Празниците се зад нас и сите се чувствуваме малку уморни и исцрпени. Виновникот за ова го наоѓаме во разни забави на кои присуствувавме, недостатокот на сон или празничните фамилијарни трпези. Никој не верува дека зголемениот внес на храна и алкохол всушност е главниот виновник за таквата состојба. За време на празниците ретко кој внимава на исхраната и внимателно ја избира храната што ќе ја јаде. Впрочем, сите јадеме се што ни се сервира на трпезата, без да размислуваме какви последици ќе има за нас подоцна.
Зголемениот внес на храна го успорува нашиот метаболизам. Почнуваме да таложиме масни наслаги, се чувствуваме тешко, уморно и тромаво. Зголемен е и внесот на нездрави јаглехидрати и масти, најчесто преку колачи. Тие се можеби и главниот виновник зошто се чувствуваме уморни. Имено, белиот шеќер и брашното се празни калории кои немаат никаква хранлива вредност. Со нивно консумирање го оптоваруваме нашиот организам и трошиме енергија за нивна преработка, а тие всушност не ги хранат нашите клетки. Тоа предизвикува чувство на замор и исцрпеност, најчесто после обилен оброк и секако, задолжителниот десерт што следи. Ние исто така го исцрпуваме телото со акумулирани пестициди и тешки метали кои се наоѓаат во различни преработени намирници.
По празниците, јадењето здрава и балансирана храна може да помогне во детоксикација на телото. Овошјето како што се бобинките, агрумите и брусницата се богати со антиоксиданси, додека брокулата ја поддржува детоксикацијата на црниот дроб. Ѓумбирот и куркумата имаат антивоспалителни својства, а исто така важна е и хидратацијата и пиењето многу вода.
Секако дополнително можеме да му помогнеме на организмот со додатоци во исхраната кои содржат природни екстракти за детоксикација на организмот и ги забрзуваат процесите на чистење на организмот. Како прв избор секогаш доаѓаат додатоците во исхраната кои што содржат екстракт од Магарешки трн, затоа што тој природно изобилува со силимарин, состојка која докажано делува на регенерацијата и чистењето на црниот дроб. Помага во заштитата на клетките на црниот дроб од оштетување предизвикано од токсините и ја промовира регенерацијата на здравото ткиво на црниот дроб.
Екстрактот од куркума, која е добро позната на сите нас, содржи соединение наречено куркумин, кое има моќни антиоксидантни и антиинфламаторни својства. Тоа помага да се намали воспалението и го поддржува целокупното здравје на црниот дроб.
Екстрактот од артичока е уште една клучна природна состојка за детокс и чистење на организмот која помага да се стимулира работата на жолчката, која игра клучна улога во варењето на храната и апсорпцијата на мастите. Дополнително, артичоката традиционално се користи за поддршка на здравјето на црниот дроб и жолчното кесе.
Ова се само некои од билките и додатоците во исхрана кои му помагаат на телото да ги елиминира токсините акумулирани за време на празниците. Секако пред да направите значителни промени во Вашата исхрана, добро е да се консултирате со нутриционист или лекар.