Прикажани 29 производи

HELIOCARE пудра за нормална и сува кожа...

998 ден

Компактна SPF 50 пудра, за нормално и сува кожа, спречува фотостареење и истовремено опфаќа несовршености во комбинација со шминка.

Комбинацијата на Fernblock® со напредната технологија на филтрирање и активните антиоксиданти спречува и го поправа сончевото оштетување корегирајќи ги видливите знаци од фотостареење.

Bell HYPOallergenic мат камена пудра

250 ден

Хипоалергична мат камена пудра за лице од Bell за одличен финиш на вашата шминка. Неговата формула содржи каолин, кој го апсорбира вишок на себум и спречува појава на непријатен сјај. Содржи и витамин Е кои има хидрантантни својства. Пудрата го матари лицето и му дава природен изглед. Kадифенатa текстура и дава мекост и нежност на кожата.

Bell Creamy Touch корегирачка течна пудра

233 ден

Корегирачка течна пудра со кремаста формула, лесна е за примена и совршено ги крие недостатоците на лицето. Делува измазнувачки на лицето и обезбедува кадифено нежен тен.
Совршено се матира, и така го елиминира непријатниот сјај на лицето. Има долготраен ефект. Навлажнувачката формула создава природен здрав изглед без ефект на маска.

Bell HYPOAllergenic Just free skin течна пудра...

548 ден

Хипоалергична основа со алое, киноа и екстракт од бел чај

Bell Ultra финиш пудра за разубавување

284 ден

Пудрата за разубавување на лицето BELL Ultra Blurring Powder се користи како финиш пудра да ја намалува видливоста на порите и брчките и обезбедува порамномерен тен со ефект на Фотошоп. Нејзината удобна и деликатна структура ја прави пудрата незабележителна на вашето лице а кожата е совршено мазна. Универзалната нијанса во боја на праска ја прави кожата сјајна. Погодна за сите типови на кожа.

Bell HYPOAllergenic течна пудра Mat & Soft...

460 ден

Hipoallergenic Mat&Soft течна пудра за природен изглед без ефект налик на “маска”. Неговата хипоалергична формула, без масла, спречува иритација или алергиски реакции. Пудрата има лесна течна текстура која не затвара порите и не формира непријатен ефект на “маска”. Ги крие недостатоците и го изедначува тен на лицето. Благодарение на тоа, видливоста на порите и црвенилото на лицето е видно намалена. Течната пудра за одличен мат финиш на шминката.

Bell HYPOAllergenic Nude&Moist течна пудрa

784 ден

Хидратантна и негувачка хипоалергичната течна пудра со интензивно покривање.
Оваа течна пудра содржи природен бетаин и екстракт од семе од коноп кои обезбедуваат хидратација што и е потребна на вашата кожа и ја зајакнуваат еластичноста на вашето лице.
Нејзината формула е лесна и кремаста а самото паковање е со пумпица која овозможува прецизно дозирање за да се добие потребната покриеност. Формулата е збогатена со витамини, минерали и антиоксиданси.

Содржи и меланин кој ја штити кожата од штетните ефекти на сината светлина што ја емитираат екраните на телефоните или компјутерите.
Исто така оваа пудра го изедначува тенот на кожата и ги покрива недостатоците без да се осеќа затегнатост лицето. Спречува стареење на кожата.
Природниот бетаин има навлажнувачки ефект, што ја прави кожата да изгледа свиленкаста мазна. Вегански производ, тестиран под надзор на дерматолог. Погоден за луѓе со чувствителна кожа склона кон иритација. Достапна во 4 нијанси: 01-light beige, 02-beige, 03-sand, 04-natural ton.

Bell HYPOAllergenic Full Cover течна пудра

605 ден

Hipoallergenic Full Cover течна пудра обезбедува силно матирачко покритие, го изедначува тонот на кожата и ги прикрива флеките и др. недостатоци без маска ефект. Неговата уникатна, кремаста формула има навлажнувачки својства, благодарение на што производот не ја остава вашата кожа сува или потенцира суви точки. Ја штити вашата кожа од УВА зраци и сина светлина на екраните и го забавува процесот на стареење.

Bell 5in1 Perfect коректор

217 ден

Перфектен коректор 5 во 1 на Bell прилагоден на секој тип на тен и потреби. Има 5 нијанси кои можат да се користат поединачно или да се комбинираат за да се добие совршен тен. Секоја од петте нијанси во комплетот има различна функција:

Зелена – ги прикрива црвенилото, недостатоците и капиларите на лицето. Нанесете селективно. Користете ја пред нанесување на основа.

