Прикажани 46 производи

    Green Pharmacy Шампон со камилица -350 ml

    360 ден

    Природен шампон за истоштена, третирана и слаба коса!

    Екстрактот од камилица има заздравувачко и антивоспалително дејство, ја регенерира косата, ги смирува иритациите и чешањето на скалпот, ги потхранува фоликулите. Содржи флавоноиди, кои што се борат со слободните радикали, како и витамин C (природен антиоксиданс) и витамин B3 (за нега на кожата на главата). Шампонот обезбедува трајна нега, длабока хидтратација, природен и здрав сјај и еластичност на вашата коса.

    Green Pharmacy Нежен гел за чистење на лице со зелен чај – 270 ml

    375 ден

    Органски нежен гел за миење лице наменет за комбинирана до масна кожа склона на акни!

    Екстрактот од зелен чај има антивоспалителни својства. Овој гел е погоден за комбинирана и масна кожа склона кон акни и митесери. Танинот во зелениот чај помага во стеснувањето на порите на кожата на лицето.

    Green Pharmacy Шампон со цинк и бреза -350 ml

    360 ден

    Природно решение за да се ослободите од перутот!

    Лековитите катрани од кората на врба кои ги има во овој шампон, се природна состојка против првут. Во комбинација со екстракт од плод на бреза се борат против микробите, гo смируваат непријатното чешање и го намалуваат лупењето на темето, ги регулираат масните жлезди од прекумерно лачење на себум. Активниот цинк кој е составен дел од шампонот ги заштитува протеините во косата.
    Други активни состојки во овој шампон се : екстракт од еукалиптус, екстракт од розмарин, корен од каламус (Acorus calamus), хума, пантенол и салицилна киселина. Благодарение на нив фоликулите на влакното заздравуваат, косопадот се намалува, скалпот се потхранува и се чисти од мртвите клетки. Со редовна употреба косата станува здрава, добро хидратирана, лелеава и блескава.

    Шампонот не содржи вештачки ароми и има специфичен мирис на лек (кој се јавува од високата концетрација на лековитите катрани од врба).

    Green Pharmacy Антицелулитно масло за масажа – 200 ml

    420 ден

    Ја подобрува микроциркулацијата и успешно се бори против „портокаловата“ кожа!

    Наменето е за масажа на деловите на телото кои што се подложни на формирање „портокалова кожа“- целулит. Етеричните масла од чемпрес, смрека и лаванда ја подобруваат микроциркулацијата, го спречуваат застојот на лимфа и го забрзуваат метаболизмот, со што помагаат во борбата со целулитот. Го намалуваат задржувањето на течности и формирањето на стрии. Маслото од лимета обезбедува релаксација, освежува и го подобрува расположението.

    Green Pharmacy Шампон со репај -350 ml

    360 ден

    Природно решение за проблеми со косопаст!

    Со години наназад екстрактот од корен од репај се употребувал за грижа за сите типови на коса. Тој го потхранува коренот на косата, го намалува косопадот, го стимулира растот на косата, ја хидратира косата и кожата на главата.
    Пантенолот ја навлажнува и регенерира. Шампонот ја намалува секрецијата на себум и косата не се масти брзо и останува убава подолго време. Со редовна употреба се враќа природниот баланс и здрав изглед на Вашата коса, таа е
    посилна, посјајна, хидратирана и еластична.

     

    Green Pharmacy Интимен гел со чајно дрво и невен – 370 ml

    290 ден

    Органски антибактериски интимен гел со екстракти од чајно дрво и невен за нормализирање на pH вредноста!

    Нежна нега за секојдневна интимна хигиена што нуди чувство на комфорт и свежина. Природната pH вредност на гелот е идентична со pH вредноста на интимниот дел на телото и го заштитува од иритации. Екстрактите од камилица и алое имаат антибактериско и антивоспалително дејство, а истовремено ги смирувааат и иритациите. Алантоинот помага во регенерацијата на слузокожата.

    Green Pharmacy Спреј еликсир против косопад – 250 ml

    360 ден

    Растителен спреј еликсир против косопад!

