Прикажани 84 производи

    Multi Essence Магнезиум 400+Б комплекс

    255 ден

    Ќеси за директна употреба

    Sattwa влажни марамчиња за отстранување на шминка

    39 ден

    За кожата да остане свежа и нежна во текот на целиот ден, треба да се грижиме за нејзината природна влажност уште при чистењето и при отстранувањето на шминката. Влажните марамчиња за отстранување шминка Sattwa лесно ги отстрануваат шминката од кожата и онечистувањата од надворешната средина, грижејки се за природната влажност на кожата.

    Влажните марамчиња Sattwa во својот состав не содржат алкохол и се збогатени со Д-пантенол и со витамин Е.

    Комбинацијата на вградените активни состојки во лосионот, Д-пантенол и витамин Е, обезбедува идеална нега и хидратација на кожата. Д-пантенолот ја регулира влажноста на површината на кожата и не дозволува нејзино сушење истовремено помагајки ја нејзината регенерација. Како антиоксиданс, витаминот Е ја штити кожата од надворешни влијанија и го забрзува обновувањето на оштетените делови на кожата предизвикани од дејството на слободните радикали.

    Со марамчињата Sattwa, кожата е темелно исчистена од нечистотиите и од шминката.

    Влажните марамчиња Sattwa се дерматолошки тестиран производ од соодветна институција во ЕУ.

    Производот е дерматолошки тестиран

    Becutan пена за миење рачиња и лице

    100 ден163 ден

    Пената за миење рачиња и лице Becutan е особено блага формулација на течен сапун, спакуван во посебен тип амбалажа кој овозможува создавање креместа пена при секое истиснување на содржината. На овој начин секојдневната рутина на миење раце и лице ќе стане забавна навика за дечињата и сето тоа придружено со препознатливиот мирис на Becutan!

     

    Becutan пелени

    535 ден642 ден

    Меки,еластични,без странично протекување,аеро пропустливи и со голема апсорбција

    Витамин А+Д Алкалоид капсули

    195 ден

    Меки желатински капсули за возрасни и деца

    Ацерола Алкалоид 40mg таблети за џвакање со вкус на јагода

    312 ден

    ВИТАМИН Ц ТАБЛЕТИ ЗА ЏВАКАЊЕ ЗА ДЕЦА, 30

    Ацерола Алкалоид за деца содржи 40 mg природен витамин Ц од плод на ацерола во една таблета. Витамин Ц како додаток во исхраната придонесува за нормален метаболизам за создавање енергија, нормална функција на имунолошкиот и нервниот систем, подобра апсорпцијата на железо во организмот, нормалното создавање колаген и за нормално психолошко функционирање.

    Becutan инстант чај од сладок анасон

    142 ден231 ден

    Инстант чај за доенчиња и мали деца за подобро варење на храната.

    Алкалоид Билни капки од Коприва 30ml

    145 ден

    БИЛНИ КАПКИ ОД КОПРИВА

    Билните капки претставуваат екстракт од лист од коприва којшто содржи активни компоненти што придонесуваат за подобрување на функцијата на уринарните патишта. Тие помагаат во подобрување на функцијата на зглобовите, како и во подобрување на состојбите на сезонска алергија од различна етиологија.

    Ацерола Алкалоид 500mg таблети за џвакање со вкус на цреша

    365 ден

    Една таблета содржи 500 mg природен витамин Ц добиен од ацерола, цреша од Барбадос.

    Becutan детски сапун со лаванда 90g

    34 ден

    Детски тоалетен сапун со екстракт од лаванда со смирувачко дејство

    BECUTAN Прашоци за подготовка електролити за доенчиња,деца и возрасни

    28 ден

    Прашок со сладок анасон

    Прашок со камилица и маточина

     

    Becutan омекнувач за алишта

    255 ден320 ден

    Благата формулација на новиот Becutan омекнувач за алишта, збогатена со екстракт од алое вера, ги облагородува ткаенините подарувајќи им нежно чувство на свежина и мекост. Екстрактот од алое вера го прави производот погоден и за лица со чувствителна кожа. Производот е дерматолошки тестиран.

    BLACK UP Крем за сончање SPF 30 100 ml

    269 ден

    Содржи комбинација на УВА- и УВБ-филтри, масла, витамин Е, Д-пантенол и ши-путер. Овозможува долготрајна заштита на вашата кожа за време на сончањето и воедно ја штити кожата од иритации, изгореници и од исушување, притоа правејќи ја мека и еластична.

    Вградените филтри овозможуваат висока заштита (СПФ 30) од штетното дејство на УВА- и на УВБ-зраците во текот на сончањето.

