TSH Check брз тест за откривање на хипотироидизам

(0 оценки и коментари)

490 ден

Достапност: Нема на залиха

Бесплатна достава!

Уморни? Безволни? Зголемена телесна тежина?

Направете брз тест за откривање на хипотироидизам во домашни услови.

TSH CHECK© мери дали нивоата на ТЅН се покачени.

Резултати за 10 мин. Германско производство.

Availability: outofstock
Сподели:

Нема на залиха

Тироидната жлезда има суштинска улога во контролата на метаболизмот. Поради тоа, нарушувањата на штитната жлезда може да влијаат
врз целото тело. За да се открие хипертироидизам или хипотироидизам, особено нивото на тиротропин,сигурен индикатор е стимулирачкиот хормон (ТЅН) на тироидната жлезда.
ТЅН се лачи од хипофизата и ја стимулира тироидната жлезда да гo произведува хормонот Т3 и Т4. Кога концентрацијата на тироидните хормони Т3 и Т4 се намалува, тогаш расте нивото на ТЅН. Симптомите на тироидна хипофункција опфаќаат (меѓу другото) замор, безволност, чувство на студ, болки во мускулите или зголемување на телесната тежина.

TSH CHECK© мери дали нивоата на ТЅН се покачени.
Нормалната концентрација на ТЅН е во опсег од 0.4 μIU/ml до 4.5 μIU/ml, додека пак вредност од >5 μIU/ml покажува тироидна хипофункција.
Доколку тестот покаже позитивен резултат, може да се претпостави дека концентрацијата на ТЅН е над нормалните вредности што е индикација за тироидна хипофункција. Дефинитивната дијагноза треба да биде потврдена од страна на лекар.

Како имунохроматографски брз тест за самостојно тестирање, TSH CHECK© го открива покаченото ниво на ТЅН во примерок од крв. Доколку концентрацијата на ТЅН е покачена, се сврзува со антителата имобилизирани на тест мембраната. Визуализацијата се случува преку дополнително сврзување со анти-ТЅН антителата означени со колоидно злато, и притоа се формира видлива црвена тест линија (Т-линија). Тестот вклучува и вграден контролен систем што се состои од црвена контролна линија (С-линија). С-линијата потврдува доволен волумен на примерокот и точна постапка на тестирање.

Објаснување за тоа како да се читаат и толкуваат резултатите од тестот е дадено во упатството за употреба. Поради тоа, важно е целосно да се разбере целото упатство за употреба пред да се изведе тестот.

Овој производ нема коментари.

Бидете први и оценете го “TSH Check брз тест за откривање на хипотироидизам”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Со секоја нарачка добивате ФИСКАЛНА СМЕТКА

Начини на плаќање

- На врата при достава во готово;

- На врата при достава со платежна картичка;

- Онлајн со платежна картичка (Visa, MasterCard). Трансакцијата при плаќање на производот е пренасочена и се процесира преку порталот за наплата од платежни картички на Халк Банка. Порталот ги користи сите организациски и најнови технички мерки за заштита на податоците и сите процеси се одвиваат преку сигурна конекција со банката.За секоја успешна нарачка и плаќање ќе ви биде испратена електронска потврда на вашата емаил адреса која сте ја оставиле за контакт. При испораката ќе добиете фискална сметка.

Достава

eVit.mk испорачува на територија на целата држава и има склучено договор за соработка со повеќе оператори за испорака на пратки. Нарачаните производи ќе Ви бидат испорачани до адресата која сте ја навеле како адреса за испорака.

Моменталната цена на испораката е транспарентно наведена како посебна ставка во вкупната сума при купувањето:

за сите нарачки во вкупен износ до 1500 ден. цената за достава на целата територија на државата изнесува 150 денари.

за сите нарачки во вкупен износ над 1500ден. цената за достава на целата територија на државата изнесува 0,00 ден, односно доставата е бесплатна.

Испрораката се извршува на територијата на цела држава од понеделник до петок и тоа:

1-3 работни денови.

Имајте во предвид дека во сабота и недела и на државни празници не испорачуваме поради тоа што и нашите добавувачи не работат, па така и ние ги користиме празниците и викендите да се релаксираме и празнуваме.

Доколку курирот кој ја врши испорака не успее да Ве најде на дадената адреса и да Ви ја предаде пратката, ќе Ви биде доставено писмено известување во електронска форма за направениот обид. Курирот ќе изврши втор обид за достава во истиот ден и доколку повторно не ве најде на дадената адреса ќе бидете контакитрани на телефонскиот број кој сте го оставиле за контакт. Од таа причина е многу важно при нарачката да оставите точни податоци и точен телефонски број. Истите се користат единствено при испораката.