Л-карнитинот соеднинение кое природно се наоѓа во организмот во скоро сите клетки. Ги транспортира мастите во клетките каде се врши нивна оксидација, процес при кој се добива енергија, а од друга стана ги исфрла штетните материи кои се добиваат надвор од клетките. Сите производи се достапни за онлајн нарачка со бесплатна достава.

    Прикажани 4 производи

    L – CARNITINE 30 x 500 mg

    430 ден

    Л-карнитин учествува во преносот на масни киселини низ липидната фаза на мембраната на митохондриите каде се одвива негова бета оксидација и ослободување на енергија.
    Л-карнитин има битно влијание врз процесот на оксидација на масните киселини и добивање на енергија во облик на ATP (adenozin trifosfat), кој дава неопходна енергија на организмот, а посебно на скелетните мускули и срцевиот мускул.

    Во случај на дефицит на Л-карнитин во организмот, мастите не се искористуваат за создавање на енергија, туку се повеќе се таложат во вид на поткожно масно ткиво. Покрај зголемените масни наслаги, недостаток на Л-карнитин предизвикува и замор. Во текот на спортските активности Л-карнитин го зголемува енергетското ниво и прагот на издржливост на организмот и му помага да го преброди тренингот.

    Телото повеќе користи масти за добивање на енергија, со што го штеди гликогенот и се редуцира насобирање на млечна киселина во мускулите, а со тоа се продолжува и зголемува капацитетот на вежбањето пред појава на замор.

    Л-карнитин го подобрува тонусот на срцевиот мускул и функцијата на срцето, го стимулира снабдевањето на срцето со енергија и ја подобрува работата на кардиоваскуларниот систем.
    Л-карнитин ја стимулира секреторната функција на панкреасот и покажува позитивно влијание врз сперматогенезата и подвижноста на сперматозоидите.

    Dr. Nature CLA + зелен чај +...

    1,385 ден

    Додаток во исхрана со засладувач

    Состав: конјугирана линоленска киселина CLA, триглицериди со среден синџир (MCT), екстракт од листови на зелен чај (Camellia sinensis L.) – содржи 50% полифеноли, L-карнитин.

    Начин на употреба: се препорачува по 1 капсули дневно да се конзумира со 200 ml вода. Препорака: да се конзумира пред физичка активност.

    Dr. Nature L-карнитин – 90 капсули

    1,620 ден

    Додаток во исхраната со L-карнитин тартрат – 500 mg

    Состав: L-карнитин тартрат, агенси против слепување (микрокристална целулоза, магнезиум стеарат), желатински капсули.

    Начин на употреба: 1-3 капсули дневно.

    NOW Acetyl-L-Carnitine 500 mg, 50 капсули

    1,430 ден

    Acetyl-L-Carnitine (ALC) е модифицирана амино киселина која го поддржува производството на клеточна енергија помагајќи го транспортот на мастите во митохондриите каде што се претвораат во АТП (клеточно гориво). ALC е високо биодостапна форма на карнитин што може да ја премине крвно-мозочната бариера, каде што помага да се неутрализираат слободните радикали, ја поддржува митохондријалната функција и помага да се одржи нормалната активност на невротрансмитери.