    Присуството на витаминот Е ја подобрува хидратацијата на кожата, која е од исклучителна важност во летниот период. Исто така, со своето антиоксидативно дејство учествува во неутрализацијата на штетните слободни радикали, со што ја заштитува кожата од предвремено стареење.

    Содржи комбинација на масла кои дејствуваат емолиентно (омекнувачки) и ја подoбруваат еластичноста на кожата.

    Д-пантенолот дејствува хумектантно (навлажнувачки) и го спречува прекумерното губење влага од кожата за време на сончањето.

    Ши-путерот е познат и уште како карите-путер. Тоа е екстракт кој содржи комбинација на сложени масти и масни киселини (арахидонска киселина, олеинска, линолна, линоленска, стераинска и цинаминска киселина). Самиот екстракт е богат и со витамините Ц, Д, А, Е и Ф. Присуството на овие витамини во производот е многу значајно за одржување здрава кожа особено кога е прекумерно изложена на сонце. Екстрактот дополнително придонесува за регенерирање на кожата, за смирување на иритациите и за подобрена хидратација на кожата, што е особено значајно за време на сончањето.

    Дерматолошки тестиран.

    Наменет е за сите типови кожа.

    Начин на употреба: Се нанесува рамномерно на кожата половина час пред изложување на сонце и по секое капење.

    Sattwa regenerative night cream -10%

    Sattwa регенративен крем за ноќ 55ml

    447 ден

    Богат хранлив крем кој и помага на кожата да ја задржи потребната влага додека организмот се одмора и да ја подобри интеграцијата на колагенот во структурата на кожата. Содржи колаген, еластин, витамин Е, Д-пантенол и масло од авокадо кои ги регенерираат клетките и на кожата и го враќаат тоа што го изгубила во текот на денот.

    Производот е дерматолошки тестиран.

    Becutan Kids Vits Мултиомега 3 сируп

    635 ден

    Сируп со вкус на тропско овошје

    Ecosal средство за дезинфекција

    257 ден260 ден

    Ecosal 10% раствор и Ecosal forte раствор за дезинфекција на раце

    -15%

    Becutan детски крем

    98 ден180 ден

    крем за интензивна нега на детската кожа по целото тело

    BLACK UP Крем за сончање за лице SPF 30 50 ml

    193 ден

    Содржи комбинација на УВА- и УВБ-филтри, витамин Е, Д-пантенол и екстракт од алое вера. Вградените состојки овозможуваат висока заштита на лицето од УВА- и од УВБ-зраците во текот на сончањето, а истовремено ја заштитуваат кожата од изгореници и од црвенило.

    УВА- и УВБ-филтрите се висококвалитетни хемиски филтри кои имаат способност да ги апсорбираат УВ-зраците и на тој начин ја заштитуваат кожата од штетните УВ-зраци. Нивното дејство е појачано со механички филтер УВА/Б со широк спектар на дејствo и е особено препорачлив за осетлива кожа.

    Кремот е збогатен со екстракт од алое вера, кој ѝ дава дополнителна влажност на кожата.

    Содржи Д-пантенол, којшто е моќен навлажнувач и продира сѐ до долните слоеви на кожата, и витамин Е, којшто има големо антиоксидативно дејство.

    Дерматолошки тестиран.

    Наменет е за сите типови кожа.

    Начин на употреба: Се нанесува на сува кожа, 15 минути пред изложување на сонце и по секое капење. Може да се користи повеќе пати во текот на денот

    Becutan инстант чај од сладок анасон и камилица

    119 ден190 ден

    Инстант чај за подобрување на варењето на храната со смирувачко дејство

    Multi Essence Витамини и Минерали таблети за возрасни

    410 ден

    Трислојните таблети MULTI ESSENCE Витамини и минерали за возрасни, ја обезбедуваат потребната количина витамини и минерали, со цел да се задоволат зголемените потреби на организмот. Витаминот Ц, витаминот Б1, витаминот Б2, витаминот Б6, витаминот Б12, ниацинот, пантотенската киселина, биотинот, калциумот, магнезиумот, железото, манганот, бакарот, јодот и фосфорот придонесуваат за нормално искористување на енергијата. Витаминот Ц, …

    Lunterba plus Alkaloid tablets -15%

    Лунерба плус таблети

    238 ден

    Лунерба плус таблети со мелатонин за здрав сон.

    Алкавит Фолна Киселина таблети

    115 ден

    ДЕЈСТВО АЛКАВИТ фолната киселина е неопходна за синтеза на нуклеопротеините и за хематопоеза. По ресорпцијата, фолната киселина брзо се редуцира на позициите 5, 6, 7 и 8 во својот активен метаболит-тетрахидрофолна киселина (фолинска киселина). Тетрахидрофолната киселина претставува коензим за различни метаболни процеси како што се: синтеза на пуринските и пиримидинските нуклеотиди, односно синтеза на DNK, …

    Ацерола Алкалоид 180mg таблети за џвакање со вкус на портокал

    317 ден

    АЦЕРОЛА АЛКАЛОИД содржи природен витамин Ц добиен од ацерола, цреша од Барбадос.