Розева – ја осветлува и оптички ја измазнува кожата и обезбедува ефект на одморени очи. Нанесете на дамки, каде што кожата изгледа сива и уморна. Ако имате светол тен, користете ја оваа нијанса за да ги скриете темните кругови под очите. Користете ја пред нанесување на основа.

Беж – ги прикриваат недостатоците на кожата. Можете да ги користите и пред и по основата за да изградите покриеност. Можете да ги измешате овие нијанси за да ја прилагодите бојата на вашиот тен.

Жолта – интензивно ги осветлува и прикрива темните кругови под очите. Нанесете тенок слој пред да нанесете коректор под очите.

Bell моделирачка пудра за лице за контурирање

284 ден

Пудра за контурирање во една универзална нијанса, која одговара за сите типови на кожа кога станува збор за неговиот тен. Кога се применува правилно, таа го прави вашето лице да изгледа потенко. Неговата кремаста формула ја олеснува апликацијата и спречува боење. Пудрата совршено се меша со кожата и не избледува во тек на целиот ден.

Bell Ultra бронзена пудра

293 ден

Бронзена пудра со нежна сатенска формула. Обезбедува универзалната бронзена нијанса и оптималната покриеност, идеална како за лица со светол тен, така и за исончано лице.
Не се напластува на кожата и обезбедува нежен сончев изглед на вашето лице. Совршено се прилагодува на кожата,течната пудра и другите производи за шминка

Bell HYPOAllergenic бронзена пудра Fresh Bronze Powder

402 ден

HYPOAllergenic бронзена камена пудра за свеж тен, и природен изглед. Повеќекратна намена, го прави лицето да изгледа исончано, го изедначува тенот на кожата, може да се користи и за контурурање и деликатно обликување на лицето и замена за руменилото.

PIERRE CARDIN TRULY MATTE FOUNDATION ТЕЧНА ПУДРА

759 ден

Truly Matte течна пудра, благодарение на специјалните состојки и уникатна формула ги крие сите несовршености на кожата и го изедначува тенот. Имајте порцеланска мат кожа во текот на денот, спречете го сјајот на кожата на Т-зоната на лицето. Благодарение на чувствителна формула која и овозможува на кожата да дише погодна e за мрсна и за нормална кожа.

PIERRE CARDIN PORCELAIN EDITION КОМПАКТНА ПУДРА

459 ден

Благодарение на својата свилена и мазна структура, оваа пудра ќе биде совршено компактна со вашата шминка во текот на денот. Дава фино кашмирско чувство и сјај, помага да се елиминираат несовршеностите на кожата, а во исто време обезбедува голема удобност. Ултра фината и свиленкаста компактна пудра и помага на кожата да ја одржи сопствената виталност и свежина, промовирајќи мат и природен сјај на површината на кожата.

PIERRE CARDIN LEGENDARY COSMETICS СЕТ ЗА ЖЕНИ

9,350 ден

Типови на кожа: Погоден за сите типови на кожа

Компактна пудра Porcelain Edition 12гр.-Natural honey 360: Благодарение на својата свилена и мазна структура, оваа пудра ќе биде совршено компактна со вашата шминка во текот на денот. Дава фино кашмирско чувство и сјај, помага да се елиминираат несовршеностите на кожата, а во исто време обезбедува голема удобност. Ултра фината и свиленкаста компактна пудра и помага на кожата да ја одржи сопствената виталност и свежина, промовирајќи мат и природен сјај на површината на кожата.

Руменило Porcelain Edition 13гр. –Peach 165 : Руменило во прав развиено од Pierre Cardin го прави нанесувањето многу поудобно благодарение на неговата мека текстура.Со својата свиленкаста супер-микронизирана технологија за пигмент, дава неодоливо чувство на мекост додека ги истакнува вашите образи.

Alberto Taccini Cool Bloom Парфем за жени 50 мл.: Невозможно е да не се вљубите во прекрасниот мирис кој со својата комбинација на есенции од цвеќиња и дрва ви дава чувство на мир. Горна нота: Јасмин, цвет на османтус, Средна нота : Мимоза, Дрвена основна нота: Цветна, лактонска (кремаста и овошна), мошус.

