Есенска депресија и хроничен замор

Како доаѓањето на есента влијае на нашето расположение и корисни билки кои можат да ни го подобрат расположението.

Официјалното започнување на есента носи големи промени не само во природата, туку и кај луѓето. Американските и канадските научници ја потврдуваат тезата која долго време се шири во научните кругови дека негативните промени во расположението во текот на есенските и зимските месеци се должат на промените во метаболизмот. Ова нарушување за прв пат било опишано во 1984 година од американскиот психијатар Норман Розентал. Имено, научниците откриле дека дневната светлина силно влијае на нашиот деноноќен ритам и на производството на некои хормони, особено мелатонин, одговорен за здрав сон и серотонин, добро познатиот „хормон на среќата“ кој се поврзува со расположението. Главната функција на серотонин е да пренесува сигнали помеѓу невроните во мозокот. Невроните, од друга страна, се одговорни за расположението, енергијата, спиењето и сексуалноста. За целите на нивното истражување, научниците  го следеле нивото на серотонин кај исти луѓе во различни сезони од годината. Се докажало дека кај сите учесници во студијата имало недостаток на серотонин токму во есенско-зимските месеци, кога сонцето и дневната светлина се намалени.  Како последица на недостаток на серотонин, покрај депресијата се јавуваат и хроничен замор, стрес, прејадување и поспаност. Затоа, се чини сосема разбирливо дека сивилото кое што го носат есенските денови донекаде влијае на состојбата на умот, иако вообичаено не го нарушува премногу секојдневниот живот или не не спречува во извршувањето на дневните активности. Се проценува дека околу 5% од светското население страда од депресија, од кои што 1-2% се однесуваат на сезонска есенска депресија. Дополнително на промените во времето и прележаниот COVID-19 може да повлијае на појавата на хроничниот замор и депресија, односно според достапните податоци околу  30-50% од прележаните пациенти со COVID-19 развиваат хроничен замор и депресија.

Доколку се прашувате дали страдате од сезонска депресија, внимателно прочитајте ги следните прашања и одговорете на секое од нив искрено.

  1. Чувствувате континуирана поспаност или имате проблеми со спиењето
  2. Чувствувате замор и потешкотии да ги извршувате секојдневните задачи
  3. Чувствувате промени во апетитот, особено поголема желба за слатка и храна богата со скроб
  4. Чувствувате дека качувате килограми
  5. Чувствувате вина, вознемиреност и тага
  6. Се чувствувате безнадежно
  7. Чувствувате нервоза и лесно се раздразнувате
  8. Избегнувате социјални активности и дружење
  9. Се чувствувате напнато и под постојан стрес
  10. Губите желба за физички контакт и немате желба за интимни односи

Доколку на повеќето од прашањата одговорот е потврден, во тој случај многу веројатно е дека кај Вас се појавуваат првите знаци на есенска депресија. За полесно да се справите со овие симптоми и да ја надминете состојбата на депресија се препорачува да јадете здрава и балансирана храна, да обезбедите квалитетен сон и одмор, да се занимавате со некаква физичка активност (без разлика дали е пешачење или активно спортување), што е можно повеќе да бидете изложени на дневна светлина, како и да имате поактивен социјален живот. Дополнително кон сите овие активности секогаш можете да додадете и некоја од адаптогените билки кои благодарение на нивните состојки можат да потпомогнат во спречување и полесно надминување на есенската депресија и да допринесат за подобрување на Вашето расположение, без да создадат зависност. Ова се дел од адаптогените билки кои се препорачуваат :

