Пробиотиците се живи микроорганизми (на пр. бактерии) кои се исти или слични со тие кои се нормално присутни во нашиот организам и имаат поволен ефект врз човековото здравје. Земање на препарати со пробиотици има повеќе бенефити меѓу кои: зголемување на имунитетот, намалување на дијареа, повраќање и други дигестивни проблеми и тн. Сите производи се достапни за онлајн нарачка со бесплатна достава.

    Прикажан 21 производ

    Dr.Nature Пробиотик комплекс плус – 10 капсули

    490 ден

    За здрава цревна микрофлора!
    Dr.Nature Probiotic complex + се капсули со највисока отпорност на пробиотските бактерии на собна температура, со специфичен пробиотски сој Bacillus coagulans кој гарантира ефикасно внесување во желудникот на живите бактерии, стабилни при зголемена влажност за долг живот на пробиотските бактерии во цревата.
    Dr.Nature ги препорачува за: нарушена микрофлора на дигестивниот тракт, алергии од храна, проблеми со варењето на храната од различен карактер, воспалителни процеси и гнилост во цревата, по антибиотска терапија, дисбактериоза, пад на имунолошкиот систем.

    Pico Lactis plus x 8 шишенца

    520 ден

    Pico лактис плус ( PICO LACTIS PLUS) шишенца со живи млечни бактерии, витамини од Б-комплекс, квасец и Фруктоолигосахарид граничен производ

    4U Pharma Probival choco +C+Zn

    435 ден

    Пробиотик за деца -PROBIVAL CHOCO + C + Zn

    Почитувани родители,

    Во нашиот организам постојат добри бактерии кои цревната флора ја прават здрава, а го спречуваат растот и развојот на лошите-патогени бактерии кои го нарушуваат здравјето.

    Кај децата цревната флора се нарушува по дејство на различни фактори.
    Поради нарушена цревна флора , доаѓа до тешкотии и болки во стомакот, кои вклучуваат и акутна дијареја.

    Probival Choco + C + Zn е единствениот облик на чоколадни меченца кои децата го сакаат и прифаќаат!
    Содржи добри млечно-киселински бактерии и бифидо бактерии кои ги нарекуваме „детски бактерии“ бидејќи се природни жители на цревниот тракт и најдобри испитани пробиотски бактерии.
    Пробиотикот Inulin и цинк во составот придонесуваат за исклучителна ефикасност на овој производ.
    Во согласност со препораките на СЗО и UNICEF, цинкот се препорачува во терапија на акутна дијареја, бидејќи го скратува времетраењето и ги ублажува симптомите.

    WAYA® пробиотски капки 10ml

    412 ден

    За новороденчиња, доенчиња и деца

    Проверен квалитет

    Капките овозможуваат регулирана дигестија и олеснување на дигестивните нарушувања.

    Во својот состав содржат пробиотски сој Lactobacillus rhamnosus GG.

    PharmaS PROBalans капсули x20

    465 ден

    Капсули за здрав дигестивен систем

    Health Aid Colonease Plus, 60 капсули

    1,214 ден

    Природна поддршка од Lactobacillus и Bifidobacterium пробиотски култури, алое вера, семе од магдонос, масло од мента, масло од жалфија.

    Диастоп пробио капсули

    235 ден

    Пробиотик за здрав дигестивен систем и добар имунитет

    ESENBAK IMUNO DIGEST, 10 капсули

    374 ден

    EsenBak IMUNO DIGEST пробиотикот содржи 10 внимателно изберени пробиотски култури на лактобацили и бифидобактерии, цинк, витамини Б1, Б2, Б6 како и есенцијалната аминокиселина Л-лизин.

    Благодарение на својот единствен состав, EsenBak IMUNO DIGEST брзо воспоставува баланс на цревниот микробиот кај деца и возрасни, го штити дигестивниот систем и ја зајакнува одбрамбената способност на организмот.

    Пробиотските култури во  EsenBak IMUNO DIGEST пробиотикот манифестираат силни антимикробни, имуномодулаторни и антиоксидативни ефекти кои доведуваат до олеснување на дигестивните тегоби од различно потекло, намалување на појавата на инфекција, алергиски реакции и други пореметувања.

    Бидејќи  EsenBak IMUNO DIGEST е збогатен со цинк, витамини од Б групата и Л-лизин, со негова редовна примена се остварува позитивно дејство на имуниот систем по пат на неколку различни механизми.

    Може да го користат деца постари од 6 години и возрасни.

    Протективниот ALU-ALU блистер пружа супериорна заштита на живите пробиотски култури од светлост, влага и кислород.

    Health Aid InfantProbio капки за доенчиња и...

    1,815 ден

    InfantProbio има значајна улога во подобрување на гастроинтестиналните проблеми кај доенчињата и децата како и во зајакнување на имунитетот. Претставува уникатна и единствена формулација која се состои од живи колонии (200 милиони) во една доза на Lactobacillus Reuteri, NCIMB 30351 кои што се изолирани од мајчиното млеко. Ја стимулира и смирува локалната лигавица на цревата при состојби на грчеви, игра многу важна улога во превенција од алергии.