Течна пудра Truly Matte Foundation 30мл.- Fresh Beige 611 : Trully Matte течна пудра, благодарение на специјалните состојки и уникатна формула ги крие сите несовршености на кожата и го изедначува тенот . Имајте порцеланска мат кожа во текот на денот, спречете го сјајот на кожата на Т-зоната на лицето. Благодарение на чувствителна формула која и овозможува на кожата да дише погодна e за мрсна и за нормална кожа.

Крема за раце 50мл : Кремот за раце Deep Romance со кератин за раце е збогатен со глицерин и витамин Е, кои длабински ја негуваат и хидрираат кожата на рацете. Кератинот помага да се врати мекоста на кожата. Ги прави рацете кадифено меки и мазни.

Ролон 50мл.: Ролонот Deep Romance обезбедува долготрајна заштита на непријатниот мирис за пределот на пазувите. Со својата формула засилена со активни состојки против потење дава чувство на свежина и помага да се спречи влажноста .

Молив за усни водоотпорен –Natural beauty 210 : Екстремно долготраен, мат ефект на усните. Благодарение на неговата мека текстура, моливот едноставно ги oцртува усните .Со нанесување на целата површина на усните, можете да ги направите визуелно пополни и поголеми .

Тоник за лице 200мл.: Oсвежителен тоник за подмладена и здрава кожа. Откако целосно ќе ја отстраните шминката, нанесете освежителен тоник и започнете го денот со свежа кожа. Вашата кожа ќе ви се заблагодари за смирувачките ефекти на екстрактот од алое вера и краставица кои ги содржи тоникот Pierre Cardin. Пантенолот и витаминот Е ќе ви помогнат да ја одржите вашата кожа влажна.

Маскара за очи водоотпорна Water (Tears) Proof 5.5 мл.: Меката, кремаста формула збогатена со восок ја одржува еластичноста и дава изглед на бујност на трепките.
Со специјално дизајнирана четка која дава дополнителен волумен, ги подигнува вашите трепки од коренот до врвот, истакнувајќи ги и веднаш згуснувајќи ги.
Маскарата со високо специјализирана четка со три ефекти, изработена од специјални влакна е дизајнирана да го зголеми волуменот, одвојувањето и акцентирањето на трепките.

Молив за очи долготраен Midnight Black 503 : Долготраен молив за очи што може да се остри.Специјалната формула овозможува да не се размачкува и дозволува лесно нанесување.

Четка за нанесување на пудра : Рамна четка која ви помага лесно да ги нанесете сите видови подлога и пудри на избалансиран и мазен начин . Со оваа четка ќе и дадете на вашата кожа беспрекорен резултат и во исто време ќе добиете природен изглед.

Спреј за тело 200мл: Спрејот за тело Rose Beauty со својата формула збогатена со природни екстракти со својот пријатен мирис на Роза , прави да се чувствувате свежо во текот на цел ден.

Сенка за очи палета од 18 нијанси : Нова палета на нијанси совршена за сечиј вкус. Бисерен ефект на очите, долготрајна шминка.

Лак за нокти Mon Joli Vernis 10 мл. -135 : Нова генерација на супер долготраен сјаен лак за нокти со висок интензитет на боја. Благодарение на неговата беспрекорна течна текстура која совршено се лизга на ноктите и неговата специјална четка ќе имате совршена контрола на нанесувањето.

Лак за нокти Mon Joli Vernis 10 мл. -136 : Нова генерација на супер долготраен сјаен лак за нокти со висок интензитет на боја. Благодарение на неговата беспрекорна течна текстура која совршено се лизга на ноктите и неговата специјална четка ќе имате совршена контрола на нанесувањето.

Ноктарица за сечење на нокти : Безбедно и прецизно сечење на вашите нокти со ноктарицата на Pierre Cardin.

Пинцета : Оформете ги вашите веѓи со специјалните остри рабови на пинцетата Pierre Cardin.

Кармин за усни Matte Rouge 4гр.– Aurora 208 : Мат кармин формулиран со избрана мешавина на масла, за целосна мазност и совршена удобност на вашите усни. Кремаста и многу еластична текстура за лесно нанесување.

Течен кармин Staylong Kissproof 5мл.- Coco Tan 336 : Течниот кармин Staylong Kissproof содржи долготрајни својства на брзо сушење и никогаш не ги растегнува усните.Благодарение на неговата лесна текстура прави да се чувствувате како да нема ништо на вашите усни. Има интензивно покривање и не создава сувост на усните за разлика од постојаните мат течни кармини.