    Растителниот елискир ги заздравува и потхранува фоликулите на влакната. Содржи екстракт од коњско опавче, див коњски костен, репај, соини протеини и син лупин (Lupinus angustifolius ) кои што го намалуваат косопадот, даваат виталност на косата од коренот до врвовите и ја прават косата здрава, густа, лелеава и сјајна.

    Green Pharmacy Гел за туширање со масло од јасмин и лотос – 500 ml

    400 ден

    Органски освежувачки гел за туширање со масло од јасмин и лотос!

    Органски гел за туширање кој гарантира пријатно чувство за време на капењето. Разните состојки нежно ја чистат, хидратираат и ја заштитуваат кожата, благодарение на неутралната pH вредност. Погоден е за секојдневна употреба и не ја суши кожата. Екстрактот од лотос ја навлажнува, освежува и чисти кожата, додека екстрактот од јасмин ја релаксира и тонизира кожата и ги смирува иритациите.

    Green Pharmacy Шампон со коприва -350 ml

    360 ден

    Природен шампон за нормална коса!

    Признаена низ вековите по своите лековити својства, копривата е одлична за нега на нормална коса, како и на коса подложена на мастење. Екстрактот од коприва ги регулира масните жлезди, го спречува косопадот и се бори против првутот. Пантенолот ја навлажнува и регенерира. Шампонот ја подобрува микроциркулацијата на скалпот, ги стимулира фоликулите на влакната, и обезбедува енергија на косата за да може побрзо да расте. Редовната употреба на шампонот обезбедува трајна нега, длабока хидтратација, природен и здрав сјај и еластичност на вашата коса.

    Green Pharmacy Крем за стапала против жуљеви – 75 ml

    210 ден

    Органска крема за стопала со алфахидрокси киселина и кедрово масло против жуљеви и груба кожа!
    Многу природни активни состојки на едно место за нега на кожата на стапалата : алфа хидрокси киселина,
    кедрово масло, уреа, глицерин, ланолин, алантоин, ментол, камилица, салициумова киселина, бела елка, розмарин, бета каротин, алое вера. Ја омекнува, регенерира и хидратира грубата кожа на стапалата и го олеснува отстранувањето на мртвите клетки. При редовна употреба жуљевите и грубата кожа се истенчуваат и потполно исчезнуваат и се спречува нивната повторна појава. Кедровото масло, богато со витамин Е го забрзува заздравувањето на раничките и воспаленијата. Стапалата стануваат меки, мазни, миризливи и освежени.

    Green Pharmacy Балсам со арган и калинка – 300 ml

    265 ден

    Со векови наназад аргановото масло (течното злато на Мароко) се употребувало за регенерација на сува и оштетена коса со оштетени врвови. Балсамот ја омекнува косата, ја прави сјајна, мека и еластична, лесна за расчешлување и обликување. Ја штити од надворешните влијанија. Истовремено го спречува преголемиот волумен на косата. Ја заздравува и потхранува кожата на главата и ги смирува иритациите на темето. Екстрактот од калинка ја навлажнува,регенерира и обновува бојата на косата. Со редовна употреба се враќа природниот баланс и здрав изглед на Вашата коса.

    Green Pharmacy Нежен гел за чистење на лице со алое вера – 270 ml

    375 ден

    Органски нежен гел за миење лице наменет за сува и чувствителна кожа!

    Екстрактот од алое вера со кој е збогатен составот на овој гел за чистење на лице помага во длабокото хидратирање и смирување на кожата на лицето кај сува и осетлива кожа.

    Green Pharmacy Интимен гел со камилица и алое – 370 ml

    340 ден

    Органски интимен гел со екстракти од камилица и алое вера со смирувачки ефект!

    Нежна нега за секојдневна интимна хигиена што нуди чувство на комфорт и свежина. Природната pH вредност на гелот е идентична со pH вредноста на интимниот дел на телото и го заштитува од иритации. Екстрактите од камилица и алое вера имаат антибактериско и антивоспалително дејство, а истовремено ги смирувааат и иритациите. Алантоинот помага во регенерацијата на слузокожата.

