недостаток на минерали
Дали имате недостаток на минерали? 5 чести недостатоци на минерали

Минералите се хемиски соединенија или молекули што се наоѓаат во природата. Минералите се разликуваат од витамините. Тие се неоргански супстанции кои не само што играат важна улога во екосистемот на земјата, туку и во целокупното здравје на сите живи организми и тоа растенијата, животните и луѓето. Главните минерали се присутни со повеќе од 5 грама во човековото тело. Доколку има помалку од 5 грама, минералот се смета дека се јавува во траги. Без разлика на нивното присуство, сите минерали се клучни со цел ензимите, протеините и клетките да функционираат со оптимален капацитет.

Железо

Иако железото сочинува пет проценти од земјината кора, недостатокот на железо е најчестиот недостаток на минерал во светски рамки. Се смета дека секој трет човек во светот има ниско ниво на овој есенцијален минерал. Бремените жени се изложени на најголем ризик. Мажите најчесто имаат вкупно 4 грама железо во крвта, додека жените имаат 3 грама. Железото е најпознато по улогата во одржување на црвени крвни зрнца или хемоглобинот. Во случај на ниско ниво на железо, не може да се произведуваат соодветни црвени крвни зрнца, а тоа резултира со состојба позната како анемија. Иако постојат и други причини за анемија, како што се недостаток на фолна киселина и витамин Б12, ниското железо е главна причина за анемија. Железото се јавува во две форми: хем железо, коешто главно доаѓа од животински извори, и не-хем железо, коешто доаѓа од растителни извори. Кога железото се консумира преку месо, телото ресорбира околу 30 проценти од внесеното хем-железо. Кога железото се консумира преку растенија, јаткасти плодови и семиња, се ресорбира околу 10 проценти од не-хем железото.

Причини за недостаток на железо

– Несоодветен внес во исхрана;
– Хируршки интервенции за намалување тежина (гастричен бајпас, гастричен ракав, итн.);
– Обилна менструација;
– Чир на желудник;
– Полипи на дебело црево (кои може да крварат);
– Синдром на малапсорпција;
– Цревни заболувања (пропустливост на цревата, Кронова болест, улцеративен колитис, целијачна болест).

Симптоми на недостаток на железо
– Замор;
– Блед изглед;
– Губење на здивот;
– Болка во градите;
– Палпитации на срцето.

Извори на храна богата со железо
– Месо (говедско, јагнешко, мисиркино, пилешко, телешко, итн.);
– Морска храна (ракчиња, школки, туна, итн.);
– Зеленчук (спанаќ, грашок, брокула, кељ, итн.);
– Овошје (јагоди, лубеница, суво грозје, урми, сливи, итн.);
– Мешунки (тофу, грав, леќа).

Железото треба да се зема само ако е дијагностициран недостаток на железо и ако изворите на храна не обезбедуваат соодветен внес на железо. Откако ќе се дијагностицира дефицит на железо и се советува суплементација, се зема и витамин Ц, којшто помага за зголемена апсорпција.

Магнезиум

Магнезиумот е од клучно значење во над 350 хемиски реакции во човековото тело. Просечниот човек има околу 25 грама магнезиум во телото. Еден процент од тоа се наоѓа во серумот и црвените крвни зрнца, а 90 проценти се присутни во коските и мускулите. Ниското ниво на магнезиум во крвта укажува на недостаток, иако нормален тест на крвта може да се добие и кога нема доволно магнезиум во телото. Се проценува дека околу 75 проценти од светската популација има несоодветни количини на магнезиум кои се неопходни за одржување на здравјето. Важен е соодветен внес на храна богата со магнезиум, пред сè на зелен лиснат зеленчук. Честопати исхраната не е доволна и потребни се додатоци во исхрана. Одредени лекови го зголемуваат ризикот од недостаток на магнезиум, како што се лекови за намалување на гастрична киселина (т.е. омепразол, пантопразол, ранитидин) и диуретици (т.е. фуросемид, триамтерен, хидрохлоротиазид).

Причини за недостаток на магнезиум
– Несоодветен внес преку исхрана;
– Хируршки интервецнии за намалување тежина (гастричен бајпас, гастричен ракав, итн.);
– Малапсорпција;
– Цревни заболувања (пропустливост на црева, Кронова болест, улцеративен колитис, целијачна болест).

