Прикажани 23 производи

Dr. Hauschka Rose Day Cream 30ml

1,288 ден

Длабински хидрира, смирува, штити и исхранува

Кремот од рози е вистинска класика во Dr. Hauschka козметиката. Негува и ја штити  сувата и чувствителна  кожа склона кон црвенила. Воспоставува рамнотежа помеѓу маснотијата и влагата на кожата. Драгоцените  екстракти од цветовите на роза и  плодовите на дива роза  ја хармонизираат и зајакнуваат структурата на кожата. Ши путер, восокот од рози и маслото од авокадо ја штитат кожата од исушување. Розата, белиот слез и кантарионот ја зајакнуваат и поттикнуваат нејзината сила и регенерација.

За сува, чувствителна кожа склона кон црвенила, за зрела кожа.

Dr. Hauschka Sage Mint Deodorant 50ml

718 ден

Долготрајна свежа  нега

 

Перспирацијата (потењето) е од витално значење, независно дали сме физички или ментално активни. Не ја регулира само телесната температура туку ги отстранува и нечистотиите, формира заштитна киселинска обвивка  како бариера на површината на кожата за да заштити од штетното дејство на микроорганизмите. Нашиот немасен (non-oily) деодорант од жалфија  содржи детелина камењарка и жалфија, и двете познати по своите природни антимикробни карактеристики. Комбинацијата на мирис на минт со букетна нота на жалфија ветува долготрајна свежина. Намерно е изоставена употребата на алуминиумовите соли. Жалфија део ролонот е многу нежен кон кожата и не остава дамки на облеката.

Dr. Hauschka Revitalising Day Lotion 50ml

1,466 ден

Хидратантна нега за блескав и одморен изглед.

Лесната свилена текстура има активен навлажнувачки ефект и ја штити кожата во текот на целиот ден. Формулацијата на врвни ботанички екстракти и масла го стимулира природниот процес на производство на масло и влага на кожата.

Екстрактите од скапоцени лековити растенија од кајсија, морков и кантарион ја активираат бледата и уморна кожа и и даваат еластичност и свеж тен.

Употреба: Секое утро по чистење и тонирање, нанесете рамномерно на лицето, вратот и деколтето.

Лосионот лесно се нанесува, брзо се апсорбира и е идеална основа за шминка.

Dr. Hauschka Melissa Day Cream 30ml

1,281 ден

Ја враќа рамнотежата на комбинираната кожа

 

Кремот од мелиса ја смирува кожата и истовремено помага кожата да ја пронајде својата рамнотежа. Мелисата има централна улога што ја води кожата во состојба на баланс. Мрсниот сјај е контролиран, сувите делови се хидрирани за смирен, блескав тен. Мелиса дневниот крем е идеален производ за чувствителна комбинирана кожа со тенденции кон сувост, маснотија и црвенило.

За комбинирана кожа.

Dr. Hauschka Facial Toner 100ml

1,231 ден

Тоникот за лице ги поддржува природните процеси на чистење и регенерација на кожата, ја намалува видливоста на порите, го урамнотежува односот на хидратација и маснотија на кожата, па кожата изгледа здраво и негувано. Детелината камењарка помага да се сочува рамнотежата, додека хамамелисот ги зајакнува тонусот и еластичноста.

Се препорачува кај нормална, сува и чувствителна кожа.

Dr. Hauschka Quince Day Cream 30ml

1,153 ден

Кремот од дуњи освежува, збогатува и ја штити нормалната, балансирана кожа. Екстрактот од семки од дуња ја задржува влажноста, додека восокот од дуњи формира лесен, заштитен слој кој превенира сувост и одржува хидратантен баланс, истовремено ненарушувајќи го природното дишење на кожата. Композиција од дуњи, јојоба, кајсија и авокадо ја зајакнува кожата.

За нормална кожа.

Dr. Hauschka Soothing Cleansing Milk 145мл

1,288 ден

Млекото за чистење ја отстранува нечистотијата и шминката, ја негува кожата и ја подготвува за понатамошната нега која вклучува тонизирање и заштита. Оваа нежна емулзија е основна нега за чувствителната кожа. Композиција од детелина камењарка, масло од јојоба и масло од бадем, која го одржува природниот заштитен хидролипиден слој на кожата.

За сите типови на кожа.

Dr. Hauschka Soothing Day Lotion 50ml

1,694 ден

За чувствителна кожа склона кон црвенило.