     

    Green Pharmacy Спреј еликсир за оштетена коса – 250 ml

    360 ден

    Растителен спреј еликсир за нега на оштетена, истоштена и бојадисана коса!

    Ја заздравува и обновува косата, го намалува косопадот, првутот и себореата. Растителниот спреј еликсир во својот состав содржи екстракт од камилица, корен од шеќерна трска, подбел и пченични никулци кои што ја потхрануваат кожата на главата, и даваат виталност на косата од коренот до врвовите и ја прават здрава, густа, лелеава и сјајна.

    Green Pharmacy Pharma Care Интимен гел со камилица – 300 ml

    565 ден

    Органски интимен гел со екстракт од камилица со смирувачки ефект!

    Нежна нега за секојдневна интимна хигиена што нуди чувство на комфорт и свежина. Со екстракти од камилица, дабова кора и млечна киселина и други природни состојки за беспрекорна интимна хигиена, со антивоспалителни, антибактериски својства и 5,2 pH идентична на pH-то во интимната зона. Екстрактот од камилица има антибактериско и антивоспалително дејство, а истовремено ги смируваа и иритациите.

    Green Pharmacy Pharma Care Интимен гел со чајно дрво – 300 ml

    565 ден

    Органски интимен гел со екстракт од чајно дрво кој ја нормализира pH вредноста во интимната зона!

    Нежна нега за секојдневна интимна хигиена што нуди чувство на комфорт и свежина. Со екстракти од чајно дрво, дабова кора и млечна киселина и други природни состојки за беспрекорна интимна хигиена, со антивоспалителни, антибактериски својства и 5,2 pH идентична на pH-то во интимната зона. Екстрактот од чајно дрво поседува моќни антивоспалителни и антимикотични својства.

    Green Pharmacy Шампон со невен -350 ml

    360 ден

    Природен шампон за нормална до масна коса!

    Уште во минатото екстрактот од невен се употребувал за спречување на проблеми со косата и скалпот. Тој има антивоспалително и смирувачко дејство, ги неутрализира слободните радикали, ги заштитува капиларите на темето, ја спречува појавата на првут и косопад (особено на коси кои што се подложни на мастење). Пантенолот ја навлажнува и регенерира косата. Со редовна употреба се враќа природниот баланс и здрав изглед на Вашата коса. Ревитализирачките активни растителни состојки и природните хидрирачки агенси обезбедуваат трајна нега и и даваат сјај и еластичност на вашата коса.

    Green Pharmacy Шампон со жен-шен -350 ml

    360 ден

    Природно решение за масна коса со суви врвови!

    Екстрактот од корен на жен-шен ги заштитува фоликулите, спречува косопад, ги регулира масните жлезди, а пантенолот ја навлажнува и регенерира. Секое влакно од коренот до врвот станува здраво, свилено, хидратирано и со природен сјај. Со редовна употреба се враќа природниот баланс и здрав изглед на Вашата коса.

    Green Pharmacy Мицеларен раствор со камилица 3 во 1 – 250 ml

    375 ден

    Органски мицеларен раствор за чистење на лице наменет за сите типови на кожа!

    Green Pharmacy Крем за раце со руса трева- 100 ml

    225 ден

    Органска крема за раце со руса трева за хидратирање и смирување на иритации на кожата на рацете и ноктите!

    Green Pharmacy Крем за раце со масло од роза – 100 ml

    225 ден

    Органска крема за раце со масло од роза за потхранување и регенерација на кожата на рацете и ноктите!

    Green Pharmacy Крем за раце со камилица – 100 ml

    225 ден

    Органска крема за раце со камилица за регенерација и смирување на кожата на рацете и ноктите!

    Green Pharmacy Крем за испукани пети – 75 ml

    210 ден

    Органска крема за испукани пети со тегавец и масло од орев!
    Одличен крем за сува и испукана кожа на стапалата. Екстрактот од тегавец и алантоин го олеснуваат обновувањето на кожата при рани и плускавци. Ореовото масло богагато со витамин Е го омекнува задебелениот слој на кожа, дејствува антивоспалително и смирувачко. Маслото од чајно дрво и етеричното масло од елка имаат антисептично,
    антигабично и релаксирачко дејство. Кремот ја спречува непријатната миризба на стапалата и ја хидратира кожата.