    Becutan шампон за деца

    127 ден205 ден

    Becutan шампон за деца во пакување од 200ml и 400ml

    Good Nature Детокс Микс 20 ќесички х 2 гр

    99 ден

    Чајна мешавина која поволно дејствува за детоксикација на организмот

    Чајната мешавина се состои од лист од нане, плод од бел трн, корен од глуварче, плод од сладок анасон, од лист од магдонос, цвет од бозел, лист од орев, лист од мечкино грозје и од сладок корен. Билките поволно дејствуваат за детоксикација на организмот исе препорачува чајот да се пие трипати на ден, незасладен.

    Ве молиме задолжително да го прочитате упатството за користење на чајот, кое се наоѓа на амбалажата,а за дополнителни информации консултирајте се со својот лекар или фармацевт.

    Becutan Крем за сончање SPF 50 75ml

    348 ден
    • содржат УВА- и УВБ–филтри, кои обезбедуваат сигурна заштита за бебешката и детска кожа од ултравиолетовите зраци.

    Покрај заштитата од штетното влијание на сончевите зраци, овие производи имаат својство и да ја негуваат кожата.

    Becutan Млеко за после сончање 175ml

    360 ден

    Млекото Becutan за по сончање (Becutan After Sun Milk) е идеално за враќање на влажноста на кожата по нејзиното изложување на сонце. Брзо се впива, а големиот процент вода што го содржи интензивно ја навлажнува кожата.

    Becutan Sensitive ointment with fish oil, 25 ml

    205 ден

    Содржи висок процент на рибино масло богато со витамин А, неопходен за правилно формирање на епидермисот и одржување на физиолошката функциjа на кожата.

    Се препорачува за:

    нега и заштита на бебешката кожа;
    заштита на кожата од поjава на осип и иритациjа во пределот на пеленската региjа;
    нега на кожа склона кон сушење, пукање и лупење;
    превенциjа од поjава на црвенило по кожата, предизвикано од триење и од потење;
    нега на кожата по сончање.

    BLACK UP Масло за сончање SPF 6 150 ml

    360 ден

    Вградените филтри овозможуваат ниска заштита (СПФ 6) од штетното дејство на УВА- и на УВБ-зраците, а неговите дополнителни состојки, како каротенското масло, ја овозможуваат потребната нега на кожата во текот на сончањето.

    Содржи масло од морков кое е богато со β-каротен, витамини А и Е и провитамин А.

    Витаминот А овозможува подобрена регенерација на кожата и подобрена хидратација, што е особено важно при сончањето.

    Бета-каротенот како пигмент го олеснува добивањето на бронзениот тен.

    Дерматолошки тестиран.

    Наменет е за сите типови кожа, но се препорачува за лица со потемен тен чијашто кожа не е лесно подложна на изгореници.

    Водоотпорен.

    Начин на употреба: Маслото се нанесува повеќе пати во текот на сончањето.

     

    Becutan спреј против убод од инсекти

    295 ден

    Спрејот Becutan против убоди од инсекти во својот состав содржи активна компонента која ги одбива инсектите, односно ги спречува да се приближат до кожата на човекот, а со тоа ги спречува убодите.

    Proculin Plus капсули – 30 Капсули

    635 ден

    Капсули за одржување на нормален вид

    Proculin Lens travel pack раствор за леќи

    205 ден

    Повеќенаменски раствор за дезинфекција, зачувување, чистење, хидратација, подмачкување, плакнење и за отстранување на протеинските наслаги, за сите видови контактни леќи, вклучувајќи и силиконски леќи со хидрогел. Се препорачува за чуствителни лица кои се склони кон суви очи.

    Multi Essence Витамини и Минерали за возрасни

    598 ден

    Ќесички за директна употреба со вкус на јагода, ванила и брусница

    Диастоп пробио капсули

    235 ден

    Пробиотик за здрав дигестивен систем и добар имунитет

    Becutan масло со лаванда – 200ml

    150 ден

    Збогатено со природно масло од лаванда по потекло од хрватскиот остров Хвар – традиционално познат како извор на едно од најквалитетните масла од лаванда – новото масло Becutan не содржи парфеми, а неговиот благопријатен смирувачки мирис е резултат единствено на внимателно одбраната комбинација од ароматични компоненти.

    Употребата на маслото Becutan со лаванда при блага масажа по вечерното капење ќе придонесе за уште помирен сон на најмалите, чија кожа ќе ги задржи мекоста и нежниот мирис со смирувачко дејство и во текот на спиењето.