  • РодиолаРодиолата (Rhodiola Rosea) или „златен корен“ е еден од најмоќните природни адаптогени кој расте на карпести и планински места на надморска висина над 2000 метри. Во народната медицина се применува уште од античкиот период како средство за намалување на заморот, за зголемување на работоспособноста, при слабокрвност, импотентност, фригидност и сл. Содржи етерични масла, гликозиди, флавоноиди, органски киселини, шеќери, танини и др. Го стимулира централниот нервен систем, со што ја подобрува менталната и физичката работоспособност. Го подобрува апетитот, спиењето, срцевата активност. Ги подобрува перцепциите, ја засилува меморијата, го заострува вниманието. Уште во време на Советскиот сојуз оваа билка била користена за ментално здравје, против депресија, силен фокус и меморија и зголемена физичка и психичка издржливост. Делува одлично при стрес, физички напор, несоница, срцева нервоза.
  • Пасифлора – Пасифлората е позната со векови поради нејзиното смирувачко и релаксирачко дејство. Се препорачува при нервни растројства, несоница, заболувања на кардио-васкуларниот систем, хормонални проблеми, автономни нарушувања во период на климакс и др.
  • Ашваганда – Ашвагандата во Индија и на далечниот исток е позната како кралица на Ајурведата и е една од најценетите билки заради изобилството на биолошко активни материи со широк спектар на дејство. Нејзиното дејство се определува од група биолошко-активни компоненти кои што ги има во нејзиниот состав – витанолидни гликозиди. Од низата направени клинички студии за дејството на ашвагандата се докажува дека се подобрува нивото на енергија и општата состојба на организмот, се намалуваат нивоата на кортизол (кој се зголемува како последица на хроничен или ненадеен стрес), се зголемува нивото на енергија на клеточно ниво, испитаниците се чувствуваат подобро во текот на целиот ден, нивните когнитивни функции се подобрени, се подобрува работата на нервниот систем, делува антиоксидантно и ги заштитува невроните од оштетување, му дава поддршка на организмот полесно да се справи со стресот, го подобрува квалитетот на сон, ја зголемува психичката и физичка издржливост на организмот.
  • Левзејата е една од најскапоцените билки која на прв поглед многу наликува на Белиот трн, која е специфична за Алтајскиот регион и со векови наназад се употребувала од Монголските, Кинеските и Руските билкари. Се верува дека оваа билка им помагала да останат витални, бодри, издржливи, со бистар ум и сексуално активни до длабока старост над 100 години. Во нашите капсули се употребува стандардизиран екстракт со максимална концентрација од 50 % на екдистерон кој е главна компонента врз која се должи широкиот спектар на дејство на левзејата. Левзејата има благопријатно дејство врз нервниот, имунолошкиот, кардио-васкуларниот и репродуктивниот систем и го подржува организмот на клеточно ниво. Екстрактот од левзеја ги зголемува перформансите на телото и му овозможува на организмот да се прилагоди на стресот. Покрај тоа екстрактот од левзеја е моќен извор на енергија – дава сила и издржливост при зголемени физички и психички оптоварувања. Левзејата го подобрува метаболизмот на протеини и се препорачува при високопротеински режим на исхрана, бидејќи доброто разградување и апсорбирање на протеините влијае на метаболизмот и на брзото закрепнување на организмот по тешки физички оптоварувања и тренинзи и го стимулира растот на мускулната маса. Исто така екстрактот од левзеја допринесува за зголемувањето на нивото на хемоглобин и црвени крвни зрнца.
  • Lactium® патентиран млечен протеински хидролизат разработен по 12 годишно истражување во лабораториите на Ingredia во соработка со l’Université de Nancy во Франција. Преку истражувањето се проучувале физиолошките карактеристики на дигестивниот систем на бебињата и било откриено дека во дигестивниот систем на бебињата присуствуваат ензими кои се одговорни за ослободување на биолошко активен пептид кој што води до состојба на блаженство. Кај возрасните дигестивниот систем престанува да го произведува овој биолошко активен млечен пептид. Ефикасноста на млечниот протеински хидролизат Lactium® е испитана во 8 различни клинички испитувања спроведени помеѓу 1999 и 2011 година со кои се потврдува дека употребата на Lactium® ефикасно се справува при контролирањето на стресот и неговите симптоми, ја зголемува активноста на гама-аминобутенската киселина која има моќно инхибиторно дејство врз централниот нервен систем и помага во промовирање на релаксација и олеснување на нервната напнатост, ефикасно го контролира крвниот притисок при стрес. Дополнително она што е многу важно е дека станува збор за природен производ кој нема несакани ефекти, не предизвикува зависност и седативен ефект и е потполно безбеден за употреба.
  • L-теанинот е аминокиселина, која што претежно ја има во зелениот чај. L-теанинот има исклучително анти-стресно дејство и се употребува за релаксирање на организмот. Има способност да ги намали симптомите на вознемиреност и стрес. Го подобрува фокусот и вниманието и е една од најефикасните природни состојки при зголемено психичко оптоварување. Голем број испитувања докажуваат позитивни ефекти од употребата на L-теанин при хроничен замор, напнатост, вознемиреност, несоница, анксиозност и депресивни состојби, проблеми со помнењето и концентрацијата и др. L-теанинот многу добро се апсорбира и делува многу брзо: 30-40 минути по употребата. Тој поминува низ крвно мозочната бариера, каде што делува заемно со мозочните клетки, кои што се одговорни за процесите поврзани со контрола на стресот. L-теанинот се шири во меѓуклеточните простори на мозочните клетки. Го засилува имунолошкиот систем и делува како антиоксиданс и како чувар на нервните клетки. L-теанинот го стимулира и формирањето на алфа-брановите во мозокот кои предизвикуваат состојба на смиреност и во исто време ја зголемува меморијата.
Овој веб сајт користи веб колачиња. Би сакале да користиме веб колачиња "Cookies", со цел да го подобриме Вашето корисничко искуство на нашиот веб сајт. Ова ни овозможува да го подобриме Вашето идно искуство на нашиот веб сајт. Политика за колачиња
СЕ СОГЛАСУВАМ
не се согласувам