Неговата лесна формула составена од уникатна ботаничка мешавина со дива роза, борач и вркута го смирува црвенилото, ја храни и балансира состојбата на кожата.
Свиленкасто-мазната текстура и овозможува на кожата долготрајна заштита во текот на денот и претставува одлична подлога за шминка.

 

Dr. Hauschka Balancing Day Lotion 50ml

1,596 ден

Балансирачки дневен лосион е нежен флуид за комбинирана, мрсна и кожа склона кон неправилности , кој ја враќа природна рамнотежа на кожата со помош на моќниот антилис.

Свиленкасто-мазната текстура го регулира лачењето на маснотии и ја балансира состојбата на кожата, го намалува сјајот и обезбедува хидратација точно таму каде што е потребно. . Значајните екстракти од антилис, коњско опавче и латинка и даваат на кожата урамнотежена нега и прочистен тен.

Употреба: Секое утро по чистење и тонирање, нанесете рамномерно на лицето, вратот и деколтето.

Dr. Hauschka Foundation 02 almond 30ml

1,288 ден

Dr. Hauschka пудрата го воедначува и балансира тенот без да ја сокрие вашата индивидуална убавина. Хранлива и природно бласкава за сите состојби на кожа: лесна до умерена покриеност која создава беспрекорен тен. Формулација која комбинира минерални пигменти со хранливи ботанички состојки како калинка, масло од макадамија и кокосово масло за да ја заштитат и хидрираат кожата.

Dr. Hauschka Cleansing Cream 50 ml

745 ден

Кремот за чистење не содржи тензиди, длабински ги чисти порите, има нежно ексфолијантно дејство, зајакнува и освежува, ревитализира и овозможува чист тен. Содржи мелен сладок бадем, масло од бадем, масло од пченични никулци и лековити билки кои нежно чистат воедно негувајќи ја кожата.

За сите типови на кожа.

Dr. Hauschka Foundation 03 chestnut 30ml

1,288 ден

Dr. Hauschka пудрата го воедначува и балансира тенот без да ја сокрие вашата индивидуална убавина. Хранлива и природно бласкава за сите состојби на кожа: лесна до умерена покриеност која создава беспрекорен тен. Формулација која комбинира минерални пигменти со хранливи ботанички состојки како калинка, масло од макадамија и кокосово масло за да ја заштитат и хидрираат кожата.

Dr. Hauschka Foundation 01 macadamia 30ml

1,288 ден

Dr. Hauschka пудрата го воедначува и балансира тенот без да ја сокрие вашата индивидуална убавина. Хранлива и природно бласкава за сите состојби на кожа: лесна до умерена покриеност која создава беспрекорен тен. Формулација која комбинира минерални пигменти со хранливи ботанички состојки како калинка, масло од макадамија и кокосово масло за да ја заштитат и хидрираат кожата.

Dr. Hauschka Regenerating Eye Cream 15ml

2,859 ден

Видливо ги намалува  фините линии и брчките

 

Регенеративниот крем за подрачјето околу очите ги поддржува природните процеси на кожата, ги ублажува брчките и превенира предвремено стареење. Композиција од семки од дуња, листови на бреза, црвена детелина, ацерола, волчји трн, драгоцено масло од макадамија, ши путер и бореч ја ревитализираат, штитат и зајакнуваат чувствителната кожа на подрачјето околу очите и ја регулираат нејзината влажност. Со употреба на овој крем се негува зоната околу очите, видливо се намалуваат брчките а кожата станува нежна и витална.

За зрела кожа.

Dr. Hauschka Lip Care Stick

510 ден

Стикот за нега на усни дава идеална заштита на меките и нежни усни. Ши путер, пчелин восок, бадемово масло и детелина камењарка се драгоцените состојки кои ја негуваат и заштитуваат нежната кожа на усните. Стикот за нега на усни дава и блага заштита од сончевото зрачење. Се препорачува и за нега на детски усни. Практичен е за употреба и на патувања. Ги прави усните негувани и меки.

Dr. Hauschka Eye Balm 10ml

1,519 ден

Смирува, храни и заштитува

 

Овој богат балсам ја негува и штити нежната кожа во подрачјето околу очите и е составен дел од утринската нега. Посебно се препорачува за нега на кожа подложна на сушење, прерано стареење и брчки. Композиција со пчелин восок, детелина камењарка, морков, неем, какао путер, свила и масло од семки од кајсија, кои ја зајакнуваат кожата  во пределот околу очите, ги намалува брчките и ја штитат кожата од надворешни влијанија.