PIERRE CARDIN CHIFFON MATTE FOUNDATION ТЕЧНА ПУДРА,...

1,056 ден

Добијте беспрекорен, кадифено мат финиш со Chiffon Matte Foundation. Оваа лесна формула го балансира тонот на вашата кожа, го апсорбира вишокот маснотии и ги корeгира несовршеностите. Совршена за нормална, мрсна и комбинирана кожа. Oваа пудра е погодна и за сува кожа кога се користи со навлажнувачки прајмер за шминка. Постигнете беспрекорен финиш кој трае цел ден со Chiffon Matte Foundation.

PIERRE CARDIN CC CREAM SPF 15 ТОНИРАНА...

825 ден

Со CC тонираната крема  ќе се чувствувате многу удобно, оваа релаксирачка формула го намалува изгледот на вашите пори и го регулира нерамниот тон на кожата. Со текстура слична на серум, вашата кожа ќе има свеж и природен изглед. На вaшата кожа, која е изложена на сино светлосно зрачење од дигиталните уреди (телефони, телевизори, компјутери) во текот на целиот ден, делува како втора кожа со помош на технологијата „Shield Blue-Light“. Уникатнатa формула нa „Pollustop“ обезбедува поддршка во заштитата на кожата од УВ, атмосферско и хемиско загадување, што предизвикува стрес на кожата и ефекти од предвремено стареење.Технологијата Pollustop создава втора бариера на површината на вашата кожа и не дозволува контаминацијата да помине во подлабоките слоеви на кожата. Со нанесување на CC CREAM, кој содржи ИНУЛИН со ПРЕБИОТИК, ќе обезбедите важна хранлива поддршка и оптимална заштита на вашата кожа.

PIERRE CARDIN AQUA WOW MINERAL FOUNDATION ТЕЧНА...

1,210 ден

Pierre Cardin Agua Wow Mineral e течна пудра на база на вода со лесна формула која ја навлажнува вашата кожа и создава чувство на свежина. Содржината на магнезиум, цинк и бакар го одржува балансот на кожата. Ја прави вaшата кожа да изгледа мазна и кадифена во текoт на денoт.

Bell HYPOAllergenic Hydra долготрајна хидратирачка течна пудра

627 ден

Долготрајна и хидратантна течна пудра со хијалуронска киселина.
Хидратантната течна пудра со хијалуронска киселина го изедначува тенот и ги намалува недостаточите на лицето. Лесната формула која долго се носи се прилагодува на кожата и станува практично невидлив слој кој создава природно сјаен изглед. Благодарение на хијалуронската киселина што ја содржи, интензивно ја хидрира и ја храни кожата.
87% од состојките се од природно потекло. Веган. Формулата е развиена во согласност со концептот на ЧИСТА УБАВИНА (CLEAR BEAUTY).
Дерматолошки тестиран производ. Погоден за луѓе со чувствителна и иритирана кожа.
Начин на употреба:
Земете ја саканата количина со пипетата и нанесете на лицето користејќи ја вашата омилена техника: со прсти, четка или сунѓер.
За најдобри резултати, користете ја во комбинација со млечните капки или 2-фазниот серум од истата серија HYDRA.

Bell HypoAllergenic IDEAL SKIN пудра во прав

510 ден

IDEAL SKIN е ултра лесна пудра во прав која совршено ќе ја надополни вашата шминката и обезбедува мат финиш со природен изглед.

Неговата хипоалергична формула и фини честички не ја оптоваруваат кожата и и овозможуваат да дише.
Остава ефект на мек фокус кој оптички ги измазнува грубите линиите и недостатоците на лицето.
Совршена за фотографии без да остава ефект на блиц.

Bell HypoAllergenic Advent Календар 2023

2,990 ден

Во пресрет на новогодишните и божиќните празници, подарете или изненадете се себеси со високовалитетниот и единсвен Avent календар на Bell HYPOAllergenic. Во 24-те прозорчиња ќе ги најдете нашите најпопуларни Bell HYPOAlergenic производи за шминка и специјално одбрани додатоци за разубавување.

Календарот е направен од сертифициран FSC картон, поддржувајќи одржливо управување со шумите.

