мизуха четки
Д-р Бабамова: со Mizuha четките за заби ќе заборавите на забните наслаги, а не ви треба ни паста!

Брзате на состанок а предходно сте јаделе, или пак пиете црвено вино во омилениот ресторан и не ви е пријатно бидејќи виното остава црвени наслаги на забите. За среќа јапонците ги создадоа револуционерните четки Mizuha кои содржат кварц, за кои не ви треба паста и многу ефикасно ги отстрануваат забните наслаги. Идеални се за сите оние кои имаат брз начин на живот, и кои сакаат да се снајдат во секоја ситуација. 

Бројни истражувања покажале дека присуството на кварцот на директен начин влијае на отстранувањето на забните наслаги. Имено кварцот поседува неверојатен измазнувачки ефект, со што елиминира секакви заостатоци од храна и наслаги на забите. Тоа го прави толку темелно што високиот сјај е видлив и остава впечаток уште при првото четкање. Уште поважно е сознанието дека во текот на триењето со забните површини, кварцот ослободува голема количина на негативни јони, кои покажуваат исклучителен афинитет кон Ca++ јоните од плунката, кои се пак најодговорни за таложењето и создавањето на забниот камен.

“Пациентите кои користат ваков тип на четки, имаат многу помалку или воопшто немаат забен камен. Делуваат и антибактериски, што прави редукција (намалување) на бројот на бактерии во усната празнина како и на самата четка. Докажано е влијанието врз бактериите од типот на Еsherihija Colli, Pseudomonas Aeruginosa, Staphilococcus. Сите тие се патогени бактерии кои предизвикуваат респираторни инфекции кај децата и возрасните но и инфекции на други органи и системи”вели Д-р Бабамова.

Мизуха на Јапонски означува состојба на младост свежина и ведрина. Се користи како синоним за сјајни и убави заби, свеж и чист изглед. Сите производи од овој бренд, припаѓаат во категоријата на производи за орална нега, создадени со имплементирање на најнова и иновативна технологија на влакна со природна керамика, безбедни и со докажан квалитет.

На наша голема среќа и задоволство, овие производи се веќе присутни на нашиот пазар, и достапни онлајн, или во маркетите на Дm дрогерии.

А нам ни останува да се увериме во нивната ефикасност.

Lorem ipsum dolor sit amet, consectetur adipiscing elit. Ut elit tellus, luctus nec ullamcorper mattis, pulvinar dapibus leo.

Овој веб сајт користи веб колачиња. Би сакале да користиме веб колачиња "Cookies", со цел да го подобриме Вашето корисничко искуство на нашиот веб сајт. Ова ни овозможува да го подобриме Вашето идно искуство на нашиот веб сајт. Политика за колачиња
СЕ СОГЛАСУВАМ
не се согласувам