    PharmaS Diarino ORS Boulardii ќесички

    316 ден

    Ќесички со електролити и пробиотик при дехидратација

    Диастоп директ ќеси со пробиотик

    262 ден

    Микрогранули за пиење за директна употреба со вкус на малина и јагода

    NOW Serrapeptase 60.000SU, 60 капсули

    1,830 ден

    Serrapeptase (serratiopeptidase) е ензим за варење протеини изолиран од пријателската бактерија Serratia marcescens. Истражувањата покажуваат дека Serrapeptase се апсорбира недопрена од дигестивниот тракт и дека делува системски за да ги поддржи здравите функции на имунолошкиот систем и да ги промовира нормалните процеси на заздравување на телото.

    • Додаток во исхрана

     

    NOW Betaine HCl 648 mg, 100 капсули

    1,590 ден

    Хлороводородна киселина (HCl) нормално се создава во желудникот каде што помага во варење на протеините со активирање на пепсин, одржува здрава рамнотежа на цревната флора и стимулира ослободување на цревните ензими.

    Пепсинот е протеаза произведена во желудникот која делумно ги разградува протеините во храната. Производството на HCl се намалува со возраста, така што надополнување со HCl и пепсин може да помогне да се одржи нормална дигестивна функција.

    Betaine HCl е кисела форма на бетаин, супстанција слична на витамин која се наоѓа во житариците. Се препорачува како дополнителен извор на HCl за луѓе кои имаат недостаток на производство на стомачна киселина.

    • Придонесува за нормален метаболизам на хомоцистеин
    • Вегетеријанска формула
    • Вегетеријански/Веган производ
    • Без ГМО
    • Додаток во исхрана

    NOW Probiotic-10 25 Billion, 30 капсули

    1,500 ден
    • 10 пробиотски видови
    • Здрава интестинална флора
    • Без млечни состојки, соја и глутен
    • Клинички потврдени соеви

    BioGaia ProTectis таблети со вкус на лимон...

    360 ден

    BioGaia ProTectis таблети за џвакање е граничен производ што содржи L. reuteri Protectis, природен лактобацил, кој го помага возобновувањето на природниот баланс во цревата и одржувањето на истиот. L. reuteri Protectis е еден од нај испитуваните пробиотски ланци во големи клинички студии и е одобрен како ефикасен и безопасен производ за возрасни и деца вклучувајќи ги и новородените деца како и прематурните новородени деца. L. reuteri Protectis се пробиотски бактерии, патентирани од фирмата BioGaia. Бидејќи L. reuteri Protectis живее нормално во човечкиот организам, тој има уникатна способност да се адаптира да преживее во човечкиот организам. L. reuteri Protectis е исклучително пробиотска бактерија, поради нејзините докажани и документирани позитивни влијаниjа врз здравјето на човекот во многу области.

    БиоГаја ПроТектис таблетите за џвакање се препорачуваат при:

    Третман и превенција на констипација кај деца и возрасни
    Третман и превенција на функционална абдоминална болка кај деца
    Дополнителна терапија на антибиотско лекување
    Дијареја
    Подобрување на имунитетот
    Помага во спречување на појава на егзема кај деца со атописка конституција
    Кај деца и возрасни, како дополнителна терапија, го намалува присуството на helicobacter pylori
    Помага во одржувањето на здравјето на устата и забите (L. Reuteri е единствен пробиотик присутен во усната празнина кој може да убие одредени видови бактерии кои предизвикуваат расипување на забите)
    Предупредување !
    Информациите за нашите производи дадени на нашата интернет страница се само краток опис за особините на граничните производи и нивното индикационо поле. За стручно и професионално мислење Ве молиме консултирајте се со Вашиот лекар или фармацевт. Податоците на оваа оваа интернет страница служат само за информирање и истите не се наменети за промоција или рекламирање.

    Recol Bimbo капки за новороденчиња 7ml

    600 ден

    Kапки за инфантални колики кај новороденчиња на база на Lactobacillus reuteri кој е единствениот пробиотик кој е уникатно приспособен на дигестивниот тракт.

    Health Aid CranProbio 30 капсули

    1,279 ден

    CranProbio е додаток на исхрана со висока концентрација на пробиотски соеви од Lactobacillus и Bifidobacterium, каде исто така се комбинирани со брусница и цитрон.

    NOW BerryDophilus Kids 60 таблети за џвакање

    1,140 ден

    Таблети за џвакање за деца со пробиотик.

    ProBalance baby капки

    587 ден

    Капки со пробиотик и витамин Д3 за бебиња и деца

    Диастоп за бебиња капки со пробиотик

    536 ден

    Капки со пробиотици против грчеви, проливи и проблеми со варењето на храната кај бебињата.

    Бекутан Kids Vits мултиимуно ќеси

    359 ден

    Мултивитамински прашок со пробиотик за растварање со вкус на портокал.