    Green Pharmacy Крем за уморни нозе – 75 ml

    210 ден

    Органска крема со див костен и црвени листови од лоза за релаксација на уморни и потечени нозе!
    Наменет е за луѓе кои што работат во седечка положба или постојано се на нозе. Ефикасно ги релаксира уморените нозе, ја намалува подуеноста и чувството на печење. Екстрактот од див костен помага при раширени вени. Во кремот се додадени и екстракти од прополис, арника и ментол кои што ја подобруваат циркулацијата на крвта. Кремот содржи уште и глицерин, камфор, ментол, пантенол, чајно дрво, бела елка, биотин. Редовната употреба на кремот ја подобрува состојбата и комфортот на нозете ги смирува, навлажнува и потхранува.

    Green Pharmacy Загревачко масло за масажа – 200 ml

    475 ден

    Комплекс од специјални масла за масажа и грижа на телото со специјална формула која има затоплувачки ефект. Бадемовото масло го олеснува проникнувањето на активните состојки. Етеричните масла од црн бибер и цимет ја подобруваат микроциркулацијата и ги отстрануваат токсините од телото. Маслото од црн бибер дејствува и како антиоксидант и помага во одржување на младешкиот изглед на кожата. Маслото од портокал не е само извор на свежа арома, туку служи и за релаксирање на мускулите.

    Green Pharmacy Балсам со репај – 300 ml

    265 ден

    Уште во минатото коренот од репај се употребувал за нега на сите типови коса. Екстрактот од репај ги зајакнува корените, го намалува косопадот и го стимулира растот на коса. Балсамот го хидратира скалпот и помага при спречување на косопад (алопеција). Протеините од пченични никулци и витамин Е го потхрануваат скалпот и фоликулите, и и даваат виталност на косата од коренот до врвовите. Со редовна употреба косата станува поздрава, хидратирана, сјајна и полесна за расчешлување и обликување.

    Green Pharmacy Крем за раце со алое – 100 ml

    225 ден

    Органска крема за раце и нокти со екстракт од алое вера се впива брзо, дејствува ефикасно, ја обновува мекоста и мазноста на кожата, без да создаде чувство на тежина и маснотија.

    Green Pharmacy Нежен гел за чистење на лице со жалфија – 270 ml

    375 ден

    Органски нежен гел за миење лице наменет за кожа склона на иритации и воспаленија!

    Жалфијата ги смирува иритациите и воспаленијата на кожата на лицето. Има антивоспалително и антибактериско дејство и ја забрзува регенерацијата на кожата.

    Green Pharmacy Течен сапун за раце со камилица – 465 ml

    300 ден

    Течен сапун за раце со екстракт од камилица за регенерирање и смирување на иритираната и надразнета кожа!

    Течниот сапун со екстракт од камилица претставува првиот чекор кон хидратирана, мека и миризлива кожа на рацете. Нежната и густа кремаста структура перфектно ја чисти и негува кожата на рацете, спречувајќи го сушењето на кожата на рацете. Екстрактот од камилица има антисептично и регенерирачко дејство и ја смирува кожата. Во комбинација со глицеринот делува хидратирачки и смирувачки на кожата на рацете.

    Green Pharmacy Течен сапун за раце со кучешки трн – 465 ml

    300 ден

    Течен сапун за раце со екстракт од кучешки трн за подмладување, регенерирање и смирување на сувата и иритирана кожа!

    Течниот сапун со кучешки трн претставува првиот чекор кон хидратирана, мека и миризлива кожа на рацете. Нежната и густа кремаста структура перфектно ја чисти и негува кожата на рацете, спречувајќи го сушењето на кожата на рацете. Екстрактот од кучешки трн е исклучително богат со витамини, макро и микроелементи благодарение на кои има заштитни, регенеративни и антиоксидантни својства, спречувајќи го стареење на кожата и заедно со глицеринот делува хидратирачки и подмладувачки на кожата на рацете.

