добар протеин
Како да го одберете идеалниот протеин

Во моментот една од најактуелните теми поврзана со здравиот начин на живот и различните режими на исхрана се протеините и нивната употреба во нашето секојдневие. На пазарот се нудат најразлични протеински додатоци со различно потекло и намена. Прашањето е како да го препознаете „вистинскиот“ за Вас во морето производи што ќе ги задоволи сите ваши барања, цели, па дури и одредени етички верувања.

Зошто се важни протеините?

Протеините се основните макронутриенти во нашата исхрана (заедно со мастите и јаглехидратите) кои претставуваат важни основни градивни материјали на секое ткиво и орган во телото (50% од секоја клетка е составена од протеини). Тие се дел од сите наши мускули, коски, кожа и се одговорни за нивната регенерација, сила, еластичност и правилно функционирање.

Луѓето кои внесуваат доволно протеини имаат посилен имунитет, помалку се подложни на вируси и настинки, побрзо закрепнуваат од напорните тренинзи и спортски повреди (ткивата и коските побрзо се регенерираат), имаат вишок енергија (добиваат повеќе мускулна маса и мускулен тонус), полесно ја контролираат својата телесна тежина бидејќи се чувствуваат сити кога консумираат храна богата со протеини, како што се јајца, месо, млечни производи, јаткасти плодови…

Освен во храната, протеините се наоѓаат и во форма на суплементи, а секако еден од најпопуларните е протеинот од сурутка (Whey протеин), кој е еден од најпопуларните суплементи, особено кај професионалните спортисти и сите кои што активно тренираат.

 

Предности на протеинот од сурутка (Whey протеин) во споредба со храната

Протеинот од сурутка се апсорбира побрзо од протеинити во храната и затоа е прв избор на сите кои активно тренираат и треба брзо да го внесат протеинот потребен за градење мускулна маса, а истовремено да избегнуваат тешка храна после тренинг. Од друга страна, погоден е и за луѓе кои сакаат да одржуваат балансирана исхрана и да внесуваат соодветна дневна доза на протеини, но немаат многу време за подготовка на храна. Лесно се подготвува бидејќи се меша во вода или млеко, а може да се додаде и при подготовка на брзи и едноставни рецепти.

Основна поделба на протеините

Постојат неколку основни поделби на протеинските додатоци во исхрана, а основната се однесува на потеклото на самите протеини, врз основа на кои ги делиме на растителни и животински.

Најпродавани се протеините од животинско потекло, првенствено оние добиени од млеко и сурутка, односно протеинот од сурутка (Whey протеин) и казеинот. Покрај млечните протеини, протеините од животинско потекло вклучуваат и протеини од јајца и колаген.

Протеин од сурутка (Whey протеин) – апсолутно најпопуларниот протеин добиен од млечна сурутка, кој ги содржи сите есенцијални амино киселини, неопходни на организмот дури и при тешки физички оптоварувањаа. Лесно се вари, брзо се апсорбира и ги регенерира мускулите после физичка активност. Идеален е за одржување на телесната тежина, но и за градење мускулна маса бидејќи има изразено антикатаболичко дејство (го спречува распаѓањето на мускулите).

Казеин – Претставува протеин добиен од кравјо млеко, кој се ослободува побавно од протеинот од сурутка. Како и протеинот од сурутка, казеинот исто така ги содржи сите есенцијални амино киселини. За разлика од сурутката, казеинот полека се разградува, поради што се препорачува да се користи пред спиење. Бидејќи полека се вари, идеален е за потиснување на апетитот.

Протеин од јајца – протеинот од јајца се ослободува побавно од сурутката, но многу побрзо од казеинот. Тоа е комплетен протеин кој ја има една од највисоките вредности на апсорпција и иксористеност на протеини (дури 93%), дури и повисока од млекото.

Колаген – Колагенот се добива од сврзното ткиво на риба, крава, свиња или живина. Ги штити и зајакнува мускулите и коските, ја регулира работата на цревата, а сојузник е и на младешкиот изглед бидејќи влијае на регенерација и зајакнувањето на косата, кожата и ноктите.

Од друга страна, кога зборуваме за протеини од растително потекло, вообичаено мислиме на протеини од грашок, соја, коноп и ориз.

За разлика од протеините од животинско потекло, овие протеини не ги содржат сите есенцијални амино киселини, но се одлична замена за вежбачите кои не поднесуваат лактоза. Протеините од грашокот и оризот, освен што лесно, но бавно се варат (што е исклучително погодно за регулирање на телесната тежина), имаат и изразени хипоалергични својства. Тие не содржат глутен или други потенцијални алергени.

Како да одберете идеален протеин за себе?

Изборот на протеин ќе зависи од многу фактори: покрај основните етички и верски убедувања и Вашиот начин на исхрана кој што го водите, при изборот на протеин треба да ги земете во предвид и квалитетот на протеинот, како и Вашите цели. Важен фактор при донесување одлука е секако и нетолеранцијата или преосетливоста на одредена храна.

Неколку основни совети по кои треба да се раководите при изборот на идеалниот протеин за себе се:

  • За раст на мускулите, изберете протеински прав со висока биолошка вредност – протеините од сурутка се најдобриот избор.
  • Ако тренирате активно, не го изоставувајте и колагенот, кој помага да се стимулира растот на мускулите.
  • Ако имате алергија или нетолеранција на млечни производи, протеините кои се најдобра алтернатива за млечните протеини се протеините од јајца.
  • Доколку имате проблеми со лактозата и варењето, а сакате да ги искористите сите придобивки од протеинот од сурутка, „Whey protein Isolate“ е вистинскиот избор за вас. Станува збор за протеин добиен од сурутка што е подложен на подолга обработка, со што дополнително се отстрануваат лактозата, мастите и глутенот, што резултира со протеини со највисока чистота и квалитет.
  • Ако сте вегетаријанец или веган, изберете растителни протеини со висока протеинска вредност за да ги задоволите вашите дневни потреби за протеини, како што се протеините од соја, ориз или грашок.

На самиот крај, протеинот што ќе го изберете треба да одговара на Вашиот вкус, односно да уживате додека го консумирате, а не да биде на сила. Благодарение на напредната технологија, денес има многу вкусови кои лесно можете да ги комбинирате и практикувате во Вашата исхрана и при подготовка на широк спектар на рецепти.

Овој веб сајт користи веб колачиња. Би сакале да користиме веб колачиња "Cookies", со цел да го подобриме Вашето корисничко искуство на нашиот веб сајт. Ова ни овозможува да го подобриме Вашето идно искуство на нашиот веб сајт. Политика за колачиња
СЕ СОГЛАСУВАМ
не се согласувам