Симптоми на недостаток на магнезиум
– Мускулни грчеви;
– Грчеви во нозете (особено ноќе);
– Грчеви на очните капаци;
– Палпитации на срцето.
– Покачен крвен притисок;
– Мигрена;
– Тензиски главоболки;
– Симптоми на анксиозност;
– Запек;
– Лоша контрола на гликозата;
– Хиперактивен мочен меур.

Извори на храна богата со магнезиум
– Семки од тиква;
– Бадеми;
– Спанаќ;
– Индиски ореви;
– Едамаме;
– Црн грав;
– Црно чоколадо;
– Путер од кикирики;
– Авокадо;
– Млеко од соја.

Најдобро е да се добива магнезиум преку исхрана. Сепак, тоа често не е доволно, дури и кај оние со здрава и балансирана исхрана. Магнезиумот е достапен во прав, таблети или капсули. Магнезиумот што се јавува во форма на магнезиум цитрат, магнезиум глицинат, магнезиум малат или магнезиум треонат е идеален за оптимална апсорпција и ефикасност. Магнезиум оксид е прифатлива, но понекогаш дава несакани гастроинтестинални ефекти, како што е течна столица. Земајте магнезиум како што е наведено на упатството. Лицата со бубрежна болест треба да се консултираат со својот лекар пред употреба.

Калциум

Калциумот е еден од најчестите минерали во телото и на земјата. Околу два проценти од нашата телесна тежина е составена од калциум. Се проценува дека 99 проценти од калциумот во чивековото тело се наоѓа во коските, додека еден процент циркулира во крвта и е присутен во клетките.
Калциумот е одговорен за здравјето на коските и мускулите, вклучително и за контракциите на срцевиот мускул. Кога не се внесува доволно калциум во исхраната, може да настанат здравствени компликации. Кога се консумираат со храна, калциумот и магнезиумот најчесто се избалансирани. Кога се земаат додатоци во исхрана, треба да се додаде и додаток на магнезиум. Покрај тоа, потребни се соодветни нивоа на витамин Д за апсорпција на калциум.

Причини за недостаток на калциум
– Недостаток на витамин Д;
– Недоволен внес преку исхрана;
– Хируршки интервенции за намалување тежина (гастричен бајпас, гастричен ракав, итн.);
– Малапсорпција;
– Цревни заболувања (пропустливост на црева, Кронова болест, улцеративен колитис, целијачна болест).

Симптоми за недостаток на калциум
– Проблеми со забите;
– Депресија;
– Кршливи нокти;
– Замор;
– Халуцинации;
– Менструални грчеви;
– Мускулни грчеви;
– Остеопенија/Остеопороза.

Извори на храна богата со калциум
– Семиња (чиа семе, сусам);
– Млечни производи (сирење, јогурт);
– Грав и леќа;
– Бадеми;
– Протеин од сурутка;
– Млеко од соја.
– Зелен лиснат зеленчук;
– Смокви.

Кога преку исхрана не се обезбедува доволно калциум, потребен е додаток на калциум во исхраната. Најчесто се земаат 500 мг до 1.000 мг дневно. За калциум карбонат е потребна соодветна стомачна киселина за апсорпција и најдобро е да се зема со оброк. Лицата кои земаат лекови за намалување на гастрична киселина најдобро е да консумираат калциум цитрат. Други форми како што се корален калциум, калциум глуконат или калциум лактат се исто така прифатливи. Исто така се земаат комбинации на калциум и магнезиум или комбинирани додатоци на калциум-магнезиум-цинк.

Јод

Се проценува дека, на глобално ниво, секој трет човек има недоволен внес на јод. Соодветно ниво на јод е потребно за производство на тироидни хормони кои понатаму се важни за метаболизамот во човечкиот организам. Оние со симптомите наведени подолу или со состојби на тироидната жлезда треба да се консултираат со својот лекар за проверка на нивото на јод во урината. Нормални нивоа во урина се > 100 лкг/Л или повеќе.
Кога има недостаток, може да се развие гушавост (зголемување на тироидната жлезда) и тироидни јазли. Ниските нивоа на јод се исто така поврзани со замор, ниска телесна температура и намалени когнитивни способности. Тежок недостаток може да резултира со ментална ретардација во (раното) детство. Недостатокот на јод е чест во Африка и Јужна Азија, додека 50% од луѓето во Европа исто така имаат умерен дефицит. Ендокринолошка студија од 2018 година на норвешки трудници во покала дека до 55% од жените имале неоптимален внес на јод во нивната исхрана. Според Австралиското здружение за тироидна жлезда: „Повеќе од 50% од децата и бремените или доилките кои живеат во Австралија имаат дефицит на јод“. Друга студија од 2011 година во списанието „Тироида“ покажала дека речиси 10% од луѓето во САД имале умерен до тежок дефицит на јод. Се верува дека дополнителни 5-10% имаат умерен дефицит. Со други зборови, секој петти Американец исто така може да има недостаток на јод. Во Јапонија имаат тенденција за поголем внес на јод од повеќето други земји поради рутинската потрошувачка на вакаме (ундарија), нори (порфира) и комбу (ламинарија) видови на алги.