    Green Pharmacy Течен сапун за раце со руса трева – 465 ml

    290 ден

    Течен сапун за раце со руса трева – 465 ml

    Течниот сапун со руса трева претставува првиот чекор кон хидратирана, мека и миризлива кожа на рацете. Нежната и густа кремаста структура перфектно ја чисти и негува кожата на рацете, спречувајќи го сушењето на кожата на рацете. Екстрактот од руса трева има дезинфицирачки ефект, ги смирува иритациите и заедно со глицеринот делува хидратирачки на кожата на рацете.

    Green Pharmacy Интимен гел со жалфија – 370 ml

    290 ден

    Органски смирувачки интимен гел со екстракт од жалфија и алантоин кој ги смирува воспаленијата!

    Нежна нега за секојдневна интимна хигиена што нуди чувство на комфорт и свежина. Природната pH вредност на гелот е идентична со pH вредноста на интимниот дел на телото и го заштитува од иритации. Екстрактот од жалфија има својство да ги намалува воспаленијата, а алантоинот ја забрзува регенерацијата на слузокожата.

    Green Pharmacy Путер за тело со зелено кафе и шеа – 200 ml

    705 ден

    Органски путер за тело со шеа и зелено кафе за нега и потхранување на кожата!

    Ароматичен органски путер за тело ја регенерира кожата, ја обновува нејзината природна мекост и еластичност, оставајќи пријатен и деликатен мирис. Кожата станува мазна, затегната и свилена на допир. Егзотичното масло од шеа ја омекнува, навлажнува, потхранува и регенерира кожата и во исто време делува како природен UV филтер. Екстрактот од зрна на зелено кафе е богат со фитостероли и линолова киселина и ја прави кожата позатегната, хидратирана и еластична. Истовремено се бори со слободните радикали и ја одржува младоста на кожата.

     

    Green Pharmacy Пилинг за тело – 300 ml

    755 ден

    Органско пилинг за тело со арганово масло, смоква, солни и шеќерни кристали за нежно и длабинско ексфолирање и потхранување на кожата!

    Чистење, нега, аромотерапија и релаксација на телото и сите сетила. Пилингот нежно го ексфолира епидермисот на кожата и ја подобрува микроциркулацијата. Кожата станува мазна и кадифено мека. Содржи природни сахаридни и солни кристали. Аргановото масло има својство да ја навлажнува и потхранува кожата, со што и помага да ја запази својата младост, виталност и енергија. Екстрактот од смоква ја прави кожата кадифено мазна и мека.

    Green Pharmacy Серум за суви врвови – 30 ml

    475 ден

    Растителен серум за нега на врвовите на косата!

    Серумот за суви врвови е концентрат во кој се содржат екстракти од алое вера, ориз, маслиново масло, масло од кедар, масло од камелија. Серумот ги измазнува врвовите на косата, ги заштитува од распукување и заплеткување. Создава свилен ефект по целата должина на косата. Наменет е како за тенка, слаба и кршлива коса, така и за коса кој што е подложна на постојани третмани. Деликатната текстура не ја отежнува косата, туку ја зајакнува, а изобилството од природни состојки кои што влегуваат во составот на овој серум на косата и даваат природен сјај и здрав изглед. Екстрактот од ориз и маслото од камелија ја помагаат брзата регенерација на оштетената структура, а екстрактот од алое вера и маслото од кедар длабоко ја хидратираат косата.

    Green Pharmacy Pharma Care Интимен гел со брусница – 300 ml

    565 ден

    Органски интимен гел со екстракт од брусница со смирувачки ефект!

    Нежна нега за секојдневна интимна хигиена што нуди чувство на комфорт и свежина. Со екстракти од брусница, дабова кора и млечна киселина и други природни состојки за беспрекорна интимна хигиена, со антивоспалителни, антибактериски својства и 5,2 pH идентична на pH-то во интимната зона. Екстрактот од брусница има антибактериско и антивоспалително дејство, а истовремено ги смируваа и иритациите.

