кариес четка за заби
Д-р Бабамова: Кариесот може да се отстрани на безболен начин! Како најлесно до здрави заби?

Д-р Бабамова: Кариесот може да се отстрани на безболен начин! Како најлесно до здрави заби?

Повеќето од нас одат на стоматолог откако ќе не заболи заб! Го одложуваме одењето на забар, и не обрнуваме какви четки за заби користиме. Купуваме најефтини четки, а потоа  постојано ни се прават наслаги, се создава  забен камен, дури и полошо непцата ни крварат.

А се може да биде поинаку!

Кариесот може безболно да се отстрани навреме, а потоа забите секојдневно да ги одржуваме со квалитетни јапонски четки за заби кои содржат кварц, и кои ќе изгледаат како да се полирани.

Стравот од стоматолог, е чувство кое треба да се остави во минатото!  Денес стоматологијата е толку многу напредната, се работи со софистицирана опрема и технологија така што стравот кој постои од одење на стоматолог е крајно непотребен, вели стоматологот Д-р Лилјана Бабамова.

Таа во својата ординација воведе иновативен метод на  воздушна абразија со која кариесот се отстранува на комплетно безболен начин, со млаз од воздух и прашак, а може да се користи и кај деца и кај возрасни.  “Нема болка, непријатен звук, вибрации и стрес. Методата е многу конфорна, третманот релаксирачки. Освен ваквите придобивки, оваа метода го штеди здравото забно ткиво од прекумерно одземање, а влијае и на квалитетот на финалните изработки. Се третираат лезии, од површни до најдлабоки, а се овозможува и третирање на повеќе заби во една сеанса и тоа без употреба на анестезија. Истовремено праксата потврдува дека пломбите изработени со оваа метода, траат двојно подолго“ вели Д-р Бабамова.

Таа ги препорачува четките за заби со кварц Мизуха кои многу ефикасно ги отстрануваат наслагите.  Тие се со најнова технологија на влакна од природна керамика и оставаат силно чувство на чистота и ефект на полирани заби. Можат да се нарачаат онлајн! Со нив наслагите полесно и побрзо се отстрануваат, а она што е интересно е дека е потребна помала количината на паста која треба да биде нанесена на работната површина на четката при четкањето.

Со секојдневна употреба на четките за заби Мизуха исчезнуваат забните наслаги, крварењето од непцата, се зголемува превенцијата за појава на гингивит и парадентоза. Делуваат антибактериски, уникатни се и даваат долготрајно чувство на чисто. Гарантираат темелно и ефикасно отстранување на забните наслагите и забниот плак, дури и од најтешко достапните места. Поседуваат јонизирачко и антибактериско дејство, допринесуваат за редуцирање на бројот на бактерии во усната празнина како и на самата четка.

Д-Р Бабамова истакнува дека не сме свесни колку се важни забите за општата здравствена состојба, и колку тие влијаат на различни органи во нашето тело. Болестите на устата и забите може да предизвикаат непријатност и болка и да бидат поврзани со други сериозни здравствени проблеми. Половина од луѓето во светот страдаат од орални заболувања, како што се расипување на забите и заболување на непцата, што може да влијаат на секој аспект од животот, од лични односи и самодоверба до функционирање во училиште и на работа.

Одењето на стоматолог веќе нема да се поврзува само со болка,  туку со здрави бели заби и  убава насмевка која позитивно делува на нашата самодоверба!

 

Овој веб сајт користи веб колачиња. Би сакале да користиме веб колачиња "Cookies", со цел да го подобриме Вашето корисничко искуство на нашиот веб сајт. Ова ни овозможува да го подобриме Вашето идно искуство на нашиот веб сајт. Политика за колачиња
СЕ СОГЛАСУВАМ
не се согласувам