    Новото масло Becutan е одличен избор и при масажи за опуштање кај возрасните, како еден од сè попопуларните начини за ослободување од секојдневниот замор и стрес.

    Becutan детска витаминска маст

    95 ден230 ден

    Маст за секојдневна нега на бебешката кожа, особено во пределот што е покриен со пелена и во пределот каде што се формираат превои.

    Good Nature Лакта микс

    199 ден

    ЧАЈНА МЕШАВИНА КОЈА ПОМАГА ЗА ЗГОЛЕМЕНО ИЗЛАЧУВАЊЕ МАЈЧИНО МЛЕКО КАЈ ДОИЛКИ

    Светската здравствена организација силно го препорачува доењето како идеална храна за новороденчињата и за доенчињата. Водени од грижата за најмилите, сите состојки на овој чај ги одбравме со особено внимание, пред сè, за да бидат безбедни за здравјето на мајката и на доенчето.

     

    „Лакта микс“ содржи мајчина душица, плод од ким, плод од сладок анасон, семе од грчко семе и лист од маточина. Оваа чајна мешавина помага за зголемено излачување мајчино млеко кај доилките.

    Со особена грижа за вашите најмили.

    Good Nature Енерго Ц – Чајна мешавина со додаден витамин Ц

    92 ден

    ДОДАДЕТЕ ДОЗА ЕНЕРГИЈА ВО СВОЕТО СЕКОЈДНЕВИЕ

    Подгответе се за новата билна мешавина од Good Nature – чајот Енерго Ц. Грижливо одбрани

    билки збогатени со витамин Ц, антиоксиданс неопходен за активно секојдневие.

    Оваа билна мешавина содржи цвет од хибискус, плод од шипка, кора од портокал, корен од

    ѓумбир (10 %) и природна арома која содржи витамин Ц.

    Коренот од ѓумбир има стимулирачки својства кои помагаат во одржувањето на нивото на

    енергија и кои го намалуваат заморот.

    Витаминот Ц е една од суштинските состојки за секој организам, придонесува за намалување на

    заморот, намалување на исцрпеноста и за нормален енергетски метаболизам.

    Co 1 просечна порција = 200 ml приготвен чај ќе внесете 15 % од препорачаното дневно внесување

    на витамин Ц.

    Кога се чувствувате исцрпено и без енергија, дозволете си шолја чај Енерго Ц и уживајте во

    богатата мешавина од вкусови и од мириси, која ќе ги разбуди сите ваши сетила!

    Овој чај може да го консумирате како топол напиток или со додавање коцки мраз да го

    приготвите како ваше дневно ладно освежување. Начинот на приготвување може да го најдете на

    самото пакување.

    Becutan Sensitive – Mild baby shampoo

    307 ден

    Содржи активна состојка на база на маслиново масло која има улога на емолиенс за длабока хидратација формирајќи филм кој интензивно ја потхранува кожата на главчето, а истовремено го регулира и себумот на главата.

    Блага формулација за очите која не предизвикува иритација и солзење. Производот има сертифицирана “no tears” формула докажана преку клиничка студија за офталмолошка подносливост, спореведена во Италија (EU) под надзор на тим од дерматолози и од офталмолози.

    BLACK UP Крем за сончање со антицелулитен ефект 2 во 1 SPF 15 150 ml

    405 ден

    Кремот за сончање BLACK UP со антицелулитен ефект е идеална комбинација на активни компоненти, кои овозможуваат заштита од штетните сончеви зраци и паралелен антицелулитен ефект.

    Вградените филтри овозможуваат средна заштита (СПФ 15) од штетното дејство на УВА- и на УВБ-зраците во текот на сончањето.

    Присуството на витаминот Е ја подобрува хидратацијата на кожата, која е од исклучителна важност во летниот период. Исто така, со своето антиоксидативно дејство учествува во неутрализацијата на штетните слободни радикали, со што ја заштитува кожата од предвремено стареење.

    Содржи комбинација на емолиенти (омекнувачи), кои ја подoбруваат еластичноста на кожата.

    Присуството на хумектанси (навлажнувачи) го спречува прекумерното губење влага од кожата за време на сончањето.

    Антицелулитниот комплекс има активно дејство врз целулитот и ја намалува акумулацијата на масти во поткожното ткиво.

    Кремот за сончање BLACK UP со антицелулитен ефект е составен од: Природен изофлавон, добиен од зрната на соја. Тој има моќно антицелулитно дејство и го инхибира формирањето нови адипоцити (клетки специјализирани за складирање на маснотиите), па на тој начин ги намалува масните наслаги. Воедно, го забрзува создавањето на колагенот и го подобрува ефектот на затегнатост, јачина и на мазност на кожата.

