кафе талог совети
7 Корисни употреби на искористен талог од кафе

Нема ништо подобро од мирисот на свежо мелено кафе наутро (попладне или навечер – во било кое време од денот). Интересен податок е тоа што дури и луѓето кои не го поднесуваат вкусот на кафето честопати го сакаат неговиот мирис. Оваа појава веројатно се должи на хемиската структура на зрната кафе, бидејќи тие содржат многу примамливи мириси (како што се силни, овошни, сластни, цветни ноти и други). Па така, дури и ако не го сакате производот (самото кафе), сепак може да уживате во неговиот нуспроизвод (т.е. мирисот). Но, можеби ќе ве интересира да ги дознаете и другите покорисни нуспроизводи на кафето во коишто може да уживате, а коишто се кријат во неговиот искористен талог!  

Радоста од пренамена на вашата желба за кофеин 

Само за момент помислете на огромната количина талог од кафе којашто секојдневно се фрла во ѓубре, без воопшто претходно да се размисли. Сепак, иако талогот од кафе е искористен, тој не е целосно потрошен! Од него останува уште многу материјал којшто може да го користите за да го подобрите вашиот живот. Им оставаме на продавниците за кафе самите да одлучат што да направат со искористениот талог, но за нас, коишто сме дома, ова е одлична можност да се пренамени стариот талог од кафе на многу нови начини и да послужи низ целиот дом. Покрај тоа, со надополнување на вашиот ритуал за кафе со еден дополнителен чекор, вие ќе станете поеколошки свесни – а тоа е резултат којшто секогаш треба да се слави! 

7 креативни начини за повторна употреба на искористениот талог од кафе во домашни услови 

  1. Неутрализирајте ги неподносливите и силни мириси

Колку прекрасно и да мириса шолја свежо кафе, талогот го задржува мирисот којшто може дополнително да се искористи, дури и откако целосно ќе се потроши. Бидејќи во структурата на талогот од кафе се наоѓа азот, хемикалија којашто впива мириси, тој реагира со јаглеродот од воздухот со цел да се неутрализира непријатниот мирис, со што истиот е одличен природен отстранувач на реа. 

Метод: Со користење на потрошен и исушен талог од кафе, може да ги елиминирате мирисите од: 

  • фрижидерот (ставете го во сад и складирајте го во вашиот фрижидер);
  • ѓубре;
  • рацете (откако ќе исечкате лук и кромид);
  • патиките, спортската торба, фиоките за чорапи, па дури и семејното возило (само спакувајте дел од талогот во внатрешноста на стари врзани чорапи)

 

  1. Природен пилинг за чистење

Заборавете ги хемиските средства за чистење и пробајте шака искористен талог од кафе за отстранување на мрснотиите од садовите и тавите. Талогот од кафе е природно абразивен, така што тој е одлично решение за чистење на површини коишто се тешки за освежување. Исто така, бидејќи има и одредени антивирусни и антибактериски својства, талогот од кафе претставува одличен дезинфекциски удар!  

Метод: Користете стар талог од кафе за чистење на површини како: 

  • мијалници;
  • скари;
  • садови за готвење (тенџериња и тави).

* Избегнувајте употреба на талог од кафе на порозни површини бидејќи може да предизвика дамки.  

  1. Подобрување на почвата и отстранување штетници

Покрај фактот што азотот во искористениот талог од кафе може да помогне во зајакнување на растот на овошјето и зеленчукот, исто така, поради високата киселост на кафето, тој делува како природен инсектицид на бубачки, особено против мушички од овошје, бубачки, комарци, полжави, па дури и болви. 

Метод: Посипете го потрошениот талог од кафе врз почвата околу вашите растенија за да го зајакнете нивниот раст, како и да ги заштитите од штетници. И, доколку вашето домашно милениче не се противи, можете да им направите темелно миење на телото со зрната кафе за да ги отстраните болвите од нив. 

  1. Третирајте ги темните подoчници

Дали знаевте дека талогот од кафе содржи многу кофеин, дури и откако целосно ќе се потроши? Таквиот кофеин, заедно со големата концентрација на антиоксиданси во талогот од кафе, помагаат да се стимулира циркулацијата на крвта за да се намали подуеноста и да се освежи кожата под очите. 

Метод: Темелно измешајте кокосово масло и талог од кафе додека не се добие паста. Нежно нанесете под очите и оставете да отстои 10 минути. Нежно исплакнете ја и исушете ја кожата. Овој процес може да го повторувате секој ден. 

  1. Природен пилинг на кожата

Абразивната структура на искористените зрна кафе совршено функционира како природен пилинг на кожа, додека остатокот од кофеинот и антиоксидансите помагаат да се стимулира протокот на крв, на кое било место од телото, кадешто се прави пилингот. Сето ова, заедно со прекрасниот мирис на кафе, којшто ќе се задржи на вашата кожа, ќе направи секое миење на телото да потсетува на искуство налик на она што може да се доживее во спа центар!  

Метод: Комбинирајте кокосово масло, мед и ванила за двојно дејство на пилинг, како и третман за хидратација на кожата. Ставете ја оваа смеса на телото како мешавина за пилинг, па темелно исплакнете. Овој третман може да го повторувате еднаш до два пати неделно. 

* Користете одводен приклучок за да избегнете запушување на цевките со талог од кафе. 

  1. Стимулирајте раст на косата

Со секојдневната употреба на производи за коса и себум, а истовремено со таложењето на мртви клетки на кожата, може да биде многу корисно од време на време темелно и длабоко да се исчисти косата. Кратката и дебела текстура на искористениот талог од кафе може да ги отстрани мртвите клетки, давајќи ù на косата можност да расте на поздрав начин, додека пак кофеинот помага да се стимулира раст на косата. 

Метод: Чувајте го користениот талог од кафе во тегла во бањата. Еднаш неделно, масирајте шака талог на вашиот скалп со цел да се подмлади косата. Дополнително, масажите на скалпот секогаш предизвикуваат небесно чувство. 

* Користете одводен приклучок за да избегнете запушување на цевките со талог од кафе. 

  1. Намалете ја видливоста на целулитот

Кофеинот мошне често се користи во производи за кожа бидејќи го стимулира протокот на крв и може да навлезе низ бариерата на истата. Исто така, бидејќи помага да се спречи прекумерно таложење маснотии во клетките, се смета за мошне корисно антицелулитно соединение за коешто се верува дека помага да се намали појавата на целулит.  

Метод: Комбинирајте го употребениот талог од кафе со кокосово масло,  правејќи пилинг што се нанесува на местото кадешто е присутен целулитот еднаш до два пати неделно додека се туширате. 

* Користете одводен приклучок за да избегнете запушување на цевките со талог од кафе. 

Овој веб сајт користи веб колачиња. Би сакале да користиме веб колачиња "Cookies", со цел да го подобриме Вашето корисничко искуство на нашиот веб сајт. Ова ни овозможува да го подобриме Вашето идно искуство на нашиот веб сајт. Политика за колачиња
СЕ СОГЛАСУВАМ
не се согласувам