BIODERMA Atoderm Intensive Baume

(0 оценки и коментари)

648 ден1,714 ден

Достапност: На залиха

Бесплатна достава!

Интензивна нега за обновување на кожата, против чешање. Исклучително смирувачко и ултра хранливо дејство.

Смирува и ја намалува потребата за чешање
Интензивно храни и ги обновува липдите
Го враќа чувството на пријатност на кожата и ја зајакнува. Долготрајно.

Имплементирано од новите Европски дерматолошки препораки при менаџирање со атопична егзема: „Емолиент ПЛУС **“ категорија.

Одлична подносливост – Не леплива, не мрсна текстура – Одлична апсорпција – Без парфем.

Шифра: /
Availability: instock
Бренд:BIODERMA
Сподели:

УПОТРЕБА:

Еднаш или двапати на ден. Методот 3.6.9 е нов метод за систематизирање на апликацијата. Развиен е со цел да се определи правилната доза на Atoderm Intensive baume за употреба, а потоа да се создаде рутина и систематизирана примена на кремот за да се подобрат резултатите долготрајно.

ЧЕКОР 1
Исчистете ја кожата со Atoderm Huile de Douche-маслената купка или Atoderm Intensive гелот за туширање.
ЧЕКОР 2
Нанесете Atoderm Intensive балсам на кожата.
ЧЕКОР 3
Нежно масирајте додека не се апсорбира.
3 притискања на пумпицата за нега на кожата на БЕБЕ: 1 испумпување за лице, врат и гради – 1 испумпување за рацете и грбот – 1 испумпување за двете нозе.
6 притискања на пумпицата за нега на кожата на ДЕТЕ: – 1 испумпување за лице и врат – 1 испумпување за гради – 1 испумпување за грб – 1 испумпување за двете раце – 1 испумпување за нога (x2).
9 притискања на пумпицата за нега на кожата на ВОЗРАСЕН: – 1 испумпување за лице и врат – 1 испумпување за гради – 1 испумпување за грб – 1 испумпување за рака (x2) – 2 испумпувања за нога (x2).
Ако сувоста на кожата опстојува, консултирајте се со вашиот доктор.

Главните причини за непријатност кај оние со многу сува и иритирана кожа се чешање и затегнатост. Оваа сувост може да биде резултат на генетска предиспозиција, како и на отежнувачки фактори: вода, употреба на несоодветни производи за нега на кожата, студ, варијации на температурата и загадување. Се карактеризира со изменета заштитна бариера на кожата и размножување на бактерии кои предизвикуваат иритација, па дури и секундарни инфекции. Таквата кожа станува послаба и бара секојдневен третман.

Резултати докажани со клинички студии
Смирува чешање и иритација.
Моментално ја смирува кожата: 95% (1)
Го смирува чешањето
9/10 луѓе повеќе не се чешаат (1)
Без акутни фази во следните 6 месеци: 76% (2)

Овој производ е формулиран според екобиолошкиот пристап на NAOS лабораториите. Во срцето на овој производ:

Skin barrier therapy™ патент
Бактериите природно се наоѓаат на површината на кожата и се неопходни за нејзината рамнотежа. Во случај на кожа склона кон атопија, зголемено ниво на одредени бактерии може да предизвика влошување на нејзината состојба. Овој патентиран комплекс ја ограничува адхезијата на овие бактерии на површината на кожата. Овој патент од NAOS истражувачкиот центар е дизајниран во Aix-en-Provence и развиен во нашите лаборатории.

Lipigenium™ технологија
Кожата има природна бариера која ја заштитува од надворешната околината. Во случај кога кожата е сува, склона кон атопија, на оваа бариера и недостасуваат липиди и протеини и повеќе не ја игра својата заштитна улога. Оваа технологија помага да се обнови ефективната бариера на кожата. Ова технологија на NAOS Research е дизајниран во Aix-en-Provence и развиена во нашите лаборатории.

D.A.F. Патент
Надворешниот стрес може да ја направи кожата реактивна и чувствителна. Овој патентиран комплекс го зголемува прагот на толеранција на кожата – без оглед на типот на кожата – за да ја зајакне нејзината отпорност. Овој патент на NAOS истражувачкиот центар е дизајниран во Aix-en-Provence и развиен во нашите лаборатории.

Овој производ нема коментари.

Бидете први и оценете го “BIODERMA Atoderm Intensive Baume”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Со секоја нарачка добивате ФИСКАЛНА СМЕТКА

Начини на плаќање

- На врата при достава во готово;

- На врата при достава со платежна картичка;

- Онлајн со платежна картичка (Visa, MasterCard). Трансакцијата при плаќање на производот е пренасочена и се процесира преку порталот за наплата од платежни картички на Халк Банка. Порталот ги користи сите организациски и најнови технички мерки за заштита на податоците и сите процеси се одвиваат преку сигурна конекција со банката.За секоја успешна нарачка и плаќање ќе ви биде испратена електронска потврда на вашата емаил адреса која сте ја оставиле за контакт. При испораката ќе добиете фискална сметка.

Достава

eVit.mk испорачува на територија на целата држава и има склучено договор за соработка со повеќе оператори за испорака на пратки. Нарачаните производи ќе Ви бидат испорачани до адресата која сте ја навеле како адреса за испорака.

Моменталната цена на испораката е транспарентно наведена како посебна ставка во вкупната сума при купувањето:

за сите нарачки во вкупен износ до 1500 ден. цената за достава на целата територија на државата изнесува 150 денари.

за сите нарачки во вкупен износ над 1500ден. цената за достава на целата територија на државата изнесува 0,00 ден, односно доставата е бесплатна.

Испрораката се извршува на територијата на цела држава од понеделник до петок и тоа:

1-3 работни денови.

Имајте во предвид дека во сабота и недела и на државни празници не испорачуваме поради тоа што и нашите добавувачи не работат, па така и ние ги користиме празниците и викендите да се релаксираме и празнуваме.

Доколку курирот кој ја врши испорака не успее да Ве најде на дадената адреса и да Ви ја предаде пратката, ќе Ви биде доставено писмено известување во електронска форма за направениот обид. Курирот ќе изврши втор обид за достава во истиот ден и доколку повторно не ве најде на дадената адреса ќе бидете контакитрани на телефонскиот број кој сте го оставиле за контакт. Од таа причина е многу важно при нарачката да оставите точни податоци и точен телефонски број. Истите се користат единствено при испораката.