За сите состојби на кожа.

Dr. Hauschka Regenerating Neck and Décolleté Cream 40ml

2,590 ден

Обликува, видливо тонира и зацврстува

 

Регенеративниот крем за врат и деколте ја обновува виталноста на кожата, го одржува тонусот. Композиција со слез, листови на бреза, црвена детелина, масло од макадамија и арган ја штити кожата, ревитализира, интензивно негува и помага да ја задржи својата влажност. Регенеративниот крем за врат и деколте ја обединува моќта на квалитетени природни состојки (богати со есенцијални масни киселини и антиоксиданси), брзо се впива од кожата и има нежен мирис.

За зрела кожа

Dr. Hauschka Regenerating Day Cream 40ml

2,782 ден

Го зајакнува тонусот и видливо ги намалува брчките

 

Регенеративниот дневен крем ја поттикнува природната регенерација на кожата и нејзината еластичност, ја балансира влажноста на кожата и дава чувство на мекост. Мирисна богата кремаста композиција која содржи црвена детелина, разделниче (надавка), ацерола, латици од роза, масло од авокадо, масло од семки од малина и ши путер, кои и даваат заштита на кожата во текот на целиот ден и ги задоволуваат сите потреби на кожата за регенерација.

За зрела кожа.

Dr. Hauschka Regenerating serum 30ml

2,859 ден

Обновува, ревитализира и ја тонизира зрелата кожа

 

Регенеративниот серум на зрелата кожа и дава чувство на виталност и го зајакнува нејзиниот тонус. Композиција на екстракт од семки на дуња ја регулираат влагата, додека црвената  детелина богата со изофлавони и виталната  билка бриофилиум  ги поттикнуваат регенерирачките процеси на кожата. Овој немасен серум наменет е за ноќна и дневна нега на зрела кожа, која видливо ја ревитализира, ги ублажува брчките и ја прави свежа и цврста. Ја смирува чувствителната кожа склона кон црвенило.

За зрела кожа.

Dr. Hauschka Revitalising Mask 30ml

1,730 ден

Маската за ревитализација ја чува влажноста и ја поттикнува сувата кожа на сопствена регенерација, ја смирува чувствителната кожа, ја омекнува грубата кожа и помага во намалување на проширените пори и дамки. Исклучително помага и за иритирана кожа од сонце. Дуњата, детелина камењарка и камилицата ја поттикнуваат активноста на кожата и помагаат да се зачува хидратацијата. Квалитетните растителни  масла од јојоба, семки од кајсија и пченични никулци ја чистат кожата и ја подобруваат нејзината состојба, па таа станува освежена и воедначена.

Dr. Hauschka Daily Hydrating Eye Cream 12.5ml

1,525 ден

Видливо ги намалува фините линии и брчките

 

Благодарение на своето хидратантно и ревитализирачко дејство, овој производ идеално ја дополнува дневната нега на кожата. Ананасот, водата од рози, белиот слез и невенот делуваат освежително, ја хидрираат и смируваат кожата. Драгоцените растителни масла од авокадо, макадамија и волчји трн даваат исклучителна нега во зоната околу очите, дренираат, го зајакнуваат тонусот и ја прават кожата мека и мазна.

За сите состојби на кожа.

Dr. Hauschka Clarifying Day Oil 18ml

1,199 ден

Ја балансира мрсната и нечиста кожа

 

Прочистувачкото масло и праќа сигнали на кожата да го намали лачењето на себум. Кожата е водена во балансирана состојба и со секојдневна употреба се враќа нејзината природна убавина. Високо квалитетните масла и екстракти ја смируваат и штитат кожата, се намалува прекумерното лачење на себум, се намалуваат воспалителните процеси, се отстрануваат дамките и проширените пори.

За мрсна кожа склона кон неправилности.

Dr. Hauschka Rose Day Cream Light 30ml

1,288 ден

Хидрира и смирува

 

Идеален производ за дневна нега на нормална, сува и чувствителна кожа. Комбинација на роза, бел слез и детелина камењарка ја зајакнуваат кожата и ја поттикнуваат нејзината животна сила. Драгоцена водичка од роза, розин восок и екстракт од роза ја хармонизира и ревитализира кожата. Авокадо, корен од слез, сусамово масло и бадемово масло и помагаат на кожата да ја задржи својата влажност.

За нормална, сува и чувствителна кожа.