрсен и жолтеникав, прилепен на скалпот и најчесто е придружен со чешање.
Резултати докажани со клинички студии
Го елиминира упорниот првут
-83% од еритемата после 2 месеци
-78% од сквамите после 2 месеци
-77% чешање после 2 месеци
Го елиминира упорниот првут
-83% од сквамите после 56 дена
-75% од еритемата после 56 дена
-70% чешање после 56 дена
Овој производ е формулиран според екобиолошкиот пристап на NAOS лабораториите. Во срцето на овој производ:
DSactiv™ патент
Malassezia е габичка која природно се наоѓа на површината на кожата. Вишокот секреција на себум од скалпот го промовира нејзиниот прекумерен раст, што предизвикува појава на првут, сквами и чешање. Овој патентиран комплекс го минимизира лачењето на себум и исто така го ограничува размножувањето на Malassezia габичката. Овој патент од NAOS истражувачкиот центар е дизајниран во Aix-en-Provence и развиен во нашите лаборатории.
Овој производ нема коментари.