  • Limited Edition
  • Посебен избор на козметички производи
  • 13 производи со стандартна големина
  • 5 производи во мини големина
  • 6 аксесоари (додатоци)
  • Сите производи се хипоалергени погодни за чувствителна кожа
  • Стилско пакување со новогодишни мотиви

Bell течна пудра Ultra Cover Mat

422 ден

Силно покривна мат течна пудра. Овој производ гарантира покривање на сите несовршености, има долготраен ефект, кожата станува мат и мазна. Не оксидира во текот на денот, а пријатната кремаста конзистентност го олеснува користењето. Содржи сок од лист од алое вера, кој ги зголемува хидратантните и измазнувачките својства на оваа пудра.
Идеална е за секојдневна употреба и за посебна пригоди.

Bell Hypoallergenic Lift Complex течна пудра

845 ден

Иновативна разубавувачка и хидратантна течна пудра која има природен ефект на вашата кожа. Нејзината лесна формула не дозволува да бидат истакнати брчките или сувите точки. По потреба можете да ја прилагодите покриеноста. Неговата долготрајна формула е збогатена со SPF 15 кој го штити лицето од штетните ефекти на сончевата светлина. Вегански производ. Погоден за луѓе со чувствителна и/или кожа склона на иритација. Тестирано под надзор на дерматолог.
Достапно во 4 нијанси.

Bell HypoAllergenic Aloe камена пудра со SPF...

534 ден

Камена пудра на Bell од серијата “HypoAllergenic Aloe” ја фиксира шминката и ја матира кожата. Во исто време и обезбедува хидратантна нега. Хипоалергичната формула е збогатена со сок од лист од алое вера, кој има антивоспалителни, антибактериски, подмладувачки, хидратантни и хранливи својства. Ја навлажнува кожата и ја подобрува нејзината еластичност. Заштитниот фактор SPF 15 го штити од штетното влијание на УВ зраците, предизвикувајќи предвремено стареење и пигментни дамки. Компактната пудра лесно се нанесува на кожата и е погодна за употреба во движење. Формулата е веганска и содржи 86% состојки од природно потекло *. Дерматолошки е тестиран и не содржи микропластика.
Се предлага во 4 нијанси: 01 Cream, 02 Vanill, 03 Natural и 04 Honey.

Bell HYPOAllergenic Fresh Mat крем-пудра за лице

620 ден

За свеж и опуштен изглед. Содржи скроб од тапиока (вид на житарка) кој обезбедува долготраен мат ефект. Оптички ја измазнува кожата, ги намалува порите и ги брише фините линии. Заситените пигменти собрани од маслото од јојоба имаат хидратантно дејство и овозможуваат лесна апликација. Кремастата формула совршено се прилагодува на кожата и создава прекрасен природен тен. Погодно за луѓе со чувствителна кожа склона кон иритација и воспаление. Дерматолошки тестиран производ.

Bell HYPOAllergenic палета за контурирање

460 ден

Комплет од две неутрални нијанси за контурирање. Темната боја го прави лицето видливо послабо, додека светлата го отвара. Мат нијансата ја изедначува контурата без додавање на непотребен сјај. Двете бои се комбинираат совршено и можат да се мешаат со други производи. Создава рамномерна покриеност. Содржаниот пантенол дава чувство на удобност дури и на сувата кожа.

Bell HYPOAllergenic Drop течна пудра

626 ден

Течна пудра кој обезбедува силно покритие и има импресивна издржливост. Лесната формула оптички ги измазнува малите брчки без да ги исуши. Погодна за сите типови на кожа.
Богата со минерали на морска вода и екстракт од семе од тиква, кои имаат смирувачки ефект и ја прават идеална за секојдневно шминкање.
Пре употреба протресете убаво и нанесете неколку капки на лицето. Нанесете нежно со прстите или со четка или тампон. Тенкиот слој обезбедува густа рамномерна покриеност.
Дерматолошки тестиран производ. Погоден за луѓе со чувствителна кожа, склона на иритација и воспаление.

Bell HYPOAllergenic светлечка пудра Illuminating Powder

281 ден

HYPOAllergenic illuminating светлечка пудра за блескав ефект на вашето лице и тело. Пигментите од бисер интензивно ја прават вашата кожа блескава, ја истакнуваат и даваат уникатен изглед. Производот ја прави кожата да изгледа свежа и опуштена и гарантира долготрајна шминка која останува свежа со часови.

Bell течна пудра My Everyday

269 ден

My everyday течна пудра за рамномерен тен и кадифена сјајност.