    Кофеин – придонесува за намалување на масните наслаги преку стимулирање на клеточниот метаболизам.

    Карнитин – ги намалува масните наслаги на тој начин што го помага нивното метаболизирање и претворање до незаситени масни киселини, коишто организмот може да ги искористи. Така се блокира процесот на таложење на заситените масни киселини во клетките и формирањето масни наслаги.

    Екстракт од спирулина (Spirulina platensis) – богат е со протеини, минерали и со витамини. Ја подобрува исхраната на клетките во кожата поради што таа добива ефект на затегната и цврста кожа (firming effect).

    Кремот е збогатен и со состојки кои го дополнуваат ефектот на антицелулитниот комплекс и синергично дејствуваат на намалување на целулитот и на масните наслаги:

    Екстракт од див костен (Aesculus hippocastanum) – ја подобрува циркулацијата на местото на апликација, што е многу битно за да се постигне добар антицелулитен ефект.

    Екстракт од шимширика (Ruscus aculeatus) – се одликува со вазоконстрикторен ефект и со диуретски својства, па помага во затегнувањето на кожата и во исфрлањето на вишокот течности.

    Дерматолошки тестиран.

    Наменет е за сите типови кожа, но не се препорачува за лица со светол тен чијашто кожа е лесно подложна на изгореници.

    Начин на употреба: Кремот се нанесува на критичните делови на кожата 30 минути пред изложување на сонце и по секое капење.

     

     

    BLACK UP Млеко за сончање SPF 20 200 ml

    387 ден

     

    Содржи комбинација на УВА- и УВБ-филтри, масла, витамин Е и Д-пантенол. Овозможува долготрајна заштита на вашата кожа за време на сончањето и воедно ја штити кожата од иритации, изгореници и од исушување, притоа правејќи ја мека и еластична.

    Вградените филтри овозможуваат средна заштита (СПФ 20) од штетното дејство на УВА- и на УВБ-зраците во текот на сончањето.

    Присуството на витаминот Е ја подобрува хидратацијата на кожата, која е од исклучителна важност во летниот период. Исто така, со своето антиоксидативно дејство учествува во неутрализацијата на штетните слободни радикали, со што ја заштитува кожата од предвремено стареење.

    Содржи комбинација на масла кои дејствуваат емолиентно (омекнувачки) и ја подoбруваат еластичноста на кожата.

    Ши-путерот е познат и уште како карите-путер. Тоа е екстракт кој содржи комбинација на сложени масти и масни киселини (арахидонска киселина, олеинска, линолна, линоленска, стераинска и цинаминска киселина). Самиот екстрак е богат и со витамините Ц, Д, А, Е и Ф. Присуството на овие витамини во производот е многу значајно за одржување здрава кожа особено кога е прекумерно изложена на сонце. Екстрактот дополнително придонесува за регенерирање на кожата, за смирување на иритациите и за подобрена хидратација на кожата, што е особено значајно за време на сончањето.

    Д-пантенолот дејствува хумектантно (навлажнувачки) и го спречува прекумерното губење влага од кожата за време на сончањето.

    Дерматолошки тестиран.

    Наменет е за сите типови кожа.

    Водоотпорен.

    Начин на употреба: Се нанесува рамномерно на кожата 20 минути пред изложување на сонце и повеќе пати во текот на сончањето.

     

    BLACK UP Млеко за сончање SPF 15 150 ml

    348 ден

    Содржи комбинација на УВА- и УВБ-филтри, масла, витамин Е и Д-пантенол. Овозможува долготрајна заштита на вашата кожа за време на сончањето и воедно ја штити кожата од иритации, изгореници и од исушување, притоа правејќи ја мека и еластична.
    Оваа комбинација на компоненти овозможува создавање лесна хидрирачка емулзија, која може лесно да се аплицира со помош на пумпичка.

    Вградените филтри овозможуваат средна заштита (СПФ 15) од штетното дејство на УВА- и на УВБ-зраците во текот на сончањето.

    Присуството на витаминот Е ја подобрува хидратацијата на кожата, која е од исклучителна важност во летниот период. Исто така, со своето антиоксидативно дејство учествува во неутрализацијата на штетните слободни радикали, со што ја заштитува кожата од предвремено стареење.

    Содржи комбинација на масла кои дејствуваат емолиентно (омекнувачки) и ја подoбруваат еластичноста на кожата.

    Д-пантенолот дејствува хумектантно (навлажнувачки) и го спречува прекумерното губење влага од кожата за време на сончањето.

    Дерматолошки тестиран.

    Наменет е за сите типови кожа, но не се препорачува за лица со светол тен чијашто кожа е лесно подложна на изгореници.

    Водоотпорен.

    Начин на употреба: Се нанесува рамномерно на кожата повеќе пати во текот на сончањето и по секое капење.

     

    Becutan инстант чај за добра ноќ

    119 ден190 ден

    Инстант чај од сладок анасон, камилица и маточина

    Becutan пудра за деца 100g

    120 ден

    Бекутан пудра за деца против воспаленија на бебешката кожа

    Becutan течен сапун фраер/трендсетерка

    97 ден

    Сега секој кул фраер и модерна трендсетерка ќе можат да имаат свој, сопствен течен сапун за миење раце.

    Becutan течен детергент и омекнувач

    250 ден

    Со формула избалансирана според високите стандарди на нежната детска кожа, овој 2 во 1 производ е најпрактичното решение за видливите последици од ‘‘динамичните активности‘‘ на нашите најмили.

    Becutan шампон и пенливо 2 во 1

    135 ден235 ден

    Идеална комбинација на два производa за нега и за хигиена на детската кожа и коса во еден чекор.

    Multi Essence Витамини и Минерали за возрасни 50+

    452 ден

    Мултивитамински таблети за возраст над 50 години

    Диастоп директ ќеси со пробиотик

    262 ден

    Микрогранули за пиење за директна употреба со вкус на малина и јагода

    Биокрил Актив 500mg крилово масло

    440 ден

    Меки желатински капсули со масло од крил

    Becutan Multivitamin sirup мултивитамински сируп

    250 ден

    Мултивитамински сируп за деца со вкус на портокал

    Becutan масло за деца

    150 ден

    За нега на бебешката кожа и кожата на идните мајки

     

    Becutan хидратантно млеко за деца

    135 ден209 ден

    Млеко за тело Becutan збогатено со состојки што брзо ја рехидратираат детската кожа по капењето и ја урамнотежуваат нејзината влажност.

    Dezintal 0.2% benzalconium chloride -11%

    Dezintal раствори за дезинфекција

    69 ден210 ден

    средства за дезинфекција со бензалкониум хлорид

    Becutan влажни марамчиња

    49 ден115 ден

    Бекутан влажни марамчиња

    Becutan детски крем со бадем

    320 ден

    Becutan детскиот крем со бадем е крем наменет за секојдневна нега на бебешката и детска кожа, чиj состав, во својата содржина, се базира на масло од бадем. 50ml,100ml,200ml

    Becutan хидратантна крема -15%

    Becutan хидратантна крема

    115 ден149 ден

    Хидратантна крема за нега на кожа 100ml и 200ml

    Alkaloid Бил-ол капки

    165 ден

    Капките Бил-ол претставуваат течен раствор наменет за инхалација, , којшто како активна компонента содржи мешавина од ментол и испарливи етерични масла. Топлата пареа од Бил-ол ја влажни надразнетата слузница на дишните патишта и помага за смирување на кашлицата предизвикана од дразнење на грлото, душникот и на бронхиите.

     

    Етеричните масла и ментолот во капките Бил-ол имаат противбактериско, противвоспалително, спазмолитично (против грчеви), аналгетично (против болка) и експекторантно (за искашлување/ исплукување) дејство.

     

    Капките Бил-ол се препорачуваат:

     

    • за олеснување на симптомите на настинка;
    • при воспаление на слузницата на носот и на синусите;
    • при затнатост на горните дишни патишта;
    • за олеснување на искашлувањето на густиот секрет;
    • за олеснување на симптомите на главоболка.

    Good Nature Релакс Б3 /Б6 – Чајна мешавина со додадени витамини Б3 и Б6

    92 ден

    ЗА ОПУШТЕН, БАЛАНСИРАН И ХАРМОНИЧЕН ДЕН

    Чајот Релакс Б3 /Б6 претставува мешавина од специјално одбрани билки, која е збогатена со

    витамините Б3 и Б6 , што ја прави одличен додаток во вашиот ритуал за релаксација во секој дел од

    денот.

    Цветот од лаванда и цветот од липа придонесуваат за релаксација на целото тело, додека, пак,

    листот од матoчина придонесува за нормално когнитивно и ментално здравје, има релаксирачки

    ефект и придонесува за квалитетен и за мирен сон.

    Витамините Б3 и Б6 придонесуваат за нормална фунција на нервниот систем.

    Оваа билна мешавина содржи цвет од камилица, лист од маточина (27 %), цвет од липа (13 %),

    цвет од лаванда (13 %) и природна арома која содржи витамин Б3 и витамин Б6.

    Co 1 просечна порција = 200 ml приготвен чај ќе внесете 15 % од препорачаното дневно внесување

    на витамините Б3 и Б6 .

    Чајот Релакс Б3 /Б6 е секогаш добредојден за вас и за вашето тело, а може да се консумира топол

    или студен во кој било момент кога ви се потребни спокој и релаксација.

    Good Nature Алкалакс чај филтер 20 ќесички x 1гр

    75 ден

    Чајот содржи лист од сена или популарно кај народот познат како мајчин лист. Листот од сена е најчесто користен растителен лаксатив, кој придонесува за нормално празнење на цревната содржина. Листот од нане ја намалува надуеноста и го олеснува испуштањето на гасовите. Исто така, дејствува спазмолитично, односно ги намалува грчевите во цревата и придонесува за нормално варење на храна.

    Becutan SUN Cream Биби SPF 50, 100ml

    440 ден

    Becutan SUN Cream SPF 50 Bibi – Крем за сончање за деца 100мл.

    Биби СПФ 50 . Се нанесува на сува кожа. Аплицирајте и после капење и потење или бришење со крпа.

    Becutan SUN Cream Биби SPF 30, 100ml

    410 ден

    Becutan SUN Cream SPF 30 Bibi – Крем за сончање за деца 100мл.

    Биби СПФ 30 . Се нанесува на сува кожа. Аплицирајте и после капење и потење или бришење со крпа.

     

    Black Up Антипигментен крем SPF 50

    799 ден

    Кремот Black up со заштитен фактор 50 и со антипигментен ефект, кој е наменет за дневна нега, овозможува висока заштита на кожата од штетното УВ-зрачење при секојдневното изложување на сонце, особено во летниот период. Комплексната формулација на кремот се заснова на употреба на висококвалитетни фотостабилни хемиски УВ-филтри со широк спектар на дејство, кои ги апсорбираат сончевите УВА- и УВБ-зраци. Моќниот комплекс од активни состојки, меѓу кои нијацинамидот и екстрактот од алое вера, помага во намалувањето на големината на пигментните дамки и во спречувањето појава на нови.

    Becutan Млекото за сончање SPF 30 175ml

    476 ден
    • содржи УВА- и УВБ–филтри, кои обезбедуваат сигурна заштита за бебешката и детска кожа од ултравиолетовите зраци.

    Покрај заштитата од штетното влијание на сончевите зраци овие производи имаат својство и да ја негуваат кожата.

    Becutan Масло за заштита од сонце SPF 30 150ml

    476 ден

    Маслото Becutan SPF 30 ѝ овозможува сигурна заштита на нежната детска кожа од штетното УВ зрачење при секојдневното изложување на сонце, особено во летниот период. Комплексната формулација на маслото се заснова врз употребата на висококвалитетни УВ–филтри, кои ги апсорбираат сончевите УВА- и УВБ-зраци. Иновативната водоотпорна формула со внимателно одбрани состојки овозможува брза и лесна апсорпција на маслото, давајќи ѝ на кожата пријатно кадифено чувство при допир, без појава на мрсен сјај на нејзината површина. Заедно со витаминот Е ова масло ќе ѝ овозможи сигурна заштита на детската кожа.

    Becutan Sensitive Nourishing baby cream

    307 ден

    Комбинација на состојки од природно потекло како што се шеа путер, бадемово масло, глицерин, кои лесно навлегуваат во површинските слоеви и овозможуваат длабока хидратација на бебешката кожа.

    Во комбинација со емолиентите учествуваат во одржување и заштита на површинскиот слој на кожата и придонесуваат за исклучителна нега на цело тело.

    Becutan Sensitive SOS Baby cream

    269 ден

    Кремот содржи уникатна комбинацијата на состојки: ланолин, пчелин восок, глицерин и пантенол, како и цинк оксид, кои имаат синергетско дејство, обезбедувајќи интензивна нега и хидратација на кожата, а воедно ја заштитува кожата од негативните влијанија на надворешната средина како што се ветер и студ.

    Becutan Sensitive SOS кремот погоден е за интензивна нега на кожата, особено во зимскиот период. Збогатен е со масни состојки од природно потекло кои прават филм на кожата при нанесувањето и на тој начин се спречува губитокот на вода од површината на кожата.

    Производот е наменет за одржување на здравиот изглед и нега на исклучително сува и чувствителна кожа која е склона кон сушење и пукање.

    BLACK UP Млеко по сончање 200 ml

    309 ден

    Содржи комбинација на висококавалитетни суровини: витамин Е, бисаболол и алантоин, кои интензивно ја негуваат кожата по сончањето, ја обновуваат и ја враќаат нејзината еластичност.

    Присуството на витаминот Е ја подобрува хидратацијата на кожата, која е од исклучителна важност во летниот период. Исто така, со своето антиоксидативно дејство учествува во неутрализацијата на штетните слободни радикали, со што ја заштитува кожата од предвремено стареење.

