Bionika Уреа 40% крем за кожа

(0 оценки и коментари)

543 ден

Достапност: На залиха

Бесплатна достава!

Дополнителна нега на ксероза, атопичен егзем и псоријаза; при тврдокорни калуси и задебелувања на стапала, раце, колена, ги измазнува и намалува задебелувањата на оштетените нокти.

АКТИВНИ СУПСТАНЦИ

УРЕА 40% (carbamide), 1g крем содржи 400 mg уреа. Други состојки: цетил палмитат, цетил алкохол, полисорбат 60, сорбитан моностеарат, бензил алкохол, млечна киселина, триетаноламин, прочистена вода.

НАПОМЕНА

Уреата има кератолитичко и емолиентно дејство. Се користи при дополнителна нега на ксероза, атопичен егзем и псоријаза; при тврдокорни калуси и задебелувања на стапала, раце, колена, ги измазнува и намалува задебелувањата на оштетените нокти. Ја измазнува кожата и го намалува грубиот изглед. Ги штити ноктите од надворешни влијанија.

НАЧИН НА УПОТРЕБА

Се нанесува 2 пати/ден до постигнување на саканиот ефект (до 3 месеци). Нанесете го кремот УРЕА 40% на местото кое треба да се третира. Не ја нанесувајте на околното ткиво. Доколку сакате, може да го покриете местото со завој или газа и да го прицврстите со леплива лента.

На површината на оштетените нокти изобилно нанесете од кремот и покријте ги како што е погоре опишано. Можете да употребите и пластична или винилна навлака за прст за дополнително да го заштитите прстот со завој. Чувајте го ноктот изолиран од влага 3-7 дена.

НАПОМЕНА

Само за надворешна употреба

Не ја употребувајте кремата доколку сте чувствителни на некоја од нејзините состојки

Да не се користи кај деца помали 3 години

ПАКУВАЊЕ

50 g крем во PЕ туба/картонска кутија

ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ

Дерматолошки тестирано – Не содржи парфем

Не содржи парабени

Не масти

Овој производ нема коментари.

Бидете први и оценете го “Bionika Уреа 40% крем за кожа”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *