зголемување на либидо
Супер храна и билки за зголемено либидо

Многу мажи над 30 годишна возраст се соочуваат со исцрпувачките ефекти од недоволното производство на тестостерон, што предизвикува еректилна дисфункција и низа сексуални проблеми. Но, добриот сексуален живот е многу повеќе од успешна ерекција. Тоа е комбинација од многу фактори како што се способноста да се постигне доволно силна возбуда (силен сексуален нагон), максимално задоволувачки оргазми итн.

За да ги надминат овие проблеми, многу мажи кои се соочуваат со сексуална дисфункција се свртуваат кон употребата на јаки лекови за стимулирање и надминување на сексуалната дисфункција. Лековите носат низа ризици не само по здравјето, туку и по животот… Практиката покажува дека во многу случаи, јаките сексуални стимуланси предизвикуваат заматен вид, црвенило, главоболка, дигестивни проблеми, нетолеранција на светлина итн. Високите дози и честата употреба на овие лекови може да доведат до многу посериозни несакани ефекти, вклучувајќи губење на слухот, вентрикуларна аритмија, миокарден инфаркт, мозочен удар, трајна ерекција (пријапизам) и сл.

За разлика од класичните лекови кои што делуваат само врз способноста за сексуален однос, без да создаваат желба за секс и имаат низа контраиндикации, природните афродизијаци се супстанци кои што предизвикуваат и ја стимулираат желбата за секс. Зборот афродизијак е стар илјадници години и се поврзува со грчката божица на љубовта Афродита. Уште за време на античките цивилизации луѓето користеле различни билки, храни и зачини за подобрување на нивниот љубовен живот, а таа традиција продолжува до ден денес. Покрај добро познатите храни како чоколадото, морската храна, јаткастите плодови и сл, постојат и многу природни билки кои имаат моќно дејство врз сексуалното здравје и задоволство. Се смета дека нивното дејство се должи на нивната моќ да ја подобрат циркулацијата и да го намалат стресот, кои што се два клучни фактори кои имаат влијание врз сексуалната желба. Ова се дел од билките кои во светот се употребуваат со години за подобрување на либидото и позитивно делуваат на целокупното машко здравје:

Жен-шен – коренот од ова растение има позитивен ефект врз нервниот систем и помага во намалување на стресот и анксиозноста. Тој е моќен афродизијак кој го подобрува машкото либидо и се препорачува како природно решение за мажи со еректилна дисфункција.

Левзејата е билка која е специфична за Сибир и Североисточна Азија и со векови наназад се употребувала како моќно средство за енергија и зголемување на сексуалната активност. Билката делува енергизирачки, ја зголемува физичката издржливост, половата активност и ја разгорува сексуалната желба, ја подобрува менталната активност и циркулацијата, го подобрува расположението и го намалува стресот.

Трибулус терестрис –екстрактот од трибулус, познат уште како Бабин Заб е природен афродизијак, го зајакнува машкиот репродуктивен систем, ја поттикнува мажественоста и либидото, ги зголемува нивоата на тестостерон и ја стимулира сперматогенезата.

Шизандра (Schizandra chinensis) е древна лековита билка која благотворно влијае на телото преку повеќе механизми. Не случајно се наоѓа на листата на „10 најлековити билки на планетата“, а нејзините плодови се прогласени за суперхрана. Таа е позната како „кралица на билките“ во традиционалната кинеска медицина, а уште пред 5.000 години, „таткото“ на кинеската медицина и акупунктура, Шен Нонг, ги опишал нејзините комплексни лековити својства. Многу клинички студии потврдуваат дека внесувањето на екстракт од Шизандра ги подобрува функциите на телото и ја одржува состојбата на хомеостаза. Екстрактот од шизандра го успорува процесот на стареење на организмот, го подобрува клеточното здравје и ја зголемува физичката, емоционалната и сексуалната издржливост.

Ашваганда – во Индија и на далечниот исток е позната како кралица на Ајурведата и е една од најценетите билки заради изобилството на биолошко активни материи со широк спектар на дејство. Екстрактот од ашваганда го подобрува нивото на енергија и општата состојба на организмот, влијае на намалување на нивоата на кортизол (кој се зголемува како последица на хроничен или ненадеен стрес), го зголемува нивото на енергија на клеточно ниво, ја подобрува работата на нервниот систем, делува антиоксидантно и ги заштитува невроните од оштетување, му дава поддршка на организмот полесно да се справи со стресот, го подобрува квалитетот на сон, ја зголемува психичката и физичка издржливост на организмот. Покрај претходно наведените позитивни ефекти, утврдено е и моќното дејство на оваа билка во однос на сексуалното здравје, но и сексуалното задоволство. Се смета дека ова главно се должи на подобрувањето на циркулацијата и намалувањето на стресот. Повеќе студии покажуваат подобрена сексуална функција и плодност кај мажите, но и кај жените. Ашвагандата допринесува за покачување на нивото на тестостерон кај мажите, а исто така има корисно дејство и при проблеми со импотенција и предвремена ејакулација.

Овој веб сајт користи веб колачиња. Би сакале да користиме веб колачиња "Cookies", со цел да го подобриме Вашето корисничко искуство на нашиот веб сајт. Ова ни овозможува да го подобриме Вашето идно искуство на нашиот веб сајт. Политика за колачиња
СЕ СОГЛАСУВАМ
не се согласувам