Прикажани 5 производи

    камилица чај -10%

    Чај Камилица 50 гр

    88 ден

    – Латинско име – Matricaria chamomilla L.

    – Подготовка на чај: 1 лажица прелијте ја со (200мл) врела вода. Покријте го садот, оставете 5-10 минути и прецедете.

    – Хемиски состав: Флавоноиди, етерично масло, кумарини, аминокиселини, горчливи материи, танини.

    – Употреба: се користи при дијареа, грчеви и болки во стомакот, гасови, хемороиди, испирање на устата и за смирување.

    релакс чај -10%

    РЕЛАКС – RELAX чајна мешавина 100 гр

    170 ден
    – Чајна мешавина за смирување
    – Состав: нане, камилица, маточина.
    – Подготовка на чај: 1 кафена лажица од мешавината се прелива со 200мл зовриена вода, оставете го покриен садот 15 минути и прецедете. Чајот најдобро е да се пие навечер пред спиење.
    – Чајната мешавина има благо седативно дејство, му помага на организмот подобро да се справува со контуинираните стресни состојби. Се препорачува при несоница, тешко заспивање и испрекинат сон.

    Good Nature Релакс Б3 /Б6 – Чајна...

    92 ден

    ЗА ОПУШТЕН, БАЛАНСИРАН И ХАРМОНИЧЕН ДЕН

    Чајот Релакс Б3 /Б6 претставува мешавина од специјално одбрани билки, која е збогатена со

    витамините Б3 и Б6 , што ја прави одличен додаток во вашиот ритуал за релаксација во секој дел од

    денот.

    Цветот од лаванда и цветот од липа придонесуваат за релаксација на целото тело, додека, пак,

    листот од матoчина придонесува за нормално когнитивно и ментално здравје, има релаксирачки

    ефект и придонесува за квалитетен и за мирен сон.

    Витамините Б3 и Б6 придонесуваат за нормална фунција на нервниот систем.

    Оваа билна мешавина содржи цвет од камилица, лист од маточина (27 %), цвет од липа (13 %),

    цвет од лаванда (13 %) и природна арома која содржи витамин Б3 и витамин Б6.

    Co 1 просечна порција = 200 ml приготвен чај ќе внесете 15 % од препорачаното дневно внесување

    на витамините Б3 и Б6 .

    Чајот Релакс Б3 /Б6 е секогаш добредојден за вас и за вашето тело, а може да се консумира топол

    или студен во кој било момент кога ви се потребни спокој и релаксација.

    EXPULMO LUNAC СИРУП СО БЕЛ СЛЕЗ –...

    220 ден

    LUNAC содржи мацерат од корен на бел слез, богат со слузи, кои ја обложуваат слузокожата на грлото и помага во заштита на слузокожата на горните дишни патишта.

    LUNAC содржи екстракт од корен на бел слез, богат со слузи, кои благопријатно делуваат на устата, грлото и гласните жици. Исто така придонесува во одржување на здравјето на грлото и респираторниот тракт. Камилицата помага во заштита и одржување на здравјето на слузокожата на горните дишни патишта, додека природниот витаминот Ц од плодот на шипката, придонесува за нормално функционирање на имунолошкиот систем.

    PRIMAL СИРУП– ПОМАГА КАЈ СИТЕ ВИДОВИ КАШЛИЦА,...

    320 ден

    Primal сирупот содржи билни екстракти кои помагаат кај упорни кашлици, придонесувајќи во искашлувањето и смирувањето на слузокожата на горните дишни патишта.

    Јагликата помага во излачувањето на слузот од бронхиите, во разредувањето на густиот бронхијален секрет и во олеснувањето на дишењето.