Причини за недостаток на јод
– Лош внес преку исхрана;
– Хируршки интервенции за намалување тежина (гастричен бајпас, гастричен ракав, итн.);
– Малапсорпција;
– Цревни заболувања (пропустливост на црева, Кронова болест, улцеративен колитис, целијачна болест).

Симптоми на недостаток на јод
– Ладни прсти на рацете и нозете;
– Замор;
– Јазли на тироидната жлезда/гушавост;
– Намалена активност на тироидната жлезда;
– Депресија;
– Мозочна магла/проблеми со учењето и меморијата;
– Зголемување на телесната тежина;
– Опаѓање на коса;
– Сува кожа.

Извори на храна богата со јод
– Морска храна (туна, ракчиња и бакалар);
– Морски алги (вакаме, нори, комбу);
– Зеленчук;
– Млечни производи (јогурт, урда, кравјо млеко);
– Јајца;
– Суви сливи;
– Јодирана сол.

Кога исхраната не е доволна, треба да се земаат квалитетни мултивитамини со 150 мкг јод. Некои, исто така, земаат додатоци на алги за да добијат соодветен јод. Европската Унија препорача 600 мкг како горнат граница на јод преку суплементација.

Цинк

Според Светската здравствена организација, се проценува дека до 20 отсто од светското население има недостаток на цинк. Кога се засегнати малите деца, растот може да биде заостанат, додека имуниот систем може да биде негативно засегнат, што ја отежнува борбата против опасните бактерии и вируси. Децата во Јужна Азија, Африка и Западен Пацифик се изложени на поголем ризик од децата на други локации низ светот. Во Северна Америка и Европа постарите лица се изложени на поголем ризик од недостаток за разлика од децата.

Причини за недостаток на цинк
– Лош внес преку исхрана;
– Хируршки интервенции за намалување тежина (гастричен бајпас, гастричен ракав, итн.)
– Малапсорпција;
– Рутинско внесување алкохол;
– Цревни заболувања (пропустливост на црева, Кронова болест, улцеративен колитис, целијачна болест).
– Лекови (диуретици кои се користат за крвен притисок).

Извори на храна богата со цинк
– Остриги;
– Месо (говедско, телешко);
– Живина (пилешко, мисиркино);
– Морска храна (риба, рак и јастог);
– Семиња (коноп, тиква, сончоглед, ф’стаци, чиа, семе од лен);
– Јаткасти плодови (ореви, индиски ореви, бразилски ореви).

Симптоми кај недостаток на цинк
– Сува кожа (дерматитис);
– Губење на мирис;
– Бавно заздравување на рани;
– Забавен раст (до колку кај децата е дефицитарен);
– Дијареа;
– Ментални нарушувања;
– Губење на меморија;
– Опаќање коса;
– Импотенција;
– Повторливи инфекции поради намален имунитет.

Во зависност од возраста, се препорачуваат од 2-13 мг цинк дневно. Доилките имаат зголемени потреби, а доенчињата имаат најниски потреби од цинк. Повеќето квалитетни мултивитамини содржат цинк. Исто така, постојат комбинирани додатоци на калциум-магнезиум-цинк кои се корисни за здравјето на коските. На некои лица им треба дополнителен цинк и земаат додаток на цинк. Пастилите со цинк се земаат често за време на сезоната на настинки и грип за да помогнат во спречување на инфекции на горните дишни патишта.

Овој веб сајт користи веб колачиња. Би сакале да користиме веб колачиња "Cookies", со цел да го подобриме Вашето корисничко искуство на нашиот веб сајт. Ова ни овозможува да го подобриме Вашето идно искуство на нашиот веб сајт. Политика за колачиња
СЕ СОГЛАСУВАМ
не се согласувам