BIODERMA Atoderm Intensive Gel moussant

(0 оценки и коментари)

687 ден1,168 ден

Достапност: На залиха

Бесплатна достава!

Нежен прочистувачки гел за чистење, против чешање.

-Нежно чисти
-Смирува чувство на непријатност и иритација
-Заштитува од сувост на кожата
-Ја почитува рамнотежата на кожата благодарение на супер масната база за чистење
Одлична подносливост – Без сапун – Без парфем

Шифра: /
Availability: instock
Бренд:BIODERMA
Сподели:

УПОТРЕБА:

Наутро и/или навечер

ЧЕКОР 1
Нанесете Atoderm Intensive Gel Moussant на влажна кожа.
ЧЕКОР 2
Направете пена, а потоа исплакнете темелно.
ЧЕКОР 3
Нежно исушете.
ЧЕКОР 4
Потоа нанесете Atoderm Intensive Baume за нега.
Ако сувоста опстојува, консултирајте се со вашиот доктор. Може да се користи кај новороденчиња, со исклучок на предвремено родени бебиња.

Многу сувата кожа се карактеризира со непријатност и затегнатост а можна е и појава на чешање, пукнатини или распукување, особено во најизложените или најчувствителни регии. Иритираната и атопична кожа се карактеризира со екстремна сувост и црвени регии кои честопати се покриени со мали пликови што предизвикуваат интензивно чешање.

Тестирано под дерматолошки надзор
Смирува
Кожата е смирена за 90% од волонтерите * Кожата е поудобна за 85% од волонтерите * Заштитува од сувост на кожат
Кожата е подобро хидрирана кај 90% од волонтерите*
Овој производ е формулиран според екобиолошкиот пристап на NAOS лабораториите. Во срцето на овој производ:

Skin barrier therapy™ патент
Бактериите природно се наоѓаат на површината на кожата и се неопходни за нејзината рамнотежа. Во случај на кожа склона кон атопија, зголемено ниво на одредени бактерии може да предизвика влошување на нејзината состојба. Овој патентиран комплекс ја ограничува адхезијата на овие бактерии на површината на кожата. Овој патент од NAOS истражувачкиот центар е дизајниран во Aix-en-Provence и развиен во нашите лаборатории.

D.A.F. Патент
Надворешниот стрес може да ја направи кожата реактивна и чувствителна. Овој патентиран комплекс го зголемува прагот на толеранција на кожата – без оглед на типот на кожата – за да ја зајакне нејзината отпорност. Овој патент на NAOS истражувачкиот центар е дизајниран во Aix-en-Provence и развиен во нашите лаборатории.

Овој производ нема коментари.

Бидете први и оценете го “BIODERMA Atoderm Intensive Gel moussant”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Со секоја нарачка добивате ФИСКАЛНА СМЕТКА

Начини на плаќање

- На врата при достава во готово;

- На врата при достава со платежна картичка;

- Онлајн со платежна картичка (Visa, MasterCard). Трансакцијата при плаќање на производот е пренасочена и се процесира преку порталот за наплата од платежни картички на Халк Банка. Порталот ги користи сите организациски и најнови технички мерки за заштита на податоците и сите процеси се одвиваат преку сигурна конекција со банката.За секоја успешна нарачка и плаќање ќе ви биде испратена електронска потврда на вашата емаил адреса која сте ја оставиле за контакт. При испораката ќе добиете фискална сметка.

Достава

eVit.mk испорачува на територија на целата држава и има склучено договор за соработка со повеќе оператори за испорака на пратки. Нарачаните производи ќе Ви бидат испорачани до адресата која сте ја навеле како адреса за испорака.

Моменталната цена на испораката е транспарентно наведена како посебна ставка во вкупната сума при купувањето:

за сите нарачки во вкупен износ до 800ден. цената за достава на целата територија на државата изнесува 120 денари.

За плаќање при достава се наплаќа надомест од 30 денари

за сите нарачки во вкупен износ над 800ден. цената за достава на целата територија на државата изнесува 0,00 ден, односно доставата е бесплатна.

Испрораката се извршува на територијата на цела држава од понеделник до петок и тоа:

на територија на Скопје и околината:

Нареден работен ден – за сите нарачки кои ќе се извршат претходниот работен ден до 13:00 часот

На територија надвор од Скопје

1-2 работни денови.

Имајте во предвид дека во сабота и недела и на државни празници не испорачуваме поради тоа што и нашите добавувачи не работат, па така и ние ги користиме празниците и викендите да се релаксираме и празнуваме.

Доколку курирот кој ја врши испорака не успее да Ве најде на дадената адреса и да Ви ја предаде пратката, ќе Ви биде доставено писмено известување во електронска форма за направениот обид. Курирот ќе изврши втор обид за достава во истиот ден и доколку повторно не ве најде на дадената адреса ќе бидете контакитрани на телефонскиот број кој сте го оставиле за контакт. Од таа причина е многу важно при нарачката да оставите точни податоци и точен телефонски број. Истите се користат единствено при испораката.