„Лепак кој го држи телото“ Дали знаеме колку е навистина важен колагенот?

Колагенот е најбогатиот протеин во телото. Неговата застапеност игра важна улога за здравјто на коските, мускулите, кожата, косата, ноктите па и срцето. Тој го составува сврзното ткиво околу зглобовите и ја одржува стабилноста на ткивата, поради што го нарекуваат и „лепак кој го држи телото“.

Колагенот е единствената белковина која ги содржи двете аминокиселини кои ги создава нашето тело, а тоа се глицин и пролин.

Како старееме, создавањето на колагенот во нашето тело се успорува. Постепената загуба на овој протеин започнува во доцните 20-ти или раните 30-ти години од животот. Најизразен симптом за намалено присуство на колаген е појавата на брчки. Освен годините и други фактори се причина за намаленото количество на колаген во нашето тело. Изложеноста на сонце, алкохолот и рафинираните шеќери го забрзувааат процесот на стареење и потребно е да се избегнуваат што е можно повеќе.

Поради овие факти, не сме изненадени што колагенот е омилена состојка за спречување на создавањето на брчки и висната кожа која е многу честа појава кај луѓето кои слабеат. Во последно време, колагенот станува омилен додаток и во исхраната, особено кај жените. 

Колагенот е застапен во повеќе видови храна. Храната како извор на разни витамини, минерали и други нутритиенти е одличен избор, но не и доволен. Начинот на живот ни налага да консумираме дополнителн количество на нутритиенти со цел да ги задоволиме потребите на организмот. Добро одбран и квалитетен суплемент е правилен избор за да го надокнадиме загубеното количество колаген, односно да го надокнадиме недостатокот во нашето тело.

Други извори кои го поттикнуваат производството на колаген се: витамин А, витамин Ц, цинк, бакар, и железо. 

Не секој колаген се произведува на ист начин. Бидејќи колагенот произлегува од продуктите од животинско потекло, важно е да оберете колаген од квалитетен извор.

Овој веб сајт користи веб колачиња. Би сакале да користиме веб колачиња "Cookies", со цел да го подобриме Вашето корисничко искуство на нашиот веб сајт. Ова ни овозможува да го подобриме Вашето идно искуство на нашиот веб сајт. Политика за колачиња
СЕ СОГЛАСУВАМ
не се согласувам
САКАШ ПОДАРОК?
Зачленете се на нашата е-маил листа за да добивате ексклузивни известувања за промоции, попусти, нови производи + ќе добиете и подарок!
    ЗАЧЛЕНИ МЕ
    Ја прочитав и се согласувам со Политиката на приватност
    Не благодарам!