    Бисабололот (изолирана активна компонента од камилицата) има противвоспалителни својства, со што дополнително ја заштитува кожата од појава на иритации и на црвенила.

    Д-пантенолот ја регулира влажноста на кожата и не дозволува нејзино сушење.

    За мека и еластична кожа.

    Дерматолошки тестиран.

    За сите типови кожа, а прикладен е и за секојдневна нега на сува и чувствителна кожа.

    Начин на употреба: Поголема количина од млекото се нанесува рамномерно на сува и чиста кожа по сончањето. Доколку е потребно постапката може да се повтори.

     

    MEDICAL Полиалкохолен раствор за дезинфекција на раце

    103 ден104 ден

    Избалансиран состав од алкохоли со докажан, силен микробициден ефект, со нанесени 2-3 ml.
    Дејствува во рок од 30 секунди и не ја оштетува кожата на рацете.
    Дејствува против бактериски соеви како Staphylococcus aureus (MRSA), Mycobacterium tuberculosis, Pseudomonas aeruginosa, Еscherichia coli, Enterococcus faecalis; фунги како Candida albicans и Aspergillus niger; одредени типови вируси како Hepatitis A, B и C, HIV, Rota, Influenza virus, Herpes, SARS CoV1, SV40 и др.
    Соодветен е за хируршка дезинфекција на рацете во медицински установи.

    Medical влажна тоалетна хартија биоразградлива

    79 ден

    Влажната тоалетна хартија Medical е биоразградлива, растворлива во вода и не предизвикува запушување во WC школката, при што се распаѓа и уништува по природен пат. При една употреба може да се фрлат најмногу 3 парчиња влажна тоалетна хартија.

    Medical гел за дезинфекција на раце

    140 ден

    Гелот може да се користи за суво миење на раце. Достапен е во пакување од 400ml.

    Medical антибактериски течен сапун 400ml

    105 ден

    Содржи бензалкониум хлорид кој ги уништува бактериите и го спречува нивниот раст; Внимателно избалансираната pH врадност и оптималната количина глицерин, ја штитат кожата од сушење; Со пријатен мирис на зелено јаболко

    Becutan gift сетови со витез/принцеза

    485 ден

    Becutan светот на принцези и витези од неодамна е збогатен со нови гифт-сетови, кои го содржат сè она што е неопходно за секојдневна нега и заштита на детската кожа.

    Во еден гифт-сет се содржани четири производи кои се наменети за:

    Капење:

    Шампон Becutan 200 мл.

    Пенливо средство за капење Becutan 200 мл.

    Хигиена и нега на кожата:

    Детски крем Becutan 100 мл.

    Влажни марамчиња со камилица 20/1.

    Подарок детско брендирано пешкирче со ликот на витез или со ликот на принцеза.

    Becutan подарок колекција камилица

    608 ден

    Becutan подарок колекцијата камилица содржи:

    Becutan пенливо средство со камилица 200ml

    Becutan шампон со камилица 200ml

    Becutan детски крем 75ml

    Becutan витаминска маст 200ml

    Becutan брендирано пешкирче

    Becutan голема подарок колекција

    990 ден

    Becutan големата подарок колекција содржи:

    Becutan детски крем 50ml

    Becutan детски сапун 90g

    Becutan хидратантно млеко 200ml

    Becutan пенливо средство 200ml

    Becutan шампон 200ml

    Becutan масло 200ml

    Becutan пудра 100g

    Becutan влажни марамчиња со камилица 72/1

    Becutan брендирано пешкирче

    Becutan мала подарок колекција

    460 ден

    Becutan малата подарок колекција содржи:

    Becutan детски крем 50ml

    Becutan детски сапун 90g

    Becutan шампон 200ml

    Becutan пудра 100g

    Becutan влажни марамчиња со камилица 26/1

    Лунерба таблети за спиење

    239 ден

    Природен препарат за подобрување на сонот и блага форма на стрес

    Диастоп за бебиња капки со пробиотик

    536 ден

    Капки со пробиотици против грчеви, проливи и проблеми со варењето на храната кај бебињата.

    Бекутан Kids Vits мултиимуно ќеси

    359 ден

    Мултивитамински прашок со пробиотик за растварање со вкус на портокал.


    Бекутан Kids Vits Б-комлекс

    192 ден

    Б-комплекс сируп со вкус на ананас

    Becutan пенливо средство за капење

    127 ден210 ден

    Пенливото средство за капење Becutan е благо средство наменето за нега на нежната детска кожа. Поради своите хипоалергенски својства, се препорачува за употреба уште од раѓање.

    Becutan детска паста за заби

    97 ден

    Ги штити забите од кариес. Темелно и нежно ги отстранува наслаги од храна на детските запчиња. Има вкус на шумски јаготки.