    Green Pharmacy Pharma Care Интимен гел со жалфија – 300 ml

    565 ден

    Органски интимен гел со екстракт од жалфија со смирувачки ефект!

    Нежна нега за секојдневна интимна хигиена што нуди чувство на комфорт и свежина. Со екстракти од жалфија, дабова кора и млечна киселина и други природни состојки за беспрекорна интимна хигиена, со антивоспалителни, антибактериски својства и 5,2 pH идентична на pH-то во интимната зона. Екстрактот од жалфија има својство да ги намалува воспаленијата, а алантоинот ја забрзува регенерацијата на слузокожата.

    Green Pharmacy Гел за туширање со арганово масло и смоква – 500 ml

    400 ден

    Органски потхранувачки гел за туширање со арганово масло и смоква!

    Органски гел за туширање кој гарантира пријатно чувство за време на капењето. Разните состојки нежно ја чистат, хидратираат и ја заштитуваат кожата, благодарение на неутралната pH вредност. Погоден е за секојдневна употреба и не ја суши кожата. Аргановото масло (т.н. течно злато на Мароко) ја навлажнува и потхранува кожата, со што ја одржува младоста на кожата, исполнувајќи ја со виталност и енергија. Екстрактот од смоква кожата ја прави мека и кадифено мазна.

    Green Pharmacy Гел за туширање со зелено кафе и шеа – 500 ml

    400 ден

    Органски гел за туширање со шеа и зелено кафе!

    Органски гел за туширање кој гарантира пријатно чувство за време на капењето. Разните состојки нежно ја чистат, хидратираат и ја заштитуваат кожата, благодарение на неутралната pH вредност. Погоден е за секојдневна употреба и не ја суши кожата. Егзотичното масло од шеа ја зачувува младоста на кожата. Екстрактот од зелено кафе е богат со фитостероли и линолова киселина кои ги подобруваат еластичноста и тонусот на кожата.

    Green Pharmacy Гел за туширање со маслиново масло и оризово млеко – 500 ml

    400 ден

    Органски хидратантен гел за туширање со маслиново масло и оризово млеко!

    Органски гел за туширање кој гарантира пријатно чувство за време на капењето. Разните состојки нежно ја чистат, хидратираат и ја заштитуваат кожата, благодарение на неутралната pH вредност. Погоден е за секојдневна употреба и не ја суши кожата. Маслиновото масло ја потхранува, хидратира и регенерира кожата, додека оризовото млеко го подобрува изгледот на кожата, ја прави кадифено мазна и мека.

    Green Pharmacy Гел за туширање со масло од роза и зелен чај – 500 ml

    400 ден

    Органски регенеративен гел за туширање со масло од лаванда и розмарин!

    Органски гел за туширање кој гарантира пријатно чувство за време на капењето. Разните состојки нежно ја чистат, хидратираат и ја заштитуваат кожата, благодарение на неутралната pH вредност. Погоден е за секојдневна употреба и не ја суши кожата. Маслото од роза ја смирува и регенерира кожата, а полифенолите од екстрактот на зелениот чај ја заштитуваат од дејството на слободните радикали, успорувајќи ги процесите на стареење на кожата.

    Green Pharmacy Гел за туширање со розмарин и лаванда – 500 ml

    400 ден

    Органски регенеративен гел за туширање со масло од лаванда и розмарин!

    Green Pharmacy Шампон со арган и калинка -350 ml

    360 ден

    Природен шампон за сува коса!

    Green Pharmacy Мицеларен раствор со овес 3 во 1 – 250 ml

    375 ден

    Органски мицеларен раствор за чистење на лице наменет за чувствителна и осетлива кожа склона кон иритации!

    Green Pharmacy Крем за раце со маслиново масло – 100 ml

    225 ден

    Органска крема за раце со маслиново масло за заштита и потхранување на кожата на рацете и ноктите!

    Green Pharmacy Крем за раце со арганово масло – 100 ml

    250 ден

    Органска крема за раце со арганово масло за потхранување и подмладување на кожата на рацете и ноктите!